Левица - Политичка партија

Дали ќе гласате за Левица на Парламентарните избори?

  • Да

  • Ќе гласам за мафијашката коалиција СДССМ-ДПМНЕ

  • Не

  • Ќе гласам за друга "ТРЕТА ОПЦИЈА" партија


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.659
Поени од реакции
4.318
Немаше бе, саботажа е унутрашна, како и се друго во нашава држава. Се е местено, ништо никој од страна не ни прави, сами си се толчиме.
чекај ти беше компјутерски експерат?
Да прашам, зошто САД и другите негови вазали одбиваат Хуавеи да им гради Г5 мрежа со образложение дека ќе им се наруши безбедноста бла бла бла
И зошто кај сите држави (Цроатиа, Словениа, Тунгузија, Занзибар итн итн) серверите или барем датабазите од државните институции се наоѓаат на нивна територија, а кај Северџистан серверите за ДИКсовите и другите диксови се наоѓаат во САД, дата центарот во Карпош функционален ли е уште или....
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Да прашам, зошто САД и другите негови вазали одбиваат Хуавеи да им гради Г5 мрежа со образложение дека ќе им се наруши безбедноста бла бла бла
strav ime dane gi cipiraat
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.561
Поени од реакции
26.073
Не е ли случај обратното, баш да внесат радикалност во институциите?
Незнам тоа треба да се види... Постојат две опции моментално: Или да е свесен и да учествува во предавстото или да не е свесен....
Ако пак не е свесен постојат пак 2 опции, да се инфицира и да легне на брашно, како и секоја досегашна трета опција или да тера до крај, што може да биде многу незгодно по него.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Малку касниш. Оваа реторика не е ништо ново. Реакцијата сега, за истата, е новитетот. Пост-изборно.

Второ, што треба да направи? Како другиве политичари да си го врзе јазикот и да ќути? Да врти со палци и на прашања да околиша у кругови, кругови, па на коцка? Затоа што е пре-директен без PC речник е токму една од причините што е ставен лидер на партијата и зошто е гласан.
Каснам намерно, јас. Не се занимавам со никаква пропаганда и не мислев ни да им наштетам, ни да ги фаворизирам пред избори....а и гледај како мене ме коментираат на пост-изборна реторика.

Друг што касни е Апасиев, затоа што пост-изборно се изразува предизборно. Пројде тој филм. Сега да ги видиме принципиелноста и доследноста на тоа за што збореше. Многу ме интересира дали и во каква коалиција ќе се сместат? Напишав понапред што мислам на таа тема и не мислам да се повторувам.

Инаку во речникот на силеџиство, ви текнува кој најдобро проаѓаше?.....едно шантраво педерче што сега живее на Дунав.
 
Член од
17 мај 2016
Мислења
3.654
Поени од реакции
4.142
,,Нашата цел на овие избори беше Собранието, а не Владата. Целта е постигната. Нашите двајца пратеници ќе повлечат двоцифрена бројка пратеници на наредните избори, кои пак ќе бидат предвремени. Е, дури тогаш можеме да бидеме клучен фактор за таа нова влада. Сега, со двајца пратеници, доколку би оделе во која било влада само за да бидеме во власта – тоа би било класично „шиткање“. Затоа, нашите планови се подолгорочни, а не од денес за утре."

-Прво интервју на претседателот на Левица Димитар Апасиев, како пратеник во Собранието на Република Македонија.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.395
Поени од реакции
7.840
Зачувувањето на унитарноста на државата е нашиот приоритет


Интервју: Димитар Апасиев, лидер на Левица, партија што го победи Донтовиот модел
Освојувањето два (сигурни) пратенички мандати на партијата Левица, исклучиво со сопствени сили, без коалицирање со некоја од големите политички партии, на некој начин е „изненадувањето“ на неодамна завршените парламентарни избори.Левица е единствена од помалите партии што успеа да го победи и Донтовиот изборен модел, кој повеќе им оди во прилог на големите партии. Освен тоа, веројатно нивниот резултат претставува своевиден квалитативен пресврт на блоковски поделената политичка сцена во Македонија и можеби најава за некаква трета опција. Во постизборниот период, Левица се појави и како важен фактор во поставувањето на позициите и шансите за формирање влада, но стана и предмет на шпекулации… За сите овие и редица други актуелни прашања што се наметнаа деновиве во јавноста, по пребројувањето на гласовите, разговараме со лидерот на партијата со освоен пратенички мандат Димитар Апасиев.

Вашата Левица е единствената од т.н. помали партии што самостојно (без коалиција) успеа да освои два пратенички мандати на последните парламентарни избори. Но имате и забелешки за пребројувањето на гласовите и имплицирате дека ви се ускратени уште три мандати. Сметате ли дека се работи за политичка опструкција или за техничка грешка предизвикана од хакерскиот напад?
– Македонија има „традиција“ на крадење на гласовите на помалите партии. Тоа најчесто го прават членовите на избирачките одбори од големите партии, кои се знаат меѓу себе и со години се на истите места. На тоа алудира огромниот број неважечки ливчиња, токму таму каде што очекувавме наши гласови – според интерната аналитика. Имаме смешни и апсурдни ситуации – наши членови на ЦК, кои гласале со своите семејства во Карпош и во Кисела Вода, гледаат дека во нивните избирачки места Левица има „нула“ гласови!?
Хаосот што настана е во тоа што хартиените записници не кореспондираат со објавените. Имаме доставени фотографии каде што се гледа, на пример, дека во конкретно избирачко место ние имаме 76 гласа, а на сајтот стои дека имаме 19!?

Какви се вашите сознанија и процени за хакерските напади – дали се работи за надворешен терористички напад, или можеби постои и некаква внатрешна логистика?
– Ова што се случи со сајтот на ДИК е невиден скандал и добра режија за системско поткопување на довербата во процесот. За тоа траба да следува одговорност од прв до последен! По консултации со стручни лица, ваков дистрибуиран хакерски напад со огромен број координирани ИП-адреси чини неколку милиони евра, а тоа може да си го дозволат само мал број луѓе или структури во Македонија. Не сум запознаен со мотивите, но мојата интуиција говори дека ова е замешателство на странска амбасада од една моќна НАТО-членка.

Дали можеби сметате дека со низата технички проблеми предизвикани од падот на софтверот на ДИК е доведена во прашање регуларноста на изборниот процес?
– Доведена е во прашање довербата. Регуларноста исто така. Затоа овие избори го добија епитетот „најконтроверзни“ од осамостојувањето на Македонија. Ако ја следите нивната предисторија, спротивно на препораките на Венецијанската комисија, да не се менува изборното законодавство најмалку една година пред избори – власта направи „масакр“ на изборната регулатива. Ден пред распуштањето на Собранието – без консултации со опозицијата – шверцерски променија една третина од Изборниот законик! Тоа да го направеше Груевски, ќе имаше граѓанска војна. Тоа не се случува ни во Африка. Плус, направија т.н. „геримандеринг“ со прекројувањето на Дебар и Маврово – и затоа сега има поголем број албански пратеници со ист број гласови. Ова само ги зголемува нивните експанзионистички барања. Со еден збор, направија тотален хаос, само за да се одржат на власт. Но ова им е Пирова победа и следната влада нема да трае подолго од година-две.

Како ќе се позиционира Левица во очигледно сложените преговори што претстојат за формирање влада?
– Нашата цел на овие избори беше Собранието, а не Владата. Целта е постигната. Нашите двајца пратеници ќе повлечат двоцифрена бројка пратеници на наредните избори, кои пак ќе бидат предвремени. Е, дури тогаш можеме да бидеме клучен фактор за таа нова влада. Сега, со двајца пратеници, доколку би оделе во која било влада само за да бидеме во власта – тоа би било класично „шиткање“. Затоа, нашите планови се подолгорочни, а не од денес за утре. Така што, во овие околности, најверојатно е дека ќе дејствуваме како парламентарна опозиција, без оглед кој би формирал влада.

Постојат ли можности Македонија да западне во политичка криза во процесот на составување на владата?
– Самиот изборен резултат е веќе политичка криза. Таа ќе потрае минимум до следните локални избори, в година. Тогаш очекувам пад на таа влада и предвремени парламентарни, заедно со локалните. Или, ако не бидат во ист термин, максимум за уште една година. Значи, наредните две години ќе бидат кризни – по сите политиколошки дефиниции. Ако ги додадете решавањето на косовското прашање, дестабилизациите на Србија и Бугарија и бесперспективноста на Западен Балкан кон неговата ЕУ-иднина – тогаш треба да бидеме среќни ако Заев не ја федерализира Македонија во овие две години. Ќе дадеме сѐ од себе да го спречиме тој налудничав план за пропаст на Републиката.

Без оглед на околностите, задоволни ли сте што влеговте во Собранието?
– Презадоволни сме! Иако, ако беше една изборна единица, ќе бевме шест пратеника со истиов број гласови. Дури по изборите сфативме што, всушност, постигнавме. Нешто што го нема постигнато ниту една помала партија изминативе децении на политичката сцена. Двајца влезени, двајца украдени! Дури сега доаѓаат нашите пет минути од собраниската говорница. Еве ви една компарација – коалицијата на СДС, „Можеме“, има 24 партии, а освоија 46 мандати. Значи, секоја партија во таа коалиција освоила по 1,9 пратеник. А Левица, сама, освои два чисти и два украдени пратеника! Па, сега вие видете колку вредиме. Еден пратеник во нивната коалиција „тежи“ 7.000 гласа, а еден пратеник на Левица „тежи“ 19.000 гласа.

Според вас, со кои приоритетни прашања треба да се зафати новиот парламентарен состав?
– Зачувување на унитарноста на Републиката е приоритет, укинување на противуставната двојазичност, како и воведување една изборна единица, бидејќи овој шизофрен систем буквално ја фалсификува народната волја и прави привид и илузија на легитимност! На пример, коалицијата на Алијанса и Алтернатива имаат двапати повеќе гласови од нас, а шест пати повеќе мандати!? Која е оваа логика? Кое е ова фер натпреварување? Ова лудило ќе мора да го промениме и ќе го промениме.
Следно поле се економијата и социјалата, како и антикорупцијата. Нашите пратеници, наместо заспани убавици, ќе бидат мотори за продуцирање добри и правични закони. Ќе го отвориме Собранието за граѓаните и нивните проблеми. Ќе воведеме приемни денови за средби со нив. Ќе се консултираме со експерти и здруженија од разни области, ќе се бориме машки и ќе ја оправдаме довербата, за на наредните избори – кога и да бидат – да имаме двоцифрена бројка на пратеници. Ќе се факторизираме на македонската политичка сцена, да не може ништо да се случи без наше одобрување. А тогаш, нека му ја мислат криминалците, подмитливите и клиентелистите.
 
Член од
9 мај 2018
Мислења
1.628
Поени од реакции
2.167
Минута молк за сите кои кажаа дека Левица е приврзок на ДПНЕ. Десет минути молк за незналиците што кажаа дека ќе се шитнеле кај Заев.

Како што кажав, доколку коалицираш не значи дека ќе им бидеш чиновник на поголемите, ама со овој потег партијата ќе се изгради на уште повисоко ниво и ќе добие многу на кредибилитет.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.395
Поени од реакции
7.840
Постизборно, малку реален муабет, да не правиме зијан, според тоа шо глеам кои се ликови зедоа активно учество во кампањата давајќи поддршка на Левица, претходно активисти на Единствена Македонија на Бачев, па Бојкотирам итн, се од апла ДПМНЕ, да не испадне дека ќе има минута молк за Левица.

Различна понуда, има идеолошка подлога, но резултатот повеќе се должи на гнилата конкуренција и револтот кон Курто/Мурто, неголи кон квалитетните настапи. Најекспонираните ликови на Левица, кои беа од зачетокот не само шо не се таму, туку и плукаат, така да нешто не штима.

Да не испадне една минута молк за Левица до наредни избори.

Еве едно гледиште од другата страна на Левица, другата страна на приказната, пред да земе да мрчи некој за изворот, изјавите се воглавно од екс членови/основачи на Левица,

Судир на „идеологии“ или како се степавме за 300 илјади евра

пишува: ГОРДАН СТОШЕВИЌ

Не така дамнешната, 2016-та година, никој не ни можеше да претпостави дека единствената прогресивна идеја по осамостојувањето на Македонија ќе биде убиена во така краток рок. Тоа попладне на шести февруари се собравме околу стотина делегати на основачкото Собрание на партијата, на кое, на првиот Пленум на партијата, ќе поставиме темел и план за акција, како и програма на партијата за иднина.

Така, Левица го здогледа светлото на денот во плурална Македонија. Некако во очите на сите делегати можеа да се забележат решителност, самодоверба и задоволство од остварувањето на сонот и целта, конечно во земјата да се појави политички субјект заснован исклучиво на прогресивни леви идеи. Стануваше збор за групи инволвирани во самото основање на партијата, субјекти кои, пред сè, доаѓаа од граѓанскиот сектор, бројни активисти кои години наназад учествуваа во разни општествено-политички случувања во земјата. Тука, пред сè, морам да ги спомнам, левите работнички движења „Ленка“ и „Солидарност“ како едни од факторите при основањето, движења кои веќе беа етаблирани на полето на општествената акција низ борбата за работнички права.

Тука, секако, имаше и неколку граѓански организации и здруженија како „Аман“, како и членови на некогашната Комунистичка партија на Македонија, кадри чие искуство беше од големо значење при формирањето на партијата. Значи, новата партија на левиот политички спектар на Македонија собра еден голем дел од општествениот активизам кој ја обележа историјата на граѓанските протести во пост-транзициска Македонија.

Меѓутоа, на самиот почеток, претставувањето на партијата беше игнорирано од страна на mainstream медиумите, со цел таа да се покаже како небитен политички фактор, како некој на кој не може сериозно да се смета во иднина. Тоа беше во време на турбулентни случувања во земјата, во екот на тн. „шарена револуција“, граѓански протести против авторитарниот режим на владејачката, крајно десничарска партија, ВМРО-ДПНМЕ.

Владеењето на премиерот Груевски кое во голем дел е заслужно за застранување од патот на европски интеграции и реформи. Политичко раздобје во кое новата партија Левица мораше цврсто да ги позиционира своите политички ставови, како и својата идеолошка матрица. Како што веќе реков на самиот почеток, mainstream медиумите, кои се во сопственост на крупниот капитал, во голем дел го игнорираа овој нов политички субјект, па дури и во текот на изборната кампања есента 2016 година.

Така беше и покрај тоа што многу членови на партијата беа ангажирани во „шарената револуција“, од кои некои, подоцна, ќе бидат судски процесирани поради своите активности против авторитарната власт на клеро-нацистичката партија ВМРО-ДПМНЕ на чело со нејзиниот претседател Груевски. Како одминуваше времето и како се приближуваше терминот за одржување на предвремените избори во Македонија, политичките пресметки сè повеќе се интензивираа на политичкиот спектар, каде јасно можеше да се детектира новото прегрупирање и покрај идеолошко-политичката матрица. Сите имаа една цел, симнување од власт на партијата која систематски, повеќе од една деценија, го пљачкосуваше и го уништуваше својот народ, систем во кој цветаа митото и корупцијата, криминалот, и неконтролираното трошење на народни пари.

Секако, на овие избори својата шанса ја гледаше и новоформираната партија Левица, која уште на почетокот покажа дека нема политичка зрелост да се идентификува како сериозен политички фактор на кој може да се смета во иднина. Се покажа дека сомнежите за тоа, на неколкумина од нас, беа оправдани.

Тоа се виде веќе при внатрепартиското одлучување за излегување на избори, нешто што доведе до непремостливи разлики помеѓу членовите од највисоките раководни органи на партијата, Централниот комитет и Президиумот. Не се чекаше многу сите недостатоци да излезат на површина и да ја добиеме вистинската слика на сè она за што не се боревме.

На два месеци пред одржување на изборите, 16 октомври 2016 година, на седницата на ЦК на партијата (на која бев присутен) требаше да се одлучува за евентуална коалиција со опозицискиот блок на цело со СДС. Седницата помина во многу жолчна и напната атмосфера, проследена со нарушени меѓучовечки односи. Во тој контекст, еден од поранешните најистакнати членови на партијата, кој подоцна ќе стане советник во владата на СДС, Бранимир Јовановиќ рече:

„Влошувањето на односите меѓу двете крила во партијата, ескалацијата на вербални судири и кавги, закани и физички напади, замрзнувањето на членство во партијата и исклучувањето од партијата, како и меѓусебните обвинувања и прес-конференции на завојуваните страни и сè она што не беше убаво, беше видливо насекаде. Сето тоа предизвика голема несогледливи штети, и покажа дека новата партија не само што не е подобра од останатите партии, туку е и полоша.“

Меѓутоа, и пред одржувањето на ЦК на 16 октомври 2016 година, можеше да се препознае одреден меѓусебно идеолошки антагонизам внатре во партијата, но како сите да чекаа погоден момент за сите разлики да избијат на површина. Се чини дека тоа беше вистинскиот момент и чкрапало партијата Левица да тргне во надолна линија. Така, онаа група која заговараше коалиција со опозицијата со цел симнување на режимот на Груевски, се најде на удар на повеќето членови на ЦК на партијата, кои инсистираа на самостоен настап на претстојните избори.

Оттаму еден помал дел од тоа мнозинство започна жестока кампања против оние кои ја застапуваа идејата за коалиција со опозицијата, и беа обвинети за фракционизам и предавство, иако по Статутот на Левица, во партијата беа дозволени фракции. Работите излегоа од контрола кога двете страни излегоа во медиумите со свои известувања за сето тоа. Од денешна перспектива, поранешна членка на ЦК на партијата, и граѓанска активистка, Жаклина Мијалковиќ, вели:

„Таа ноќ, пред седницата на ЦК бевме изложени на канонада од навреди и неверојатни вулгарности и гадости од страна на поедини другари кои беа собрани околу линијата која не дозволуваше никакви преговори и разговори за коалиција. На денот на седницата на ЦК доведоа маса луѓе кои ги видовме прв пат во животот, луѓе кои се претставија како „локални ќелии“. Тогаш се покажа дека Апасиев и неговите луѓе не се онакви какви што се претставуваа дотогаш, туку насилна и вулгарна групација која не прифаќа туѓо мислење.“

Со неа се согласуваат и нејзините другари и соборци од граѓанската организација „No pasaran!“, како и од „Движење за чист воздух“, Марјан Ненов и Владимир Куновски, кои исто така беа на удар од групата на Апасиев, но и мнозинската група од оние кои подоцна се судрија со Апасиев во борбата за превласт во партијата. За тоа Ненов ќе рече:

„По 11 години живот во режимот на Груевски беше неопходно да се создаде опозициски фронт кој заедно ќе му се спротивстави на режимот, раководен од моќ и пари. Меѓутоа, во партијата Левица не мислеа сите така. Еден помал дел, кој подоцна ќе дојде од „нигде никаде“ засекогаш ќе ја смени структурата на партијата, нешто што ќе создаде пат за непречено разбивање на партијата, зад чиј распад покрај моќните политички и разузнавачки структури, стоеше и корумпираната судска власт, која со своите одлуки во повеќе наврати докажа дека тој дел од власта, покрај извршната и законодавната, беше под контрола на партиските структури на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Се покажа како реално она за што се говореше во политичките кулоари, дека одредени структури се вплеткани во основањето на самата партија поради остварување на нечии виши интереси, над нашата заедничка идеја за создавање на прва партија која ќе биде на страната на угнетениот народ. Затоа, Левица подоцна ќе стане пропаднат проект, блед сон за остварување на работничките и граѓанските права, недемократска партија која не преставува ништо од оние цели поради кои и беше формирана. Наместо Левица да креира нови лидери, создаде диктатори.“

Неговото мислење го дели и бившиот член на ЦК на партијата, денес граѓански активист, Владимир Куновски, кој додава:

„Недостатокот на демократски капацитет на партијата, како и самоволието на поедини високи партиски функционери, пред сè членови на Президиумот, Димитар Апасиев и Здравко Савески, заедно со нарушената меѓучовечка комуникација, полна со навреди и лични дискредитации и дисквалификации, со безброј фалсификати на партиските документи и злоупотреба на партискиот печат и штембил, како и на партиската архива, со кои противстатутарно се разрешени, а подоцна и исклучени голем број членови на ЦК и Президиумот, се само некои од причините за застранување на самата партија, па и причинско-последичните реакции кои делуваа спротивно од Статутот на партијата.“

По спроведената изборна кампања и излегувањето на избори на 16 декември 2016 година, македонската јавност конечно дозна дека постои нов политички субјект на македонската политичка сцена. Така Левица за прв пат стана видлива за јавноста. Меѓутоа, она што нè загрижуваше нас, самите членови на партијата, беше поделеноста во нашите редови по исклучувањето на фракцијата која се залагаше за коалиција со опозицијата, фракција која воедно беше и Иницијативен одбор за свикување на Пленум на партијата.

Самите резултати, по самостојниот настап на парламентарните избори, не ни даваа премногу право да бидеме оптимисти, со оглед на тоа што освоивме скромни 1,03% од гласовите, што не ни овозможи да станеме парламентарна партија. Единствена сатисфакција, ако може така да се рече, во тие турбулентни времиња, беа парите кои требаше да ги добиеме од страна на државата, за финансирање на политичките партии кои го поминаа изборниот цензус од 1%.

Меѓутоа, токму тие пари, во износ од 17,5 милиони денари или скоро 300.000 €, станаа камен на сопнување и уште поголеми поделби во партијата. Тоа беа големи пари, со оглед на тоа дека партијата ја помина целата кампања со само неколку илјади евра, имајќи предвид дека тоа беше новоформирана партија која на почетокот не зависеше од крупен капитал, со многу лимитирани ресурси.

Меѓутоа, по одржувањето на изборите во партиската каса, на неколку пати, во период од 6 јули до 13 јули 2017 година, легнаа скоро 1,6 милиони денари или околу 26.000 €. Парите беа уплатени од Државната изборна комисија и Министерството за правда. Дури кога легна првата рата на сметката од 5,4 милиони денари или 90.000 € на крајот на следната година, или поточно на 5 декември 2018 година, веќе се знаеше дека најмоќната фракција во партијата, онаа на Апасиев, ќе изведе преврат и ќе ја преземе партијата. Нешто на што предупредував со месеци наназад во партијата, имајќи во обѕир дека добивав сигурни информации однадвор, меѓутоа, без никаков успех, бидејќи повеќето упорно ги игнорираа моите предупредувања, тврдејќи дека не ги интересираат теории на завера.

Меѓутоа, се чини дека парите не им беа единствениот мотив на пучистите, туку тука има и уште нешто, многу подлабоко. Секако, во прв ред доаѓа предвид свртувањето на партијата на десно по 16 декември 2016 година, особено кога опозициската СДС дојде на власт, по сите оние случувања во македонското Собрание на 27 април 2017 година, заменувајќи ја дотогаш владејачката десничарска ВМРО-ДПМНЕ, после полни 11 години непрекинато репресивно владеење. Таа пролет, 2017 година, е навистина турбулентно раздобје за земјата која со месеци беше во политичко-безбедносна криза без нова влада.

Во тоа време поголемиот дел од партијата презеде низа активности со помош на највисоките партиски органи, ЦК и Президиумот против Иницијативниот одбор за одржување на вонреден Пленум на партијата. Опасен маневар кој повеќето од членовите го поддржуваа, додека водечкиот пар, Апасиев-Савески, по пат на дисциплинирање на членови на Иницијативниот одбор покажуваше моќ во партијата, а во исто време манипулативно ги криеше од јавноста сите случувања во самата партија. Тие двајца ги влечеа сите конци во раководството на Левица која наврапито целеше во пропаст.

Овој судир дури заврши во Основното Јавно обвинителство, кое ги отфрли сите жалби на членовите на Иницијативниот одбор, па таквите судски одлуки го трасираа отворениот пат за борба на двајцата најистакнати членови на партијата, Димитар Апасиев и Здравко Савески. Нешто што подоцна ќе се претвори во личен судир меѓу нив двајца, во борбата за превласт во самата партија. Првиот, изразит национал-социјалист и шовинист, а другиот, либерален демократ и опортунист, луѓе кои цело време се претставуваа за револуционерни левичари.

Познатата граѓанска активистка и борец за човекови права, еден од најистакнатите членови на граѓанското движење “Стоп за извршителите“ и „Човекот над профитот“, како и филмска режисерка и културолог, Ана Глигорова, за ова вели:

„Комуникацијата со останатите членови на партијата не беше можна поради затегнатите меѓучовечки односи, но и поради обвинувањата дека сме пучисти и дека работиме за опозицијата, но во прашање беше нешто сосема друго. На крајот на краиштата, подоцна останатите членови ќе го видат насилното присвојување на партијата од страна на „Робеспјер непоткупливиот“ (Димитар Апасиев) кој не беше сам во сето тоа, а историјата во иднина ќе покаже поради што единствената левичарска партија во најава се распадна“.

Ако во текот на цела 2016 година се боревме за позиционирање на македонската политичка сцена, и правевме подготовка за изборите на крајот на годината, а цела 2017 година ја поминавме во разноразни меѓусебни обвинувања околу тоа кој сè работи на разбивање на партијата, 2018 година се покажа како најтешка во краткиот период на постоење на нашата партија. Внатрепартискиот судир сè повеќе добиваше на интензитет, а завојуваните страни беа сè побројни. Од една страна беше официјално формираната фракција според Статутот на партијата, „Марксистичка организација – Црвени“, мала група луѓе од шест членови на ЦК, меѓутоа, мошне реакционерна и субверзивна во своите идеи и активности.

Потоа, тука е најголемата групација, составена од членови на ЦК кои го поддржуваа главниот опонент на Апасиев во борбата за превласт во партијата (што подоцна ќе се покаже за точно), Здравко Савески. Идеолошки позиционираните луѓе околу центарот, кои по малку лутаа на либерално-демократскиот политички спектар, склони кон секакви авторитети и предрасуди.

И сосема на крајот, третата страна, позиционирана десно во партијата, исто така мала група, околу десетина луѓе собрани околу Димитар Апасиев. Луѓе на кои пред сè им недостасува идеолошко-политичко образование, но и искуство во теорија и пракса, класични партиски апаратчиња склони кон култ на личност. Меѓутоа, таа група подоцна ќе се препознае како најоперативна на терен, и во молскавичен и спектакуларен пуч ќе ја преземе партијата. Тој идеолошки судир на „левицата“ ќе стане вистинска престрелка помеѓу либералите и десничарите, нешто што ќе се препознае за вистински момент за буржоазијата во самиот старт да ја уништи единствената идеја која дотогаш се појавила на левиот спектар на општествената акција и политичката одговорност.

Се покажа дека во таа борба на буржоазијата победата ја однесе десницата, со оглед на историските околности во кои се наоѓа Македонија. Земја под силно влијание на империјализмот, како од западот така и од истокот. Земја која беше на работ на граѓанска војна по сите случувања во македонското Собрание на 27 април 2017 година, но и земја чиј народ живее во перманентен страв од меѓуетнички судири, надевајќи се на влез во евро-атлантските организации, во кои гледа некаква сигурност.

За таа цел новата власт го распиша контроверзниот референдум на 30 септември 2018 година, за промена на името на земјата како услов за влез во НАТО по потпишувањето на Спогодбата со Грција неколку месеци порано. Тоа, секако, беше иницијална каписла за активирање на екстремната десница во земјата, која препозна загрозување на македонскиот национален идентитет, причина повеќе да се повика народот на улица низ целата земја. На вака напнатата состојба во голем дел кумуваше и рекордно малата излезност на Референдумот (околу 38%) на кој 90% од излезените гласови беа за промена на името и ново име на државата. Меѓутоа, и покрај тоа што референдумот пропадна (помалку од 50% излезност) тогашната власт ги уважи резултатите, и започна процедура околу промена на името со ново согласно спогодбата со Грција.

Паралелно со сите овие случувања, низ целата земја се одвиваа граѓански протести под покровителство на движењето „Бојкотирам“, околу кое беа собрани исклучително екстремни, крајно десничарски, елементи на политичката сцена, но и субјекти кои не му припаѓаа на политичко милје, чиј сентимент е пред сè длабоко клерикален, како разноразни црковни организации од земјата и дијаспората. Исто така, во редовите на движењето “Бојкотирам“ имаше и приличен број на „непрофитни“ организации како „Христијанско братство“, но и навивачки групи, како хулиганите на фудбалскиот клуб Вардар „Комити“.

Прилично долг текст, кој не е целосно пренесен затоа шо е ептен долг за еден пост, но има нови моменти, досега непознати за јавноста. Колку е веродостоен, секој сам нека цени.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.564
Поени од реакции
13.894
Постизборно, малку реален муабет, да не правиме зијан, според тоа шо глеам кои се ликови зедоа активно учество во кампањата давајќи поддршка на Левица, претходно активисти на Единствена Македонија на Бачев, па Бојкотирам итн, се од апла ДПМНЕ, да не испадне дека ќе има минута молк за Левица.

Различна понуда, има идеолошка подлога, но резултатот повеќе се должи на гнилата конкуренција и револтот кон Курто/Мурто, неголи кон квалитетните настапи. Најекспонираните ликови на Левица, кои беа од зачетокот не само шо не се таму, туку и плукаат, така да нешто не штима.

Да не испадне една минута молк за Левица до наредни избори.

Еве едно гледиште од другата страна на Левица, другата страна на приказната, пред да земе да мрчи некој за изворот, изјавите се воглавно од екс членови/основачи на Левица,

Судир на „идеологии“ или како се степавме за 300 илјади евра




Прилично долг текст, кој не е целосно пренесен затоа шо е ептен долг за еден пост, но има нови моменти, досега непознати за јавноста. Колку е веродостоен, секој сам нека цени.
Што е чудно тука? Левите веќе имаат една најлева партија која си ја гласаат, полево од тоа не може да оди, па сосема логично ќе си бараат гласови десно, каде што има нормални луѓе. Уствари кога на десничарските ставови ќе ги додадеш некои леви работи, како борбата за работничката класа, добиваш најдобра идеологија за обичниот човек.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.395
Поени од реакции
7.840
Што е чудно тука? Левите веќе имаат една најлева партија која си ја гласаат, полево од тоа не може да оди, па сосема логично ќе си бараат гласови десно, каде што има нормални луѓе. Уствари кога на десничарските ставови ќе ги додадеш некои леви работи, како борбата за работничката класа, добиваш најдобра идеологија за обичниот човек.

Јас да сум како тебе ќе барам авторски права за цитирање на еден вака содржаен текст.

Не кажа само дали си ти од тие ептен десно нормалните или ептен лево ненормалните?

Да заокружиме, да не должиме многу :icon_lol:
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.564
Поени од реакции
13.894
Јас да сум како тебе ќе барам авторски права за цитирање на еден вака содржаен текст.

Не кажа само дали си ти од тие ептен десно нормалните или ептен лево ненормалните?

Да заокружиме, да не должиме многу :icon_lol:
Кажав што е најдобра идеологија, комбинација од двете, со поголема застапеност на десничарски ставови.
Автоматски споено мислење:

А ти на кои припаѓаш, да не си со исфрлените од Левица? :D
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.395
Поени од реакции
7.840
Кажав што е најдобра идеологија, комбинација од двете, со поголема застапеност на десничарски ставови.
Пак да речам, она баш содржајно, примамливо звучи. Добра платформа.

А ти на кои припаѓаш, да не си со исфрлените од Левица? :D
Не јас бев за ДПМНЕ, па за Единствена Македонија/Бојкотирам, еве сеа за Левица сум, ама без членска.

Чисто идеолошки да речам, по твоја аналогија.
 

Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
882
Поени од реакции
1.404
Јовановиќ: Оваа „Левица“ е екстремна десница

Оваа „Левица“ не е никаква левица, туку е екстремна десница, оценува Бранимир Јoвановиќ, еден од основачите на партијата, која на чело со Димитар Апасиев, на овие избори обезбеди влез во парламентот со двајца пратеници.

Jовановиќ, кој едно време беше дел од Левица, која се појави на сцената како здружение на граѓани, а прерасна во партија, вели дека пораките на Апасиев се загрижувачки. Наместо да им се заблагодари на граѓаните кои му ја дадоа поддршката, првата негова изјава е „Сите ќе ве стрелам“, забележа Јовановиќ во емисијата „Трилинг“ на ТВ 24.

„Ваквите закани се опасни особено што доаѓаат од човек кој сега ќе биде пратеник и со можност да биде дел од власта“, вели Јовановиќ.

Тој додава дека не е прв пат Апасиев да зборува за бесење и стрелање.

Според Јовановиќ, ако се формира влада со тенко мнозинство, тогаш двајцата пратеници на Левица ќе може да собираат политички поени на ширење екстремен национализам.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.422
Поени од реакции
9.107
Јовановиќ: Оваа „Левица“ е екстремна десница

Оваа „Левица“ не е никаква левица, туку е екстремна десница, оценува Бранимир Јoвановиќ, еден од основачите на партијата, која на чело со Димитар Апасиев, на овие избори обезбеди влез во парламентот со двајца пратеници.

Jовановиќ, кој едно време беше дел од Левица, која се појави на сцената како здружение на граѓани, а прерасна во партија, вели дека пораките на Апасиев се загрижувачки. Наместо да им се заблагодари на граѓаните кои му ја дадоа поддршката, првата негова изјава е „Сите ќе ве стрелам“, забележа Јовановиќ во емисијата „Трилинг“ на ТВ 24.

„Ваквите закани се опасни особено што доаѓаат од човек кој сега ќе биде пратеник и со можност да биде дел од власта“, вели Јовановиќ.

Тој додава дека не е прв пат Апасиев да зборува за бесење и стрелање.

Според Јовановиќ, ако се формира влада со тенко мнозинство, тогаш двајцата пратеници на Левица ќе може да собираат политички поени на ширење екстремен национализам.
Дај бре човек исчезни. Смешен си.

Или барем кажи која ти е дневницата, ако е прифатлива и ние како тебе да одработуваме.

Поштено ве изора димче и уште цвикате.

Али допрва иди лошото.... Заев нека земи поголем одмор, ќе му треба.

Левица во парламент!
 

Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
882
Поени од реакции
1.404
Дај бре човек исчезни. Смешен си.

Или барем кажи која ти е дневницата, ако е прифатлива и ние како тебе да одработуваме.

Поштено ве изора димче и уште цвикате.

Али допрва иди лошото.... Заев нека земи поголем одмор, ќе му треба.

Левица во парламент!
isfrustrirano prdle so 10 prosek (wow), fanatik, dojde da ima 2 pratenika iskoristuvajki gi nezadovolnite od dvete partii, pa se strcavte site vmroni da se nadevate deka ke napravite vladata so crnokoshulashov.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom