Тотално е грешен муабетот дека наородот не ги казнил Сдсм, според мене и тоа како ги казни и Дпмне и Сдсм. Е сега факт е дека требаше уште повеќе, Сдсм на овие избори освоила 324.084 гласови, ајде 50 000 од овие нека се на Беса, која на минатите освоила 57к+, нека бидат 275к освоени гласови на Сдсм на овие избори, не разделувам понатаму на Роми, Турци, Бошњаци под претпоставка дека некои малцинства и во Вмро залутале и дека нивниот број вкупен не е над 20к. На претходните избори Сдсм освоила 436,981 гласачи, еве 36k нека се од други националности, тоа се 400к гласови на Македонци значи 125к отприлика Македонци биле разочарани и го казниле Сдсм, што е голема бројка. Жално е што 275 000 луѓе Македонци во Македонија се океј со промена на име, одрекување од историја, само да се задржи работа во конфекција или како чувар на продавница. Секако дека и Дпмне т.е. Сдсм2 народот дебело ги казни за нивната улога на нем сведок и на соучесник. Кај нив е полесно да се пресмета чиста бројка, пошто нема коалиции со Беса. Минатите избори 454,577, сега 312.745, значи повеќе од 140 000 изгубени гласови. Да сумираме, груба математика е дека отприлика 125 000 + 140 000 = 265 000 луѓе решиле да ја казнат политиката на самоуништување. Браво за нив, се надевма дека овој број ќе порасне до следните избори, знам колку лесно се купува Македончето со пари и колку лесно се заплашува со закани, ама ќе дојде време кога нема више што да изгуби од што е постојано газен, кога безвреден ќе му е веќе животот и овие 265 000 многу лесно ќе се дуплираат.
П.с. Со бројкиве гледав да доловам колку етнички Македонци казнувале или не казнувале, бидејќи сосема ми е јасно зошто Албанци, Турци, Роми не би имале ништо против договорот од Преспа итн.
Можеби сум пишал, ќе пишам уште еднаш, имам еден многу драг стих од песна “There is usually nothing wrong with compromise in a situation, but compromising yourself in a situation is another story completely “, ова мислам дека е најголемиот проблем и кај двете партии и најголема причина зошто членството бега и е незадоволно, т.е. се нема никаков став за ништо, ставовите се прилагодуваат по потреба, јас гласам, а не знам за што гласам, бидејќи се се менува во секунда како ништо да не било.