Освен визите и брак, друг легален начин да се оди во ЕУ нема. Едно друго е битно, во тие визи кои се врзани за работодавац (зборам за Германија) треба да останиш 2 години непреинато во една фирма, за да бидиш колку толку слободен човек т.е да мењаш работа без согласнот на биро за странци. Е сеа, сексот е кога германец ќе те научи дека си во тесно т.е те пука со нереални работни обврски и те тера да работиш повеќе од сите други, пошо си со виза, оти ако тој ти даде отказ, ти по логика треба да се вратиш назад. Друг муабет е ако си стручен кадар, доктор, програмер и слично т.е они да зависат од тебе. Тука веќе имаш права и бенефити, ама тоа е за друга тема не за темата бг пасош. Бг пасошот ти дава каква таква еднаквост у смисла и да те напудат од работа си идеш фино лепо си наоѓаш друга работа не размисуваш. Има право на социјални бенефити, можеш фирма да отвори етц етц, шо не е случај со визата. Е тука е клучот на БГ-то, оно ти овозможува сето ова да го имаш и да гледаш кон иднината без да се трауматизираш, дали ќе добиеш отказ, дали шефицата ќе те мрази/сака, дали фирмата ќе пропадне и слично. Па сеа види ти. Правило за западен балкан веќе е климаво, може и да не го продолжат заради коронава.
Со среќа.