Демократија

  • Креатор на темата Креатор на темата teneke
  • Време на започнување Време на започнување
Па да баш тоа ми беше муабетот. Поентата тука е тоа што јас, ти или некој трет толкуваме нешто не значи дека е така.

За демократијата дефиницијата е прилично јасна и нема некој простор за погрешна интерпретација меѓутоа демократскиот процес е прилично комплексен и остава простор за многу начини на кои може малцинство да манипулира со мнозинството.

Директната демократија мислам дека е чекор напред меѓутоа има многу фактори кои треба да се земат во предвид за демократијата како алатка да биде повеќе корисна отколку што е штетна.

П.С Еве едно видео, а воедно на каналов имаат повеќе видеа за тоа како „легално“ може да се манипулираат гласачите.

Проблемот со демократијата сум го пишал многу пати на форумот, а тоа е најчесто што и тие што се бирани и тие што бираат се водени претежно од лична егоистична и себична агенда.... Владеењето е сведено на бизнис, а изборните кампањи на социјален инжинеринг и маркетинг....

Злоупотребата е неизбежна, зошто зависи од човековата психа во која преовладуваат стандардните човекови маани, кои ги носиме во гените со еволуицијата, тоест сме еволуирале благодарејќи на нив, или ако сакаш поточно еволуирале оние кај кои тие „маани“ биле поизразени... Никаде во природата не постои демократско општество, туку природна хиреарија на посилните :)

А како еволуцијата е прилично долг процес, кој ја надминува историјата на цивилизацијата каква што ја знаеме, практикувањето на демократија далеку е од тоа да стане успешно во идејата што ја носи...
 
Последно уредено:
Како по развиено демократско општество се скандинавските земји. Нивното уредување, носење на одлуки, делување, треба да ни бидат репер на нас како држава, а не слепо да гледаме кон запад (САД) и во држави каде што парите вртат каде што бургијата несака.

1595230319633.png

Нешто сериозно утнале кај Шведска изгледа.
 
Прегледај го приврзокот 259646

Нешто сериозно утнале кај Шведска изгледа.
Незнам од кога и колку е точно ова. Швеѓаните реагираат на мигрантите затоа што од пред една деценија па до денес гледаат голку нивното општество е променето поради слабата контрола на државата врз тоа колку и кој се се доселува од Африка и Блискиот Исток.

Луѓе од Македонија, познаници, што живеат и работат таму велат дека и нив ги чека иста судбина како овде нашата, југот (Малме пред се) е преполн со доселеници, што не било случај во минатото.
 
Од кога е ова? Мислам за кој период?
Претпоставувам е нов, затоа што во Италија толкава доверба во лидерот немале од времето на Мусолини :D

Нема инфо, беше постирано вчера. Претпоставувам дека е ново, затоа што коментарите на постот сугерираат дека е нешто посвежо направено. Макрон имаше поголем процент лани. Оваа година е опаднат драстично, и веројатно ќе продолжи да тоне.
 
Еве го на редит, гледам постирано 21 мај, Макрон лани имал 32% ова е после короната кога има повеќе поддршка.

И најверојатно за Шведска е грешка оти таму има подршка од 40%, најголема од некој политичар.
 
Значи е нешто старо кое има repost вчера. Thanks!
 
Никаде во природата не постои демократско општество, туку природна хиреарија на посилните :)

Сериозно, размислуваш барем малку пред да напишеш вакво нешто? Како можеш да дискутираш на ваква тема а не го знаеш значењето на зборовите?

Природата е нешто спротивно на општество, спрема Фројд најголемиот проблем што го има човекот како битие е токму тој премин од природа во општество.

Не постоело демократско општество во природата, мајко мила. Нормално, кога општествено урдеување и природно уредување се различни работи. Природното уредување се базира на сила и инстинкт, општественото би требало да се базира на општото добро и разумот.

Освен тоа, повикувањето на "природата" како урнек за уредување на општество е генијално. На пример, природата не познава милост спрема повредените, спрема хендикепираните, не познава силување. Што мислиш да ги затвориме болниците, да ги убиеме хендикепираните, а силувањето да го глорификуваме како природен чин низ кој се продолжува врстата?
 
Море тиквар, ниту глорифицирам, ниту сугерирам... Носам заклучок, дека природата е виновна за злоупотребата на демократијата... Каков што заклучок, како што тврдиш донел и Фројд (не ми е познато, не го обичам Фројд, ама ете ми годи дека донел ист заклучок како мене :) ).... И што е најинтересно тоа го тврдам чисто од психолошка гледна точка...
 
Некој го слушал Џордан Питерсон со теоријата на lobsters hierarchy како модел за општеството :unsure:
 
Ете, уште некој со сличен заклучок... баш ќе побарам да го прочитам, да видам дали се совпаѓа со моето размислување.
 
Последно уредено:
Проблемот со демократијата сум го пишал многу пати на форумот, а тоа е најчесто што и тие што се бирани и тие што бираат се водени претежно од лична егоистична и себична агенда.... Владеењето е сведено на бизнис, а изборните кампањи на социјален инжинеринг и маркетинг....

Злоупотребата е неизбежна, зошто зависи од човековата психа во која преовладуваат стандардните човекови маани, кои ги носиме во гените со еволуицијата, тоест сме еволуирале благодарејќи на нив, или ако сакаш поточно еволуирале оние кај кои тие „маани“ биле поизразени... Никаде во природата не постои демократско општество, туку природна хиреарија на посилните :)

А како еволуцијата е прилично долг процес, кој ја надминува историјата на цивилизацијата каква што ја знаеме, практикувањето на демократија далеку е од тоа да стане успешно во идејата што ја носи...
Океј, но во вакви муабети битен е размерот. На пример што е со Норвешка, Данска, Швајцарија и др? Нели и таму луѓето се себични, егоистични итн.

Еве за пример ќе ја земам Норвешка и парите од нафтата. Додека 99% од земјите со природни ресурси кои се високо ценети на пазарот на пример нафта, гас, различни видови на руди и др како резултат на ова земјите се во некој вид на економски и политички хаос каде мала елита ги експлоатира овие ресурси, а мнозинството живее во беда во Норвешка парите од нафтата се искористени за инвестиција во заеднички фонд каде се диверзифицирани и како резултат на ова секој Норвежанец има по 300 илјади евра(кои не може да ги користи директно), а владата може да користи само 4% од фондот годишно.

Друга работа е што луѓето се комплексни суштества, да луѓето се егоистични и себични, но во исто време се и добри и дарежливи, храбри и спремни за соработка.

Јас би рекол на одредена група на луѓе им одговара наративот човек на човека да му биде волк пошто така елитите манипулираат со мнозинството.

Друга работа е што еволуција ни кажува што сме биле, а не што ќе бидеме. На пример еволутивно сме мајмуни, а еве некои мајмуни идат во вселената како резултат на соработка која никогаш не постоела историски и вакво нешто би било невозможно за еден мајмун.

"Apes together strong" :pos: :pos: :pos:

П.С Исто доста битна работа што историски и еволуциски преживеале луѓето (т.е гените) кои биле во заедници и соработувале, всушност целиот технолошки напредок на опшеството е базиран на соработка, а демократијата како алатка која овозможува соработка би рекол дека се усогласува со еволуцијата на човештвото.
 
Имаше една добра мисла, на некој научник во контекст на тоа какви би биле вонземјаните доколку го имале истиот пат на еволуција како нас.. И го кажува вицот со двајца другари во Аљаска, почнува да ги брка гризли. Едниот го фрла ранецот и почнува да бега, другиов го прашува, зошто покушава да бега, кога мечката секако трча побрзо од него. Овој му одговара дека не треба да трча побрзо од мечката, туку само побрзо од него... Во еволуцијата немало место за оние со добрина, туку оние кои трчале брзо :)

Еве за пример ќе ја земам Норвешка и парите од нафтата. Додека 99% од земјите со природни ресурси кои се високо ценети на пазарот на пример нафта, гас, различни видови на руди и др како резултат на ова земјите се во некој вид на економски и политички хаос каде мала елита ги експлоатира овие ресурси, а мнозинството живее во беда во Норвешка парите од нафтата се искористени за инвестиција во заеднички фонд каде се диверзифицирани и како резултат на ова секој Норвежанец има по 300 илјади евра(кои не може да ги користи директно), а владата може да користи само 4% од фондот годишно.
Норвешка денеска, е еден од ретките примери на успешна заедница и е ексепшн, не е правило.. Но утопијата таму се должи на изолираноста.... Јас би кажал друг пример, без толку природни ресурси и во не толку изолирана средина, а сепак компактно групирана заедница.. Израел..

Друга работа е што луѓето се комплексни суштества, да луѓето се егоистични и себични, но во исто време се и добри и дарежливи, храбри и спремни за соработка.

Јас би рекол на одредена група на луѓе им одговара наративот човек на човека да му биде волк пошто така елитите манипулираат со мнозинството.
Ќе го искористам твојот наратив ... На елитите не им одговара групирањето на луѓето, па затоа ги диференцираат луѓето во општествата „раздели па владеј“... Елитите ги користат мааните на човекот (или основните човекови природни карактеристики, кои му ги извајала еволуцијата), за да манипулираат во демократските процеси.

Друга работа е што еволуција ни кажува што сме биле, а не што ќе бидеме. На пример еволутивно сме мајмуни, а еве некои мајмуни идат во вселената како резултат на соработка која никогаш не постоела историски и вакво нешто би било невозможно за еден мајмун.

"Apes together strong" :pos: :pos: :pos:
Еволуцијата може да ни каже што сме биле пред 100К години во најмала рака, а не може да ни каже што сме биле пред 3000 или 5000 години... 3000 или 5000 години се една секунда во еволуцијата... од тоа време до денес еволуциски се немаме променето воопшто, а ете човекот пред 5000 години живеел во пештери и правел тоа што правел...

П.С Исто доста битна работа што историски и еволуциски преживеале луѓето (т.е гените) кои биле во заедници и соработувале, всушност целиот технолошки напредок на опшеството е базиран на соработка, а демократијата како алатка која овозможува соработка би рекол дека се усогласува со еволуцијата на човештвото.
Тоа и јас го зборам, групирањето на луѓето има важна улога во напредокот и развојот на цивилизацијата, меѓутоа тоа групирање како што кажав низ историјата претежно низ призмата на силата, најјакиот владее со племето, најакото племе владее во регионот и така натака... Па дури и денеска, во демократијата, можеме да видиме дека САД владеат не затоа што се демократија, туку дека имаат инструмент на сила. На Хитлер речиси пола Европа му се приклучила во неговите злодела, не дека бил добар, туку дека бил силен... Денеска оние кај нас што им лижеа гз на Србите, им лижат на Американците и ги пљукаат Србите, исто ради силата... Тие што ги исмејаваа Бугарите и Бугарашите, денеска шуруваат со нив... и така натака..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom