Утринава на кратко, на тој фамозен „никогаш-виден ултра брз и модерен гигасајт“ на ДИ...
kanal5.com.mk
извор од ДИК тврди дека хаосото е толкав што преку 80.000 гласови се погрешно распоредени.
Дај бе да се самоукинеме ко држава.
Не е се до ДИК, читај понатаму.
Зошто недела дена пред избори бил сменет софтверот iVote Demokra што се користел повеќе од 10години ?
Зошто, па сигурно затоа што Дуна им побарале (многу) помалку пари на ДИК за разлика од Антофакти (still worth a google) и Гоце Арменски, сопствениците на iVote.
Мислам дека огромен fuck-up имаат направено од Duna во комбинација со претседателите на избирачките места кои освен што требаше да потпишуваат дупли записници, исто така требаше и да ги внесуваат електронски гласовите а и некои податоци од записниците. Малку е жустричко во просторијата на крајот по броењето на гласовите, дур се пребројат убаво, дур се проверат сите, дур се пополнат дуплите записниците, дур се пополни електронски... тука има голем притисок + луѓето изморени + со маски цело време кислород значително намален...
Преку апликацијата требаше да се внесува и број на излезеност на секои 2 саати, и пред крај во 20:30.
Во 20:25 доаѓа СМС од ДИК:
VAZNO!!!!!!!!
Podatocite za 20:30 vnesete gi vo 20:45
Боже господе.
Ич не можам да се сетам дали редоследот на партиите беше ист на ливчињата за гласање, во записниците, и во веб апликацијата за внесување.
Ако не беа... ОГРОМНА шанса за грешки.