Партнерот ми е од село, што да правам?

Каде живеете?

  • Град

    Гласови: 322 78,5%
  • Село

    Гласови: 88 21,5%

  • Вкупно гласачи
    410
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.590
Само ѓупците се стари граѓани со тапија. Е сега колку се еманципирани тоа што се со генерации во град заклучете сами. Што пак води до еден друг заклучок, за манирите и воспитувањето, што немаат врска со местото на раѓање. Некаде е привлилегија да се живее во ретко населено место, далеку од урбаната брза динамика. Посебно е глуп муабет што кај нас, (една рака земја) се праат овие муабети и поделби. Јас пример сум на 10 минути пеш од т.н ''урбано'' (хаха) градско јадро, луѓе што познавам од околните села се тука за 10-15 минути со автомобил.

Јас исто немам проблем со луѓето кои што живеат на село, напротив имам голем респект. Мене ме нервираат овие покондурени граѓани што вчера на магаре дојдоа в град и сега изиграваат градска авангарда. За селскиот живот имам впечаток дека има поголемо заедништво помеѓу жителите. Овде в град шетаат сами или по двајца ко утки. Средно класот каде што учев, пола беа од село пола од град, меѓу себе никако не се мешаа едни со други. Селанецот е доста понижен во оваа вукојебина, што е трагедија.

Еве во градот јас кај што живеам нема ни кино, ниту пак некои настани од културата, спорт ич. Се е сведено на кафе пиење. И сега како јас да речам оти уживам некакви благодети од урбаниот живот?
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.134
Поени од реакции
30.249
Од она што гледам од околината околу мене оние што живеат со родителите на момчето само им е предност а многу поретко мана.
Epa ne e samo na gledanje.
Sigurno nema nevestata da se doveri na prijatel na mazot i.
Mnogu vrski propadnale od neodobruvanje na roditelite.
 
Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Како ја прелага бе?
Pa nakratko, preku rabota imavme nekoja gluma za potrebite na rabotodavacot i ja glumev obvinet u sudnica i padnavme na muabet koa se zapoznavme i raskazuvav i mi vika kaj si be ti za kriminalec so ova baby face.. i tolku bese, se zaljubi u mene..
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.566
Поени од реакции
5.610
Да не се лажеме, денешните генерации гледаат апсолутно све па и за ситници ќе се фатат понекогаш.

Може на форум или било кое друго место или на интернетов да пишувате што посакувате да биде ама знаеме ние што сме од село што сме истрпеле на своја кожа. Да не зборувам за тоа дека не те фермат на инста/фб ако не си активен да ставаш слики или да те немаат нејзините другарки фоловнато, тогаш џабе ти е све. Перфектен прФ впечаток да оставиш и не знам какви критериуми за маж да исполнуваш добиваш корпа, значи зборам и за просечни девојки од град кој се замишљаат дека се ким кардашиан.

Само од мое место кај што сум има преку 200 неоженети ергени (некои се веќе и 40+ во години)
Многу битен фактор е културата, имам запознаено повеќе луѓе од село, со доста и се дружам и ден денес.
За болдираното можам да ти кажам само дека и манирите се многу битна работа, познавам луѓе од некој околни скопски села којшто реално немаат никакви манири. Едноставно не знаат да се однесуваат со рандом „странка“ а не пак со жена... Имав таков познаник како што викаш ти 40+ години, неженет, што да ти кажам, однесување на ниво. Јас не можев со него да седам (морав) а не пак жена да седи и прави муабет со него. Од друга страна знам и „градско“ дете што у штала само би го пуштил, по „сељачко“ однесување амин.
Не е битно каде си роден, не е битно ни каде живееш моментално, треба да имаш култура и да знаеш како да се однесуваш со жена/маж.
И да, кога ќе оформам свое семејство немам никаков проблем да живеам во село. Верувај поквалитетен живот ќе имам...
 
A

Aexil Kong

Гостин
Видов случајно некој спомнал дека штом имало преку 200тини неоженети ергени би требало да има приближно толку и немажени жени.

Нема да се согласам поради фактот што за девојки кои се 19/20 години после завршување на средно и непродолжување на факултет (зборам за оние од село поради нивни лични и семејни причини) најчесто гледаат да отидат со некој што ќе им се пушти а притоа да биде барем обезбеден со работа во странство или наоѓаат некои од градови со 30+ години што испаѓа дај шта даш оти не сум во можност многу да бирам, па не им е проблем што имаат разлика во години и се мажат. Ова не го зборам од ракав оти јас си знам само во моја околина колку вакви примери постојат.
Останативе девојки од село кои се запишуваат на факс се посебна приказна.
Критериумите им се далеку поголеми (се израмнуваат со другарките што си ги имаат од град) и затоа голем дел од момците што живеат во село а имаат култура/образование/стабилна работа/некоја семејна количка пак им е недоволно. Недоволно е оти живеат на село. Крајна опција им е веќе да бидат со таков ако не ги побара некој од градот.
Заборавете на тоа дека гледаат карактерно. Кур мој гледаат. Им одговара да бидат со некој типац што не внимава на понашање спрема нив и флертува со уште куп други женски. Само такви им се во мислите. Во принцип се прикажуваат како поснаодливи и доминантни дали се тоа лажно или не тоа е веќе посуштинска дискусија.
:toe:
 
Последно уредено:
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.028
Поени од реакции
1.147
Само ѓупците се стари граѓани со тапија. Е сега колку се еманципирани тоа што се со генерации во град заклучете сами. Што пак води до еден друг заклучок, за манирите и воспитувањето, што немаат врска со местото на раѓање. Некаде е привлилегија да се живее во ретко населено место, далеку од урбаната брза динамика. Посебно е глуп муабет што кај нас, (една рака земја) се праат овие муабети и поделби. Јас пример сум на 10 минути пеш од т.н ''урбано'' (хаха) градско јадро, луѓе што познавам од околните села се тука за 10-15 минути со автомобил.

Јас исто немам проблем со луѓето кои што живеат на село, напротив имам голем респект. Мене ме нервираат овие покондурени граѓани што вчера на магаре дојдоа в град и сега изиграваат градска авангарда. За селскиот живот имам впечаток дека има поголемо заедништво помеѓу жителите. Овде в град шетаат сами или по двајца ко утки. Средно класот каде што учев, пола беа од село пола од град, меѓу себе никако не се мешаа едни со други. Селанецот е доста понижен во оваа вукојебина, што е трагедија.

Еве во градот јас кај што живеам нема ни кино, ниту пак некои настани од културата, спорт ич. Се е сведено на кафе пиење. И сега како јас да речам оти уживам некакви благодети од урбаниот живот?

За болдираното, самиот како дете ги почувствував тие поделби. И не беа само поделби, јас од 5 до 8 одделение со моите соученици од 1 до 4 одделение одевме со автобуси да учиме во училиште во град, а таму имавме пекол.

Ако ви се верува, во тоа училиште од 5 до 8 одделение за секоја генерација имаше по 4 паралелки од А до Г ( пример 5-А, 5-Б, 5-В и 5-Г).
Ние од селото мое бевме секој генерација под Г буквата, а под В буква беа едни од една полунаселба- полу село комбинација, а А и Б без деца од градот.

И мене и моите соученици не навредуваа колективно паралелките од А,Б и В одделенијата, не гаѓаа со се и сешто, и имаше и физички напади. Да ти е страв да отидеш до тоалет во училиштето, е до таму беше работата дојдена.
Не навредуваа со зборови од типот: ги измолзевте ли кравите сељаци па сега дојдовте овде да пасете трева, исчистивте ли во шталите?
А уште во тоа време од 2002-2006 година во моето село пола село не чуваше крави и крупна стока, денес 10-15 % од селото чува крави и крупна стока.

Уште беше мизерија ситуација, од 2006- 2010 кога учев средно, тогаш во класот имав 3 од таа генерација од градските деца од основно, и тогаш тие како демек само се правеа фини кон мене, а пак зад грб ми работеа и гледаа само сопки да ми прават во животот во школото.

А зошто беше сето тоа не ми е јасно до ден денес.
Еј, се уште паметам настани од таа 2002 година, јас 5 одделение и со моите соученици одиме прв училишен ден во училиште во градот а таму пекол, не напаѓаат 3 пати повеќе на број наши врсници од градска средина дека сме сељаци, не маваат со вода, со шипки. Се жалевме до директорот, до професорите ама слабо застанаа на наша страна, и така 4 години трпевме од тој малограѓански пекол. Плус жители од околните згради и тоа возрасни луѓе и тие збореа со навреди кон селата и луѓето од селата. Срамота.

Е да, денес има се помалку деца се раѓаат, и денес има најави дека рамковните сограѓани го бараат тоа училиште на нив да им припадне. Е сега, да ги видам тие жителите на околните згради кога во нивна близина ќе им доаѓаат да учат и да им шират мултиетничност и сожителство рамковните браќа.

Ќе не бараат нас од кал да не прават, ќе дојде време такво.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932

Децата денеска се се повеќе поврзани и мислам дека овие проблеми ке исчеззнат, ако и не се веќе исчезнати, а причина е интернет и нема разлика во понашање на селско и градско дете.
Инаку еден мој другар прва година средно му се искурчил некој градски фраер демек сељак или таму незнам што, овој му отвори глава без многу муабет по што од наредниот ден никој ниту го дираше, ниту имаше некои проблеми, чак што више беше почитуван од другите деца од генерацијата... значи како се покажеш како дете на времето така и ке се однесуваат со тебе.
 
Мислам дека ваквите поделби кај нас влечат подлабоки корени, судејќи дури и од народното творештво постојат тие класификации каде што селанецот е вреден работлив, но сиромав и припрост, необразован. Социјализмот (иронично) ја продолжи и веројатно и ја продлабочи таа поделба; радникот в град, во фабрика, канцеларија, селанецот на село, со земјоделие и сточарство.

Во услови на вековна сиромаштија, транзициони времиња во 90тите каде што пола град живееше на рабуш, на вересија, се бараше националниот идентитет и попатно еве се изгуби, македончето обезвреднето и духовно и материјално бараше вредност за своето битисување во тривијални работи, како поделбата село-град, еве денес актуелна е и поделбата скопјани-провинција. После се накалемија и партиските поделби, етнички, социо-економски. Ние сме толку раслоено општество што наликуваме на индиското, поделено на касти, каде што миграцијата од пониските слоеви кон (условно кажано) повисоките е условена од еден куп самонаметнати критериуми во кои што бараме вредност на сопственото постоење. Затоа и оваа поделба, село - град. Во услови на општествена мизерија еден граѓанин, скопјанец, што и да е, кога не е во можност самиот да се оствари, да ја издигне сопствената личност низ општествените механизми, кои што му се крајно ограничени, ќе потрча да и даде вредност на сопствената маленкост девалвирајќи ја вредноста на другиот, селанецот, провинцијалецот, не битно.

Моментално, заради неправилната дистрибуција на општественото богатство, во тек е засилена класна поделба, за која би рекол дека е дури и над оваа со потеклото. Сега дојдоа времиња каде што трката по материјалното во сенка ги фрли и базичните човечки вредности, ги продлабочи поделбите. Општествениот статус денес е дефиниран од длабочината на џебот, не толку од потеклото, би рекол.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.026
За болдираното, самиот како дете ги почувствував тие поделби. И не беа само поделби, јас од 5 до 8 одделение со моите соученици од 1 до 4 одделение одевме со автобуси да учиме во училиште во град, а таму имавме пекол.

Ако ви се верува, во тоа училиште од 5 до 8 одделение за секоја генерација имаше по 4 паралелки од А до Г ( пример 5-А, 5-Б, 5-В и 5-Г).
Ние од селото мое бевме секој генерација под Г буквата, а под В буква беа едни од една полунаселба- полу село комбинација, а А и Б без деца од градот.

И мене и моите соученици не навредуваа колективно паралелките од А,Б и В одделенијата, не гаѓаа со се и сешто, и имаше и физички напади. Да ти е страв да отидеш до тоалет во училиштето, е до таму беше работата дојдена.
Не навредуваа со зборови од типот: ги измолзевте ли кравите сељаци па сега дојдовте овде да пасете трева, исчистивте ли во шталите?
А уште во тоа време од 2002-2006 година во моето село пола село не чуваше крави и крупна стока, денес 10-15 % од селото чува крави и крупна стока.

Уште беше мизерија ситуација, од 2006- 2010 кога учев средно, тогаш во класот имав 3 од таа генерација од градските деца од основно, и тогаш тие како демек само се правеа фини кон мене, а пак зад грб ми работеа и гледаа само сопки да ми прават во животот во школото.

А зошто беше сето тоа не ми е јасно до ден денес.
Еј, се уште паметам настани од таа 2002 година, јас 5 одделение и со моите соученици одиме прв училишен ден во училиште во градот а таму пекол, не напаѓаат 3 пати повеќе на број наши врсници од градска средина дека сме сељаци, не маваат со вода, со шипки. Се жалевме до директорот, до професорите ама слабо застанаа на наша страна, и така 4 години трпевме од тој малограѓански пекол. Плус жители од околните згради и тоа возрасни луѓе и тие збореа со навреди кон селата и луѓето од селата. Срамота.

Е да, денес има се помалку деца се раѓаат, и денес има најави дека рамковните сограѓани го бараат тоа училиште на нив да им припадне. Е сега, да ги видам тие жителите на околните згради кога во нивна близина ќе им доаѓаат да учат и да им шират мултиетничност и сожителство рамковните браќа.

Ќе не бараат нас од кал да не прават, ќе дојде време такво.
За кој град/населба станува збор?
 
A

Aexil Kong

Гостин
Децата денеска се се повеќе поврзани и мислам дека овие проблеми ке исчеззнат, ако и не се веќе исчезнати, а причина е интернет и нема разлика во понашање на селско и градско дете.
Инаку еден мој другар прва година средно му се искурчил некој градски фраер демек сељак или таму незнам што, овој му отвори глава без многу муабет по што од наредниот ден никој ниту го дираше, ниту имаше некои проблеми, чак што више беше почитуван од другите деца од генерацијата... значи како се покажеш како дете на времето така и ке се однесуваат со тебе.
Ne se glupiraj mali.

Da mu se poseram jas na zivotot takov sto ne po moja vina izrasnuvam vo selo i ke treba da se soocuvam so tepacki i takvi niski udari za da bidam pocituvan vo 21vi vek od strana na nekoj si gragjani sto po nekoja (lotarija) srekja ziveat vo gradovite.

Ne mi treba takva pocit.

Pocit treba i ke trebalo da dobijam bezrazlika na se ako iskreno sto saka toj ke ja oddade na karakter ili licnost, a ne na borba na ego i sueta.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Ne se glupiraj mali.

Da mu se poseram jas na zivotot takov sto ne po moja vina izrasnuvam vo selo i ke treba da se soocuvam so tepacki i takvi niski udari za da bidam pocituvan vo 21vi vek od strana na nekoj si gragjani sto po nekoja (lotarija) srekja ziveat vo gradovite.

Ne mi treba takva pocit.

Pocit treba i ke trebalo da dobijam bezrazlika na se ako iskreno sto saka toj ke ja oddade na karakter ili licnost, a ne na borba na ego i sueta.
Шефе детски памет така функционира, што очекуваш од 14-15 годишник да ти цени карактер и дела...?
 
A

Aexil Kong

Гостин
Шефе детски памет така функционира, што очекуваш од 14-15 годишник да ти цени карактер и дела...?
Abe vo red toa, te sfakjam ama ti zboruvas za 14-15 godisnici sto odat vo uciliste i se desava ova. Sto e i tocno i jas isto imam vakvi primeri od minatoto.

Temava e malce druga, za partneri, za povozrasni lugje, za masko-zenski relacii na tema ljubov vo malku po adolescentni godini da kazam i sto e najtragicno sto i ovde ne e izumreno den denes ova i samiot gledas deka vakvi temi ne umiraat vo 2020 godina tuku naprotiv se uste ima dosta desavki zaradi ovaa tragi-komicna situacija.

Sekogas ke postojat vakvi sranja koga akcentot pred se se stava na materijalnoto i na toa kolku poseduvas odnadvor, a ne kolku poseduvas odvnatre.
Ete, dojdovme do deredjeto kaj sto maskive od mladata populacija dojde do stadium da treba da izdvojat pari za seks, pari za sopruga itn...
 
T

Torchyrus

Гостин
Замислете да дојде денот кога ќе се поставува прашањето ,,Партнерот ми е од град, што да правам?"
Мене не би ме чудело во иднина да има обратна поизразена миграција од град во село...
Живи били па можда видели :love:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom