Зоран Заев за "шарените": Се ќе соберам на купче и шуто и рогато. Све.
Се е кажано со оние аудио снимки кои беа пуштени пред изборите. Очигледно дека истите шарени испрдоци уште се под контрола на црпнатиот.
Ете, како поддржувачи/гласачи на оваа политичка опција на последниве избори, треба да престанеме да зборуваме и да ја труеме темава со обични спинови, ниски удари и обиди за дефокусирање на јавноста. Си го покажаа својот господар шаренциве уште еднаш, и затоа, редно време е да бидат прогласени за ирелевантни и на темава и на форумов во релација со Левица. Ете им го Твитер, нека си вртат у бесконечен loop со нивните "прогресивни погледи" на светот.
Јас само уште еднаш сакам да потенцирам да не си ги кревате/креваме очекувањата премногу... "да ги моча у собрание", "да хејта се живо и диво" и тн и тн... Смирено со очекувањата, аман. Да не испадне на крај онаа народната "кој високо лета, ниско паѓа".
Прво и најбитно за партијата е ДА НЕ КОАЛИЦИРААТ НИТУ ПАК ДА ФЛЕРТУВААТ со никого. Ако успеат така да истераат следен мандат, ќе ги сметам за успех, само со ова. Мислам дека и самите се свесни за проблемов, ама цената во овој момент за 2ца е преголема, притисокот уште повеќе, и значењето исто така. Навистина, двајцава имаат историска шанса да гласот на цела late 80's - mid 90's генерација биде чуена, и да бидат доследни на она "последна шанса на нашата генерација за расчистување со бипартизмот". Второ, едноставно мора да ја омекнат реториката за да допрат до повеќе гласачи и да не местат пенали на гореспоменатите шути и рогати, кои ќе лаат за расизам, национализам, фашизам.
Трето, мора од чиста идеологија, одлично ораторство и стриктно бранење на работнички права да поработат на други пошироки но реални ствари како економија, дигитализација, животна средина, здравство, судство, обвинителство и образование. Искрен ќе бидам, програмата им беше скудна во тие аспекти. Се плашам дека само нивната (релативна) "чистина" ќе биде премалку за да го направат потребниот скок од 2 на 6,8,10,12,20 пратеници.
Мораат пажливо да ги разгледаат компаративните искуства од левичарите во други држави и малку да созреат, во смисла да понудат решенија, а не само "да пердашат рандом парламентарци" со гола реторика.
Друга работа, мораат да учат од Пернар и Синчич, што е есенцијално во поглед на нивниот развој како партија на среден рок. Не смеат под ниеден услов да дозволат таков епилог и раскол. Кохерентноста во партијата не смее да биде доведена во прашање. Не смее оваа партија да се сведе на клиентелизам, и мораат да размислат на тоа поле, бидејќи сега веќе ќе има уште поголем интерес од хиени (дали паразити-клиентелисти за работа или удбаши) да влезат таму.
Колку и да звучи нереално, нивен најголем потенцијал е да привлечат приврзаници/членови од приватниот сектор (посебно ИТ специјалисти, кои се веќином инхерентни левичари по идеологија), и не се ухлебани бирократи, и кои не би влегле во политика од чист интерес за пари/работа. Тука е златното јајце во поглед на членови, според мене, секако, на дугачок рок.
За крај, мораме да сфатиме дека и двете големи партии во северџанија имаат интерес и ги копка Левица. Зошто?
-Левица откинува доста гласови на незадоволни од ВМРО, многу повеќе него СДС.
-Левица се многу погласни критичари на Заев, бидејќи тој е власта во моментов нели.
Со овие две подточки кои се, би рекол, некаков стожер на политичката платформа на Левица, они стануваат потенцијален плен за хиените по име ВМРО и СДС. Мислам дека досега ниедна таква мала партија не била на удар на двете пирани во Македонија, што само по себе ќе биде огромен притисок и предизвик.