Да така е било ако го слушаш Хептаграм
Ама математиката вели друго:
Прегледај го приврзокот 258815
Христијанството е исклучок и не можеш да кажеш дека е интерконектирано со државата од нулта година бидејќи раните христијани биле прогонувани, мачени, каменувани, сервирани пред лавови и распнувани на крстови скоро 3 века. Каде е нивната држава и владеење овде?
Јас мислам дека Константин е видел спас за Империјата во брзо-растечкото Христијанство, а и голем број од неговата администрација веќе биле христијани, оти биле писмени, оти им требало писменост да ја читаат Библијата сами, а не светиот отец да им дроби... исто и мајка му на Константин, Елена исто станала христијанка уште пред тој да прогласи официјално толеранција кон христијаните...
Пагански аспекти не ми пречат толку, мислам дека тие се апсорбирани за да биде поразбирливо Христијанството за тогашните луѓе, ама се додека не остане само на тоа и не се слават други богови со например жртвување девици, мислам тие обичаи се ок.
Христијанството веќе ја преминало критичната точка и онака органски ќе станало најдоминантна религија во Империјата, но со соборот во Никеја Константин го користи неговиот авторитет да наметне православие преку догмата со Тројството, аријанците се прогласени за еретици и другото го знаеме...
Она последново... на атеист може вака да му изгледа но државата оперира во политички реалм а црквата во подлабок духовен реалм, и затоа вака изгледа кога си ги мешаат улогите... само мала разлика е што главата на државата е од овој свет, а главата на црквата не е...