- Член од
- 19 август 2010
- Мислења
- 4.417
- Поени од реакции
- 11.176
Информациите кои кружат тука, барем оние кои се засноваат на некои извори, се дека ситуацијата ја кочи Камчев и моменталната управа, а дека Благо нејќел да плати, односно Мирко барал 800 илјади евра кои се спорни е буквално истата ситуација, очигледно има еден неспорен долг кои и ние тука го знаеме од околу 2 милиони евра, веројатно проблемот е што Орце заедно со моменталнава управа веројатно сакаат да извлечат повеќе за да пикнат нешто во свој џеб. Ништо чудно и Орце да се вртка уште наоколу за да некако опстане како „сопственик“ од позадина, ама со моменталниов долг не гледам сценарио во кое е можно такво нешто.
Оние што викаат дека власта заедно со град Скопје ја кочат за засноваат на сопствено мислење и одбивноста што ја имаат (имаме) спрема моменталнава власт, реалноста е дека на сите нас ни е јасно дека град Скопје сигурно нема да го превземе клубот со моменталниов долг од 2 милиони евра, ниту пак се должни да го направат тоа. Мислам дека барем со последниве 2-3 страни и информациите што ги пишаа неколку членови тука, причите се поклапаат и ја имаме отприлика реалната слика околу тоа што се случува во позадина.
Мене во целава прича не ми е јасно со кои пари во позадина планира влез бугаров, и во која насока одат преговорите, дали е планот да се плати долгот од нивна страна, дали би ги добиле академијата, тренинг центарот.. Што повеќе се одолговлекува, тоа повеќе ќе страда само клубот, играчите сигурно нема предолго да чекаат и ќе отиде уште една генерација и неколку години потрошени на градење тим фрлени во вода
Значи по тебе да ја тргнеме власта и град Скопје на страна, и да удриме фокусот на управата и Орце од една, и Благој од друга страна. Значи не е дека Благој сакал да плати се, ама други кочат. Благој сака да плати околу 2 милиона, ама овие му бараат плус околу милион ( мутен долг) кој он не сака да го плати и тука кочи работава? Некој други поупатени може да потврдат нешо околу ова или имаат други информации. Значи кога прашувам мислам на упатени ( луѓе кои имаат некои инфо од прва рука), а не рекла казала.