Океј, но во вакви муабети битен е размерот. На пример што е со Норвешка, Данска, Швајцарија и др? Нели и таму луѓето се себични, егоистични итн.
Имаше една добра мисла, на некој научник во контекст на тоа какви би биле вонземјаните доколку го имале истиот пат на еволуција како нас.. И го кажува вицот со двајца другари во Аљаска, почнува да ги брка гризли. Едниот го фрла ранецот и почнува да бега, другиов го прашува, зошто покушава да бега, кога мечката секако трча побрзо од него. Овој му одговара дека не треба да трча побрзо од мечката, туку само побрзо од него... Во еволуцијата немало место за оние со добрина, туку оние кои трчале брзо
Еве за пример ќе ја земам Норвешка и парите од нафтата. Додека 99% од земјите со природни ресурси кои се високо ценети на пазарот на пример нафта, гас, различни видови на руди и др како резултат на ова земјите се во некој вид на економски и политички хаос каде мала елита ги експлоатира овие ресурси, а мнозинството живее во беда во Норвешка парите од нафтата се искористени за инвестиција во заеднички фонд каде се диверзифицирани и како резултат на ова секој Норвежанец има по 300 илјади евра(кои не може да ги користи директно), а владата може да користи само 4% од фондот годишно.
Норвешка денеска, е еден од ретките примери на успешна заедница и е ексепшн, не е правило.. Но утопијата таму се должи на изолираноста.... Јас би кажал друг пример, без толку природни ресурси и во не толку изолирана средина, а сепак компактно групирана заедница.. Израел..
Друга работа е што луѓето се комплексни суштества, да луѓето се егоистични и себични, но во исто време се и добри и дарежливи, храбри и спремни за соработка.
Јас би рекол на одредена група на луѓе им одговара наративот човек на човека да му биде волк пошто така елитите манипулираат со мнозинството.
Ќе го искористам твојот наратив ... На елитите не им одговара групирањето на луѓето, па затоа ги диференцираат луѓето во општествата „раздели па владеј“... Елитите ги користат мааните на човекот (или основните човекови природни карактеристики, кои му ги извајала еволуцијата), за да манипулираат во демократските процеси.
Друга работа е што еволуција ни кажува што сме биле, а не што ќе бидеме. На пример еволутивно сме мајмуни, а еве некои мајмуни идат во вселената како резултат на соработка која никогаш не постоела историски и вакво нешто би било невозможно за еден мајмун.
"Apes together strong"
Еволуцијата може да ни каже што сме биле пред 100К години во најмала рака, а не може да ни каже што сме биле пред 3000 или 5000 години... 3000 или 5000 години се една секунда во еволуцијата... од тоа време до денес еволуциски се немаме променето воопшто, а ете човекот пред 5000 години живеел во пештери и правел тоа што правел...
П.С Исто доста битна работа што историски и еволуциски преживеале луѓето (т.е гените) кои биле во заедници и соработувале, всушност целиот технолошки напредок на опшеството е базиран на соработка, а демократијата како алатка која овозможува соработка би рекол дека се усогласува со еволуцијата на човештвото.
Тоа и јас го зборам, групирањето на луѓето има важна улога во напредокот и развојот на цивилизацијата, меѓутоа тоа групирање како што кажав низ историјата претежно низ призмата на силата, најјакиот владее со племето, најакото племе владее во регионот и така натака... Па дури и денеска, во демократијата, можеме да видиме дека САД владеат не затоа што се демократија, туку дека имаат инструмент на сила. На Хитлер речиси пола Европа му се приклучила во неговите злодела, не дека бил добар, туку дека бил силен... Денеска оние кај нас што им лижеа гз на Србите, им лижат на Американците и ги пљукаат Србите, исто ради силата... Тие што ги исмејаваа Бугарите и Бугарашите, денеска шуруваат со нив... и така натака..