Русија - смена во надворешната политика?

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување
Епа тоа е муабетот, зашто не е во топ7, кога ги има сите предуслови, зашто народот им бега, зашто условите за живот не им се како на запад, а имаат богатства сите градови да им се како С.Петербург.

Тоа што за тебе Филипини е рај, не знам зашто па нив ги има насекаде низ светов и работат за ситна пара.
Затоа убаво кажа, се е релативно, ама муабетот е можности и реалност.

Секако си во право за тоа, моја грешка. Ама па и за Бугарски пасош се чека ред, па не значи дека се рај :D

Една Словенија подобри услови за живот имаат од Русите, а ништо немаат.
Ние исто, ем повеќе имаме од Словенците, ем по тиња :toe:

Vidi rusija e pregolema, ne e vozmozno da ima sekade ramnomeren razvoj toa go nema vo nitu edna bogata golema drzava, seedno dali zborime za usa, aus ili kanada. trgni ga na strana povrsinski malite evropski drzavi, ali eve i EU zemija pak ne e isto sekade.

Zosto ne e "pobogata" valjda zasto e pod konstanten napad od zapadot. Na kraj krajeva jas pak ke kazam, od moeto iskustvo tamu mene mi se dopadna, me potseti mnogu na zivotot vo eks ju sto u princip i ne bese tolku los.

Gradovite sto bev i gi vidov im se sosema OK. Sum videl 100pati polosi geta niz azija, pa i istocna evropa.
 
И тоа словени е многу растеглив поим. Нема никаков доказ дека словените испоубиле све при населувањето, напротив има мешање со домородното население, како и со другите племиња кои продефилирале на балканот(авари, бугари, нешто малку келти итн.). Од друга страна има и обратни процеси во Албанија и Грција. Таму се случува хеленизација/албанизација на словенското население. Според византиски извори словените при првиот бран стигнале до самиот југ на денешна континентална Грција, т.с. се до Пелопонез. Но, со тек на време откако Византија ги повратила териториите таму биле хеленизирани.
Дека сме 100% словени, не сме. Едноставно малцинството се претопило во словенското мнозинство, па посоодветен термин е дека сме носители на словенската култура.
Во Романија и Албанија, домицилното население се повлекува во приморски градови и планини. Словените се на секаде.
После доаѓа обратен процес (се враќа на сцена домицилното население), но словенските топоними остануваат повеќето, како доказ дека словенизирани биле тие предели некогаш. Така денес еден куп словенски топоними имаме и во Албанија и во Романија (а и во други земји ова се случува, Грција, на пример)
 
Има еден муабет: Која е суштинската разликата меѓу Словенците и Хрватите? Првите биле собари во Австро-Унгарија, а вторите коњушари! Русите им биле противници, а нас не не е*авале под разно. Тука лежи одговорот на твоите прашања!

Значи зависи каков газда имаш, а Русите си го убија својот газда успат уште 50 милиони.
 
Кога ќе подразмислиш држи и таа теорија на @jamajka доаѓаат римјаните и дел од словените одат преку Дунав кај своите браќа. Слабее Рим словените се враќаат на југ, на веконвите огништа, а романското и романизираното население се повлекува на планините. Пошто кој народ те остава тек така да ги запоседниш 90% од градовите на Балканот без војна? А речиси немаме никаков доказ за некаква си битка за запоседнување на градови, било каде на Балканот. Единствено солунската битка, но таму има голема концентрација на романско население.
Инаку Романија има 9000 словенски зборови, што е голем доказ дека имала дебело мнозинство на словени таму, исто како и Унгарија, а и Албанија и Грција се над 50% словени.
 
поента е таа, кој сака да сфати ке сфати.
 
Романија во 19 век ги забранува словенските зборови под влијание на западот.... иначе погледај ги имињата на Романците, 90% се словенски и доста подсетуваат баш на Македонските....
Богдан Илеску, Николае Чаушеску..
јас знам во мк луѓе Богдан Илиески и Никола Чаушески.... Називот за Романија е Влашко или Ароманија.... Ароман би имало значење за нероманец кој збори романски јазик....

Од каде побогу латини во трансилванија....

неможам сега, покасно ќе образложам, не бегале од Римјаните, пред римско колинозирале у Краина... Сеуште се користи од србите за колонизирани територии
 
Романија во 19 век ги забранува словенските зборови под влијание на западот.... иначе погледај ги имињата на Романците, 90% се словенски и доста подсетуваат баш на Македонските....
Богдан Илеску, Николае Чаушеску..
јас знам во мк луѓе Богдан Илиески и Никола Чаушески.... Називот за Романија е Влашко или Ароманија.... Ароман би имало значење за нероманец кој збори романски јазик....

Од каде побогу романци во трансилванија....
Чауш е турски, а мислам дека албанскиот јазик има помалку вкупно зборови од словенски во романскиот. Не сум сигурен за ова со албанскиот, додека нашиот има околу 25К зборови(ова се зборува за литературен јазик).
 
Мислев на начинот на којшто се основаат презимињата, кога ќе ги додадеш мнозинството имиња со словенска позадина. Претежно на прашањето чив си или од која фамилија си, се кажува името на фамилијата, Од Чаушевци, Чаушески, Чаушев, Чаушевиќ, типично словенско презиме.
 
Нема бегање од миксањето на јазиците, од било какви причини. Малку офф е ова, ама некаде 2002-2004 во Грција имаше иницијатива да се забранат и да се исфрлат зборовите со турско потекло! Лингвистите културно им одговорија да не се занесуваат, повеќе од 5К зборови биле такви, да избришеш или замениш отприлика 1/4 од фондот :facepalm:
Автоматски споено мислење:

Значи зависи каков газда имаш, а Русите си го убија својот газда успат уште 50 милиони.
Може така, а може и на кое скалило си по третман кај газдата! Мислам дека не убија никаков газда Русите, самите повеќето се истребија!
 
Последно уредено:
Мислев на начинот на којшто се основаат презимињата, кога ќе ги додадеш мнозинството имиња со словенска позадина. Претежно на прашањето чив си или од која фамилија си, се кажува името на фамилијата, Од Чаушевци, Чаушески, Чаушев, Чаушевиќ, типично словенско презиме.
Да, има пример Попеску во Романија и Попески кај нас. Исто има и Попоски влашко, како и Попоски македонско. Многу сличности има кај власите и словените. А и самиот збор влав во минатото не означувал припадност кон етничко потекло, туку кон сталеж. Т.е. влав=говедар/овчар/планински човек исл.
Како и да е, сомнителна е општо прифатената теорија дека словените тек така се населиле во 6-ти век, без никаква борба и тек така останатото население го примило словенскиот јазик. Па турците тука биле 500 години, а ни торбешите ни албанците не научиле турски, а не па православците.
Така што тука се поставува прашањето дали словените и власите се потполно различни народи или пак се браќа кои после 2-3-4 века повторно се спојуваат. Нормално дека откако доаѓаат римјаните дел од населението бега во планина, дел останува во градовите и се романизира и дел од него е протерано и ја напушта територијата на Македонија. За потоа сосема логично, после слабеењето на Рим тие браќа повторно да се спојат и словените да ги преземат градовите, па да се формираат влашки села.
 
Кога ќе подразмислиш држи и таа теорија на @jamajka .
Инаку Романија има 9000 словенски зборови, што е голем доказ дека имала дебело мнозинство на словени таму, исто како и Унгарија, а и Албанија и Грција се над 50% словени.
Што ако има? Кога 99.9% од јазикот нивни е поразличен од нашиот, така гледано и во нашиот јазик "многу" турцизми има па шо дека кога ни грам од турскиот јазик не разбираме....

Како и да е, сомнителна е општо прифатената теорија дека словените тек така се населиле во 6-ти век, без никаква борба и тек така останатото население го примило словенскиот јазик. Па турците тука биле 500 години, а ни торбешите ни албанците не научиле турски, а не па православците.
Отсекоаш овде биле т.е и ова не значи дека е вистина но полесно е дека отсекоаш овде биле да поверуваш неголи дека од карпати се доселувале баш у тоа време без никакви моторни возила, абе немој да ме јебеш, клапчо е тој што тоа го измислил, бадиала е за теории да се зборува, се е нагаѓање тоа...
 
Последно уредено:
Што ако има? Кога 99.9% од јазикот нивни е поразличен од нашиот, така гледано и во нашиот јазик "многу" турцизми има па шо дека кога ни грам од турскиот јазик не разбираме....

Отсекоаш овде биле т.е и ова не значи дека е вистина но полесно е дека отсекоаш овде биле да поверуваш неголи дека од карпати се доселувале баш у тоа време без никакви моторни возила, абе немој да ме јебеш, клапчо е тој што тоа го измислил, бадиала е за теории да се зборува, се е нагаѓање тоа...

Не е спорно тоа, поентата е чим има толку словенизми тоа значи дека народот или поточно дел од народот во даден момент зборувал словенски јазик.
 
Јас не сум професионалец во оваа бранша, ама како заинтересиран проучувач на некои текови, доаѓам до сличен заклучок на твојот! Тука ми се појавува еден голем прашалник за простирањето на т.н. словенство. Оти делот на Јарослављ и поширока околина имаат дијалект на рускиот јазик, кој е посличен на нашиот од колку на самиот руски, што од друга страна наведува на заклучок на движења на тој т.н. народ таму-ваму :toe:
Само поради исполитизираноста на историјата и науката, тешко дека некогаш ќе се дојде до колку толку реални заклучоци околу ова прашање!
 
Не е спорно тоа, поентата е чим има толку словенизми тоа значи дека народот или поточно дел од народот во даден момент зборувал словенски јазик.
Сакаш да кажеш дека насилно форсирани биле нов јазик јово на ново да учат? И така словенскиот јазик им ичезнал? Зошо баш они, а не и другите држави од регионов?
 
Па не насилно, туку со тек на време, а и имало таму римски генерали кои имале огромни поседи и зборувале на римски, како и нели на цел Балкан, тоа не е спорно. Но, таму преовладал римскиот елемент пред словенскиот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom