Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
ЛоЛ погрешно си ме сФатил. Не сум тајкун не никако, иако имам сериозно инвестиран кеш (за македонски стандарт) ама надвор друже од МК, баш ради 'тајкуниве'. Ако те интересира повеќе што и како пп.

Не ја сфаќам потребата од пишување во приватна порака за работи што не се никаква тајна. Дури и на сите што ќе ми пишат приватно им кажувам да постават прашање на форумот пошо и други засегнати ќе можат да им одговорат и да прочитаат корисни работи.

Инаку, сеа ти ги читав постовите и можам да кажам дека скоро целосно се согласувам со сите.
 
Па пишував јавно ама имаше некој отпор и пркос, затоа намалив со мој мислења
 
Па пишував јавно ама имаше некој отпор и пркос, затоа намалив со мој мислења

Да си само ти, еден куп луѓе се повлекоа од пишување на форумов.
На едните им се замеруваше дека пишуваат негативни коментари и ширеле паника, на други им се замерува дека пишуваат за странски акции затоа што ова бил форум за МСЕ, трети си тераат политика на форумот итн.
Незнам што си мислат само, зар 15 компании на МСЕ секој ден, 365 дена во годината ќе ги анализираме.

Ете, целта е постигната, форумот се исчисти, нема веќе критика и ширење паника, сега може на раат да си гугаат и да си ги пумпаат акциите на МСЕ.
Последица: Последниов месец има просечно по 3 коментари дневно на форумот.
 
Najava za dividenda kaj TNB :)
Ovaa nedela na kraj ili picrtok na naredna doaga KMB polugodishen i ke pokaze kaj ke tera berzava !!
Spored toa kako se dvizat rabotite ocekuvam + 10 do kraj na letoto i pokraj site crni prognozi za septemvri !!!
 
Najava za dividenda kaj TNB :)
Ovaa nedela na kraj ili picrtok na naredna doaga KMB polugodishen i ke pokaze kaj ke tera berzava !!
Spored toa kako se dvizat rabotite ocekuvam + 10 do kraj na letoto i pokraj site crni prognozi za septemvri !!!
Denta kaj tnb? Ozbilno
Автоматски споено мислење:

Najava za dividenda kaj TNB :)
Ovaa nedela na kraj ili picrtok na naredna doaga KMB polugodishen i ke pokaze kaj ke tera berzava !!
Spored toa kako se dvizat rabotite ocekuvam + 10 do kraj na letoto i pokraj site crni prognozi za septemvri !!!
Denta kaj tnb? Ozbilno
 
Еве уште еден колумнистички пост. Ако некогаш треба да напишам книга, само ќе си ги прекопирам постовите од форумов напишани за различни општествени проблеми :cujte:

Се наоѓаме во период кога треба да видиме кој ќе ни ја управува државата во следните четири години, па ова е одличен момент да подразмислиме малку колкава е цената на неспособноста. Факт е дека во претходните 27 години од постоењето на државата на највисоки позиции сме имале неспособни и корумпирани луѓе коишто управувале со општествените ресурси нѐ довеле до ова дереџе да станеме трета најсиромашна држава во Европа и веројатно во први пет според нефункционалноста на институциите. Многу подобри резултати би остварувале доколку на нивно место сме имале чесни и способни луѓе затоа што така не би го платиле опортунитетниот трошок на негативнатата селекција во општеството.

Овој опортунитетен трошок најлесно може да се прикаже на примерот на пензиските фондови затоа што веќе имам пишувано на таа тема, а и разликата многу лесно се квантифицира. Доколку се анализира какви луѓе се вработени во овие фондови за плати од 50.000-250.000 денари, веројатно ќе се испостави дека ниту еден не е примен на регуларен конкурс според знаења и способности туку исклучиво преку непотизам и клиентелизам. Како резултат на тоа, во еден од претходните постови пресметав дека за периодот на инвестирањето, пензиските фондови секоја година остварувале околу 5% полош принос од референтниот индекс МБИ10, а јас сум остварувал 20% повисок. Тоа значи дека секоја година во текот на 12 години сум имал споредливо 25% повисок годишен поврат од нив.

Сума којашто би можел без проблем самостојно да ја управувам се 5 милиони евра, па еве да видиме како би изгледала разликата за случај на управување со 300.000.000 денари во рок од 10 години. Пензиските фондови во просек остварувале по околу 5% поврат, односно за 10 години би ги зголемиле 1,05^10 пати, односно би направиле 489.000.000 денари. Истите пари јас би ги зголемувал со 30% поврат, односно за 10 години би ги зголемил 1,30^10 пати, т.е. за идните пензионери би направил 4.135.000.000 денари.

Меѓутоа, јас сум работел со помала сума и сигурно со износ од 300.000.000 денари не би можел да остварувам 25% поголем годишен поврат од нив. Конзервативно претпоставувам дека би бил барем за 15% подобар, такашто со годишен поврат од 20% парите би ги зголемил 1,20^10 пати, односно, за идните пензионери би направил 1.857.000.000 денари.

Оваа услуга на општеството би му ја извршил за скромна плата од само 300.000 денари нето, т.е. околу 5.400.000 денари бруто годишно, односно 54.000.000 за десетте години.

Па така, фондовите на тие 300.000.000 денари за десет години би им заработиле на идните пензионери 189.000.000 денари, а јас 1.500.000.000 денари, т.е. скоро 8 пати повеќе. Ете, опортунитетниот трошок на негативната селекција само на ова поле е 22 милиони евра!

Меѓутоа, ова е само еден мал сегмент од општеството и за само десетгодишен период, па размислете само колку многу сме изгубиле што за 27 години во сите области нѐ управуваат корумпирани и неспособни луѓе какви што никој никогаш не би вработил во своја приватна фирма, а кои поради вкоренетата негативна селекција конзистентно доспеваат на највисоки општествени позиции. Износот сигурно бил десетина милијарди евра!

И во следниот четиригодишен мандат најверојатно поради корупција, партократија, непотизам, клиентелизам и негативна селекција во општествените институции ќе изгубиме барем уште 2 милијарди евра!
 
Mислам дека веќе сите овде знаат дека инвестивциски фондови се катастрофа. Да беа ОК немаше да купувам директно акции јас и речиси сите тука.
Да заклучиме.
1. Убави ти се постовите
2. Инвестициски фондови се срање
3. Депозити денарски и евро се срање
4. Осигурителни полиси се срање
5. Пензиски фондови се срање
За друго може да споредуваме и дискутираме..
Овој новинарски натпис не кореспондира со твоево размислување,да образложиш зошто ги сметаш за срање? Не исплаќаат добивка навреме или?
 
Овој новинарски натпис не кореспондира со твоево размислување,да образложиш зошто ги сметаш за срање? Не исплаќаат добивка навреме или?

Сериозно ти е прашањево за фондовиве зашто се срање или се зезаш?
Па да оствариш 300 000 евра добивка со 70 000 000 евра капитал треба стварно да си "шампион".
Тоа ти е помалку <0.5% принос на капиталот.
Поарно никој ништо да не менаџирал и да си ги ставеле депозит во банка парите поеќе ќе напраеле гарантирам.
Незнам само кој будала чува пари по овие наши фондови мора и он да е "шампион" исто како нив.
 
Ќе скршнам малку од темава....

Кажете мислење, совети, идеи во однос на инвестиции (еве нека не бидат поврзани со берза)
За жал на темата инвестирање во држава речиси и ништо да не се зборува, особено кај помладите. Сеуште под “инвестирање” некои го поврзуваат со “реновирање на домот” “купување скап автомобил” итн...
Литература на македонски јазик исто така има многу малку, освен “Богат татко беден татко” и уште нешто...
Исто така би прашал дали некој е запознат со p2p (peer to peer), нешто како онлајн кредитирање со директна врска помеѓу инвеститор и кредитобарател?
 
Можеби не, но се корисни како начин на мислење, функционирање итн.
Нешто да предложиш?
Кијосаке, Робинс, Кардон и сета таа багра ја читаат и промовираат МЛМ секташите. Нема тука ништо освен продавање магла. Тоа што сметаш дека е корисно можеш да го најдеш и со обично сурфање на нет, редит, читање нормални книги или филозофија.

Жалам што изгледам неконструктивно, пошто немам нешто конкретно да ти препорачам, ама било каква активност е подобра од читањето на овие шарлатани. Буквално. Тоа е мојот совет.
 
Pocnaa da se sushat lisjata a toa znaci deka doaga listopad :)
А за тие со импотенција-КУРОПАД? хаха
Автоматски споено мислење:

Сериозно ти е прашањево за фондовиве зашто се срање или се зезаш?
Па да оствариш 300 000 евра добивка со 70 000 000 евра капитал треба стварно да си "шампион".
Тоа ти е помалку <0.5% принос на капиталот.
Поарно никој ништо да не менаџирал и да си ги ставеле депозит во банка парите поеќе ќе напраеле гарантирам.
Незнам само кој будала чува пари по овие наши фондови мора и он да е "шампион" исто како нив.
Не се зезам,само сакам да дојдеме до вистината а таа е дека е оваквите фондови се тешка глупост,да инвестирам у ваков фонд и да чекам 10 години за да добијам добивка? Хаха
 
Последно уредено:
А за тие со импотенција-КУРОПАД? хаха
Автоматски споено мислење:


Не се зезам,само сакам да дојдеме до вистината а таа е дека е оваквите фондови се тешка глупост,да инвестирам у ваков фонд и да чекам 10 години за да добијам добивка? Хаха
Прво статијата ти е од 2016 година. Сега се поинакви бројките.

И остварување добивка таму се мисли за Друштвата кои управуваат со фондовите, не за клиентите кои купиле удели во фондот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom