Добар ден на сите.
Од пред некое време читам во темата, но не сум напишал ништо до сега.
Јас ја почнав постапката за бугарско државјанство некаде во март 2016, а интервјуто ми беше во декември 2017 (додека да добијам произход од ДАБЧ, да се закаже за интервју итн). Произходот го добив врз основа на предец роден во периодот од 1900-1918 (мојот прадедо). Во министерството за правосудие исто така ги доставив изводите, произходот и потврда од Бугарскиот клуб од Струмица (само не се сеќавам дали беше кога го закажував интервјуто или за време на интервјуто). Во април 2019 статусот ми се смени на дополнително, па само повторно го доставив документот од Бугарскиот клуб од Струмица издаден на ново. Од 12ти август 2019 сум на положително (може да ме вметнете до списокот). Целата постапка ја водам во Софија.
Не сакам да спамам во темава, читав по претходните страни, но не успеав да најдам конкретен одговор на следните прашања:
- Дали е можно кога ќе биде потпишан указот, да побарам да ми го пратат во амбасадата во Скопје / конзулатот во Битола или во амбасадата во Будимпешта, доколку вонредната состојба биде укината и границите се отворени, бидејќи целата постапка ја водам во Софија? Колку што знам, доколку се е нормално, не дозволуваат праќања на укази по амбасади (освен ако не ја водиш постапката преку амбасада).
- Дали службената (општа) адреса Леге бр. 6 има некаков временски лимит на користење? Дали евентуално ќе мора да се најде приватна адреса?
- Доколку го подигнам указот од амбасада, и таму се пријавам на адреса Леге бр. 6 (или било која друга адреса), а во меѓувреме границите се отворат, дали е можно лично да одам во наведената општина и да се пријавам на таа адреса за да ме внесат во адресниот регистар (па потоа да добијам и ЕГН), или мора да чекам од амбасадата да пратат писмо до општината?
- Дали се закажува термин во МВР за сликање за лични документи како и во Македонија, или се оди директно и се чека на ред?
- Дали е уште можно да се смени возачката дозвола и за колку време се завршува тоа?
Ги поставувам сите овие прашања, бидејќи не живеам во Македонија, а моментално сум овде. Па, би ми било во корист доколку ги завршам сите овие работи во оптимално време, додека сум овде. Затоа, би сакал да се подготвам што е можно повеќе пред да го добијам потписот (дај Боже
). Мојата замисла беше: да го подигнам указот во амбасада (за да не чекам за подигање од Софија дури до декември-јануари), за време на подигање да пријавам адреса, потоа лично да одам до таа општина (во случајот Рајон "Средец", Софија), за да не чекам 2 месеци за писмото од амбасадата да стигне до општината, па да вадам документи по брза постапка од кога ќе го добијам ЕГН-то. Дали звучи изводливо, или е преамбициозно?
Ви благодарам однапред на сите одговори. Посебна благодарност до администраторката
@palekrstic и до сите кои што помагаат во одржувањето на оваа тема, бидејќи е извор на многу информации и е од голема помош за сите. Една пријателска сугестија: доколку е можно, би ви препорачал користење на некаков друг формат за одржување на списоците (Google docs, Online Excel), а линкот до тој документ да биде закачен на врвот на темата.
Поздрав и се' најубаво.