Ако сака да даде пари и пак да го боли глава секој месец дали нешто не е во ред може да земе кола со 180 000 км за 18к, оти била премиум бренд со фасцинантна опрема, спротивно ќе си земеш ново од салон за таа цена и барем првите 100 000 нема уво да ти чуе околу колата (јас би фрлил уште 3-4к и би го зел од Шкода Karooq).
Да прекрасно е чувството кога ќе влезеш во некој од овие три брендови Мерцедес (убедливо најдобар според мене), а после БМВ и Ауди, арно ама ако колата поминала 180 000 биди спремен дека за брзо те очекуваат не баш ефтинки сервиси на: амортизација, предница, ланец, кумплуг сет, држачи, електрика, клима..
Еден познаник вака се лизна, баш и тој вака тогаш се препираше дека барем 1 ден да возел БМВ па што сака нека биде и спука пред 2 години 16 000 евра за БМВ (сам си го увезуваше од Германија), следна година на одмор остана дефект ни напред ни назад во Грција (а демек вози лимузина и пол) и не му се виде ни одмор ни лето.
Згора на се имајте во предвид дека овие возила си се поскапички за одржување, така да 3 пати пребројување на пари пред да се инвестира во вакво нешто (многу лесно може инвестирањто од 18к да отиде на 21к уште во првите неколку месеци ако нешто не е во ред, така да ако си во мкд и не си некој бизнисмен или некој со наследство подразмисли убаво).
Е тука е влогот, или ќе возите премиум возило кое веќе некој го издрнкал 180-200 000 и ќе се замарате по мајстори (мене замаранциите со мајстори и губењето време пример ми е потешко отколку парите што треба да ги платам за сервисот), или ќе возите 2-3 класи пониска кола (сепак некоја средина) и првите 100 000 ако е се во ред фабрично освен масло/филтер и евентуално гуми ништо друго нема да треба да пипнете на возилото. Јас барем за тукашни услови би одел со втората опција, можеби ако живеам во некоја европска земја и да имам плата од неколку илјади евра месечно би размислувал поинаку (тогаш би си купил Мерџо на лизинг од салон
и ќе го менувам на секои 10 години).