Тоталниот распад систем кој и се случи на владеачката багра на референдумот е доказ дека македонскиот народ е државотворен народ, кој и покрај тоа што е бомбардиран со пропаганда од сите 4 соседа, и покрај тоа што доаѓаа лично да не' убедуваат најмоќните западни лидери како: Меј, Меркел, потрпретседателот на САД, како и обраќањето на Макрон по видео, и покрај тоа што во прашањето за промена на името и идентитетот беа вметнати и НАТО и ЕУ, и покрај тоа што тие што се претставуваа како најголема патриотска партија не водеа никаква кампања за заштита на нашиот идентитет, ниту повикуваа или сугерираа на народот, речиси имаше едногласен консензус кај етничките македонци по тоа прашање и беше кажано не на капитулацијата. Од тие 610К кои гласаа за промена околу 100К беа полнење, 300К беа немакедонци(не само албанци туку и: роми, турци, муслиманите со слаб врска за припадност кон македонското, бошњаци), а грото од останатите 200К се таа заева клика на која и беше претено, беше заокружувана со списоци и и' беше ветувано нешто ситно. Ретко, многу ретко, некој кој немал никаква корист излезе на референдумот, и покрај тоа што пропагандата беше навистина жестока.
Биди сигурен дека ретко кој балкански народ не би потклекнал на ваква пропаганда и глатко би капитулирал, земи ги бугарите на пример сигурно би имале 80% излезност со 90% за ДА опцијата. За албанците да не коментираме како реагираат на западен притисок. Освен грците и србите се сомневам дека некој друг на Балканот не би потклекнал.
Така што многу се потценува нашиот државотворен капацитет, на крајот на краиштата нема народ во Европа кој во период од 2 века константно е под отворена и насилна асимилација од 3 соседа, кои заедно имаат 15 пати повеќе население од нас, па веројатно и тој огромен притисок ја зацврстува уште повеќе националната свест.