Прегледај го приврзокот 259626
еве најдов една стара слика кај што планирав да ставам парно едно време со котел на пелети ама баталив тој муабет пошо некако скапо ми искача математиката...
мало објаснување да го доловам моментот... климата постоечка која сакам да ја заменам стои на деснит дел од сликата кај што пишшува
ЈУЖНА СТРАНА и дува према комодата односно према ходникот ( правец на дување ).. поентата е да се грее цел тој салон од 32 квадрата и собата во горен лев агол која што е
15 квадрати малку сум скептик дека ке може да се загрее таа соба пошто е оддалечена некои си8 метра од климата и вратата е на бочна страна.. да беше директно некако можда ке успееше ама вака....
во однос на изолација на цела куќа имам 5ка стиропор од надворешна страна и на надворешните ѕидови имам 3ка од внатрешна страна.... кај што е оџакот лепенка сум со комшијата до мене и тој дел ми е јако изолиран... над мене има спрат односно др фамилија кој што исто така се грее во зимен период а на северната страна имам изолација од 8 сантима од надворешна страна...
колку за споредба во зимен период дневната и двете соби со најобичнно каминче сум ги греел и тоа убаво загреани па дури и сум оставал каминот намерно да изгаси а во една зима не сум успеал да потрошам 5 кубика дрва....
се надевам дека добро ја објаснив сликата па сега давајте мислења и совети дали да биде дајкин дали куперхантер дали гри тошиба или што и да е....