ДУИ, Алијанса.... никој од нив не ни е крив. Зошто секогаш албанските партии ги гледаме како да ни се кривци за сите отстапки кои се направени од сите досегашни влади, за сите тие подметнувања...? Еве и ти или јас да сме албанци сигурно ке играме како што играат валкано ДУИ а ако бидат во позиција исто ке играат и Алијанса, и тогаш тоа од наша перспектива би било исправно. Не е ли проблемот повеке кај македонските партии? Не е ли проблемот во тоа што вмро и сдсм немаат минимум догвор за да се заштитат од уцените на дуи или било која друга партија? Кој и да победеше на овие избори (сдсм или вмро), или на наредните, исто како и на претходните, се судрува со истиот проблем- уцени од албанската партија која е неопходна за формирање намнозинство од 61 пратеник. Сега ке коленичел Заев а ако попбедеше вмро секако ке коленичеше Мицковски. Зошто таму некаде зад кулисите (никако јавно или со јавна понуда) не се договорат вмро и сдсм, без никакви меѓусебни условувања за било што, едноставно еден дил за кој ке знаат само лидерите и во секоја прилика истиот би се негирал дека постои, а тој дил да биде дека македонската партија која ке победи на изборите ако се соочи со уцена од страна на партија од типот на дуи, автоматски добива од опозиционата македонска партија контингент на доволен број на пратеници за да може ефикасно да се одбрани од уцените. Тој контингент на пратеници од македонската опозициона партија ке биде во форма на ,,фракција,, ,,незадоволници од лидерот на опозицијата,, ,,реформисти,, и слични ,,театри,,. Доволно е еднаш или два пати да се одигра тој театар и албанските партии ке го сватат, ке сватат дека уцените не им поминуваат и едноставно ке се вратат во реалноста.