Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Штета што не се учиме на грешките.

И двата гола во наша мрежа ги имаме веќе видено во претходните 2-3 сезони (во иста или слична варијанта).

1. Прв гол...
- Директен виновник: Погба
- Индиректни виновници: Де Геа и Шо

Решенија:
- Де Геа да не додава топка пред шеснаесетник ако "везниот" играч не е сам.
- "Везниот" играч кој прима топка на 20- 30 метри од гол да има добро отворено очи и да не лета со паметот.
- Шо да не излетува напред ако неможе да се врати и покрие свој играч.

2. Втор гол...
- Директен виновник: Линделоф
- Индиректни виновници: Де Геа и сите играчи во 5-метарскиот простор

Решенија:
- Не смее да се дозволи противнички играч да биде поблиску до гол линија од одбранбен играч.
- Голманот треба да царува во 5 метри, а не да стои залепен на гол линија.
- При изведување на удар од корнер од противникот, бекови поставени до стативите се и тоа како корисни.

Џабе се прават стратегии за Марсијал, Рашфорд, Гринвуд... ако одбраната и средниот ред едни исти грешки повторуваат неколку сезони наназад.
 
Епа тие се тие ugly wins кој носат титули а ние уште ги немаме созреано.
Тоа е тоа што пишав пред мечот. Да видиме колку психички сме зрели да го искористиме огромниот подарок на конкурентите. Тоа го пишав од страв дека нема да издржиме, се покажа дека мојот страв бил оправдан.
Џабе викаме дека Ливерпул имал среќа и едно чудо бодови освоил така, е тоа е таа зрелост на тимот, да победи и кога не му иде. Ние сме сеуште далеку од тоа. Ни фалат 2-3 играчи со карактер и малку повеќе опит на стручниот штаб. Во превод, минимум две-три години титула не гледаме. Може да бидеме конкуренти и близу до неа, ама не и победници.
Ако ништо друго радува фактот дека почнавме да играме фудбал, што и не е мала работа!
 
Во превод, минимум две-три години титула не гледаме. Може да бидеме конкуренти и близу до неа, ама не и победници.
Мислам дека тоа е премногу. Летово ако квалитетно се дополни првиот тим и се ишутира ѓубрето, ќе останат уште некои ситни трансфери (Игало тип) за на клупа.
 
Многу сте се потресле за утакмицава,нема за што да не боли глава,ЛШ фаќаме преку лига дефинитивно.
Имаме проблеми со играчите кои влегуваат од клупа,не можеа воопшто да задржат топка,ниту да изнудат фаул,да тече времето.
Немаат искуство за да добиваат вакви натпревари,каде треба да го убиеш ритамот на утакмицата,а не да се браниш во 16 метри.
Шансата која ја промаши Рашфорд е само поради тоа што немаат интелигенција момчињата,не е само да ја збибериш,треба да осетиш од каде иде блокот,да шутираше на прва статива високо,0 шанси имаше да биде изблокиран,ама ајде почна да игра нешто по повредата и тој па да не мрсам муда многу.
Има надеж во тимов,со тоа што мора да се купат уште минимум 2 фудбалери за да ја направиме следната сезона поинтересна,вака со овој состав најголем дострел би ни бил ТОП4.
П.С
Само Лук Шо може да се повреди онака,да ти ебам прасето смотано.
 
Со овој состав догодина сме комотно трети, под услов да немаме многу повреди. Е сега за титула потребен ни е целосен ремонт на клупата односно резервите. Тами треба минимум 5-6 промени, засилувања, за да можеме да издржиме вакви утакмици и да се бориме за титула.

Sent from my SM-G960F using Tapatalk
 
Има неколку ликови во фан клубот на кои истиот им служи да си ги вадат фрустрациите. Ако Манчестер игра добро никаде ги нема, или ќе се појават во победа од 3-0 да кажат дека Мегваер еднаш на утакмицата изгубил топка која може во перспектива да не кошта натпревар. Значи цел тим ќе одигра перфектно, тие ќе се фатат за некое погрешно додавање на средина на теренот.

А ако Манчестер киксне, тогаш е журка. Ќе се појават како печурки после дожд, да си ја извадат нервозата и да го најават судниот ден.

Менталитет, нула.
 
Од нас зависи. Ако стегнеме овие 3 натпревари играме ЛШ преку ПЛ, ако не ќе бркаме преку ЛЕ.

Инаку кога започнува преодниот рок?
 
Од нас зависи. Ако стегнеме овие 3 натпревари играме ЛШ преку ПЛ, ако не ќе бркаме преку ЛЕ.

Инаку кога започнува преодниот рок?

Две победи на следните два натпревари и нерешено со Лестер значат сигурен пласман во ЛШ.
 
Како е сега официјално правилото? Гол-разлика или меѓусебен дуел?
Меѓусебен, со Лестер имаме 1-0, со Челзи имаме и вишок :icon_lol:
 
Лестер има пекол утакмици до крај, играат со Шефилд и Тотенхем во следни две кола. Челзи исто гостува на Ливерпул и последно коло игра дома со Волвс.

Распоредот е на наша страна без дилема, само да видиме каква реакција ќе има во четврток против Палас. До сега Јунајтед на Солскјер имаше два огромни проблеми - не знаеја да се вратат после примен гол во утакмица и после неочекуван кикс знаеше да им се деси дебакл во наредни 3-4 кола.

Првиот проблем покажаа дека е среден и против Тотенхем и против Борнмут и вчера. Да видиме за вториот. :)
 
Лестер има пекол утакмици до крај, играат со Шефилд и Тотенхем во следни две кола. Челзи исто гостува на Ливерпул и последно коло игра дома со Волвс.

Распоредот е на наша страна без дилема, само да видиме каква реакција ќе има во четврток против Палас. До сега Јунајтед на Солскјер имаше два огромни проблеми - не знаеја да се вратат после примен гол во утакмица и после неочекуван кикс знаеше да им се деси дебакл во наредни 3-4 кола.

Првиот проблем покажаа дека е среден и против Тотенхем и против Борнмут и вчера. Да видиме за вториот. :)
И јас истото го мислам. Обично после кикс (факт е дека ремиво е киск) паѓаа. Се надевам барем тука ќе покажат сила, зрелост, #тет.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom