Партнерот ми е од село, што да правам?

Каде живеете?

  • Град

    Гласови: 322 78,5%
  • Село

    Гласови: 88 21,5%

  • Вкупно гласачи
    410
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.700
Поени од реакции
42.286
Одамна сум во Скопје, преку 40 години, верувај сите места функционираат така. И сите оние шмизли што изиграваат недопирливи и крем, уствари се трета генерација на дојденци, кои добиле стан од работа и се кладам дека опинците на дедо и сеуште стојат закачени во подрум, до бурето за зелка! Важно таа е родена во град:cenzura:
Најголеми снобови у ск се оние чии дедовци/татковци што на грб на народот добиле гага станче за времето на тито
 
Член од
6 август 2015
Мислења
464
Поени од реакции
775
Природна селекција... на секого/ секоја што и смета местото на живеење, а не карактерни особини и понашање веднаш треба да му/и се стави крст, тој/таа што гледа место на живеење, гледа и финансиска ситуација, општествена положба, а најмалку гледа понашање и карактерни особини... па потоа кога се судри со некој сноб или некоја мамина принцеза удираат со глава во зид, па се јавља семејно насиље, па разводи и останати чуда и стресови кои пропратно одат со тоа.
Со ова го опиша мнозинството жени :)

Огромен дел од нив прво што гледаат е дали имаш кола, дали живееш сам (имаш свој стан) ... а другото мање битно.

Затоа и го прашав ликот од каде е / кое село. Голем дел од скопските девојки не те погледнуваат без своја кола и стан :) а не па у село да идат да живеат.

Али па од друга страна, бидејќи населението у Македонија е од прилика 50 / 50, значи ако има кај него +200 ергени, тоа автоматски би значело дека има +200 сами девојки / жени ... нали освен ако се омажиле некаде у странство евентуално.

Инаку на темата, баш вчера саботно ми искочи слика на Инстаграм од три девојки што ги знам. Трите сингл, немажени, начукале речиси 35 години седнати на сепаре у кафиќ / дискотека. Го бараат господинот совршен ... Тажна глетка :)
Одамна сум во Скопје, преку 40 години, верувај сите места функционираат така. И сите оние шмизли што изиграваат недопирливи и крем, уствари се трета генерација на дојденци, кои добиле стан од работа и се кладам дека опинците на дедо и сеуште стојат закачени во подрум, до бурето за зелка! Важно таа е родена во град:cenzura:
3та генерација ... охооо тоа е бајаги амбициозно. На +90% од младите што тука глумат урбана елита (а искачаат по сељачки дискотеки) ниту родителите не им се од Скопје :)

Википедија вика популација на Скопје пред 100 години .... 40-50 илјадарки. Така да муабетот за "крем" у Македонија не држи вода.
 
Последно уредено:

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.155
Поени од реакции
30.287
Затоа и го прашав ликот од каде е / кое село. Голем дел од скопските девојки не те погледнуваат без своја кола и стан :) а не па у село да идат да живеат.
Da, zatoa sho ziveenjeto so majkata na momceto nekogas im go zagorchuva ziveenjeto
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.064
Голема тема е ова ако ја анализираме од секој аспект. Многу работи ЗА и многу ПРОТИВ ќе излезат. Но ако одговараме само на прашањето: „Партнерот/партнерката многу ми се свиѓа, ама живее во село, тогаш мојот одговор би бил многу краток: „Ај не се занесувај!“ :D
 
Член од
6 август 2015
Мислења
464
Поени од реакции
775
Da, zatoa sho ziveenjeto so majkata na momceto nekogas im go zagorchuva ziveenjeto
Тоа е факт.

Но, на пример ако девојката е вработена и дечкото е вработен а живее со неговите родители, кога ќе сакаат да се "осамосталат" постојат опции како одење под кирија, дигање кредит за стан, итн итн.

Да не се лажеме, многу често не е тоа причината :) туку голем дел од девојките сакаат да се "увалат" на готово и сигурно.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.167
Поени од реакции
10.155
Море сега кога беше карантинот, 1000 пати реков - Како не си земав дете од село, како немав куќа у некое село, далеку од оваа цивилизација и технологија!!!
Јас и сопругот сме Скопски деца од родители стари Скопјани, така да, мислам дека времињата се сменија и луѓето ќе се враќаат по селата или барем ќе си ги реновираат старите трошни куќи за да можат барем неколкупати во годината да се отргнат од градсково лудило.
 
Член од
6 август 2015
Мислења
464
Поени од реакции
775
Ако успеат, зошто да не? :)
Тотално легитимно. Иако лично не сум фан на тоа, не дискриминирам. Секој си ја бира сопствената судбина.

Ама тој потег е и те како меч со две острици :).

Од муабетот "абе види го дечково има станче, кола, мотор" многу девојки завршуваат со говеда / ретарди што се изживуваат врз нив, па варање, караници, разводи ...

Или па машки што се жртви на такви девојки завршуваат со сељанки што после цел живот им скокаат на глава ... Или додека на едниот не му пукне филм :)
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.064
завршуваат со говеда / ретарди што се изживуваат врз нив, па варање, караници, разводи ...
И тоа има, секој со среќата, што би рекле старите :)
мислам дека времињата се сменија и луѓето ќе се враќаат по селата
Јас имам постари пријатели што се пред пензија, и сите планираат кога ќе се пензионираат да живеат во село: кој има имот, кој планира да купи ... дури планираат и да работат земјоделство! Е овој последен дел малку ми е смешен кога ќе го чујам, и обично им велам: ај да те носам во село да прекопаме нива, помала некоја, од еден декар, после решавај дали на 65 години ќе можеш тоа да го правиш :D
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Со ова го опиша мнозинството жени :)

Огромен дел од нив прво што гледаат е дали имаш кола, дали живееш сам (имаш свој стан) ... а другото мање битно.

Затоа и го прашав ликот од каде е / кое село. Голем дел од скопските девојки не те погледнуваат без своја кола и стан :) а не па у село да идат да живеат.

Али па од друга страна, бидејќи населението у Македонија е од прилика 50 / 50, значи ако има кај него +200 ергени, тоа автоматски би значело дека има +200 сами девојки / жени ... нали освен ако се омажиле некаде у странство евентуално.

Инаку на темата, баш вчера саботно ми искочи слика на Инстаграм од три девојки што ги знам. Трите сингл, немажени, начукале речиси 35 години седнати на сепаре у кафиќ / дискотека. Го бараат господинот совршен ... Тажна глетка :)

3та генерација ... охооо тоа е бајаги амбициозно. На +90% од младите што тука глумат урбана елита (а искачаат по сељачки дискотеки) ниту родителите не им се од Скопје :)

Википедија вика популација на Скопје пред 100 години .... 40-50 илјадарки. Така да муабетот за "крем" у Македонија не држи вода.
Другар пишав природна селекција, секој сам си решава со кого ке се дружи или ке има секс и ке продолжи во заедничкиот живот, генерализацијава највеќе ме нервира, имено има топ културни и воспитани девојки од Скопје, што прво гледаат караткер и понашање, но има и такви кои првенствено им е материјалниот и општествениот статус на нивен потенцијален парнтер, исто важи и за мажите, мада мислам дека мажите во глобала не се многу замараат околу тоа дали била скопјанка, кумановка или од свирипичино...
 
Член од
6 август 2015
Мислења
464
Поени од реакции
775
И тоа има, секој со среќата, што би рекле старите :)
Па и не е баш до среќата, тоа е главниот проблем.

Нормално се си има своја тежина. Ама огромна разлика има измеѓу "дечково е фин/добар/паметен/ смисла за хумор .... 5 места подоле има свој стан" и "дечково има свој стан .... 5 места подоле абе и ко човек не е толку лош".

Кога некој прави свесна одлука и наместо човекот ја гледа колата или станот, уште од старт има гоооолем проблем :) последно што видов пред пар години е стапка на разводи околу 40% така да, очигледно многу луѓе "немаат среќа".

Другар пишав природна селекција, секој сам си решава со кого ке се дружи или ке има секс и ке продолжи во заедничкиот живот, генерализацијава највеќе ме нервира, имено има топ културни и воспитани девојки од Скопје, што прво гледаат караткер и понашање, но има и такви кои првенствено им е материјалниот и општествениот статус на нивен потенцијален парнтер, исто важи и за мажите, мада мислам дека мажите во глобала не се многу замараат околу тоа дали била скопјанка, кумановка или од свирипичино...
Не е генерализација.

Апсолутно има еден тон културни паметни и образовани девојки во државава. Ама за жал од друга страна имаш еден тон од другите ... што у принцип ако си сиромашен или средна класа, не си им мета на интерес :)
 
M

Macedon1um

Гостин
Da, zatoa sho ziveenjeto so majkata na momceto nekogas im go zagorchuva ziveenjeto
Од она што гледам од околината околу мене оние што живеат со родителите на момчето само им е предност а многу поретко мана.

Добиваат дом на готово, им ги чуваат/шетаат децата, кога ќе си дојдат од работа имаат готов ручек итн со еден збор им го олеснуваат животот до максимум. Е сега секогаш ќе се најде некоја кокошка што не знае две јајца да спржи, ама ќе си најде ситна работа за да го набуцка сопругот како неговите им го загорчуваат животот

Онтопик, партнерка од село што да не ? Генерално се далеку поскромни, вредни за разлика од 90% од градскиве што живеат во инстаграм филмови
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
3та генерација ... охооо тоа е бајаги амбициозно. На +90% од младите што тука глумат урбана елита (а искачаат по сељачки дискотеки) ниту родителите не им се од Скопје :)

Википедија вика популација на Скопје пред 100 години .... 40-50 илјадарки. Така да муабетот за "крем" у Македонија не држи вода.
Остај Википедија, јас поаѓам од живи примери! Првата генерација ако дошла до и околу 70, втората генерација е донесена или се родила тука, третата 90 и некоја е веќе тешка градска елита. Ако броиш трета генерација со извод од Ск, друга математика!
 
Член од
6 август 2015
Мислења
464
Поени од реакции
775
Остај Википедија, јас поаѓам од живи примери! Првата генерација ако дошла до и околу 70, втората генерација е донесена или се родила тука, третата 90 и некоја е веќе тешка градска елита. Ако броиш трета генерација со извод од Ск, друга математика!
Да, извини. Моја грешка.

Мислев генерација Скопјани по раѓање, а не доселување :)
Од она што гледам од околината околу мене оние што живеат со родителите на момчето само им е предност а многу поретко мана.

Добиваат дом на готово, им ги чуваат/шетаат децата, кога ќе си дојдат од работа имаат готов ручек итн со еден збор им го олеснуваат животот до максимум. Е сега секогаш ќе се најде некоја кокошка што не знае две јајца да спржи, ама ќе си најде ситна работа за да го набуцка сопругот како неговите им го загорчуваат животот
Абе и да и не :LOL: тука е малце чудна ситуацијата дека не сите може да трпат "туѓи луѓе". Јебига, различни карактери што треба да се ускладат и затоа не ретко избиваат семејни кавги кога сите се под еден покрив.
Онтопик, партнерка од село што да не ? Генерално се далеку поскромни, вредни за разлика од 90% од градскиве што живеат во инстаграм филмови
Мразам да признаам, ама у право си за ова :) затоа ми се смешни муабетите "дојдоа привинцијалците ни ги земаа работните места, девојките, дечковците бла бла...".

На страна државна администрација и партиски буткања, тоа е така затоа што најчесто луѓето од "провинција" се осудени сами да се снаоѓаат и природно повеќе се трудат, повеќе работат итн итн.
 
Последно уредено:
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Другар пишав природна селекција, секој сам си решава со кого ке се дружи или ке има секс и ке продолжи во заедничкиот живот, генерализацијава највеќе ме нервира, имено има топ културни и воспитани девојки од Скопје, што прво гледаат караткер и понашање, но има и такви кои првенствено им е материјалниот и општествениот статус на нивен потенцијален парнтер, исто важи и за мажите, мада мислам дека мажите во глобала не се многу замараат околу тоа дали била скопјанка, кумановка или од свирипичино...
Природна селекција, ама тука дедо боже има утнато нешто троа!
За женските е природно да гледаат да ја ескивираат нивата и бавчата, по можност газот да го растат на седмосед и еднаш месечно да викаат циганка да им чисти по дома. Најголемо достигнување им е кога ќе направат ванилици или шпагети болоњезе.
Мажите имаат поголема одговорност, оти умот децата го наследуваат од мајката! Земеш некоја алапача, после глупи деца, е глупи де, кај ти беше текнувалото кога се женеше?
Не за џабе е штосот:
-Знаеш како се прават глупи деца?
-Не
-Прашај го татко ти :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom