- Член од
- 8 јануари 2012
- Мислења
- 10.395
- Поени од реакции
- 15.617
- Возраст
- 54
Лош контакт во жиците кои одат во вратите, можда некоја е скината. Обично се прекинуваат во тие гумени црева што одат од каросеријата до вратата.
Друга опција е да се здрави жиците ама бравата во совозачката врата да не е во ред. Има внатре микропрекидачи кои треба да дадат сигнал дека вратата се заклучила или отклучила. Ако не работат ќе прави баш така ги заклучуваш па сами се отклучуваат. Ова е заштита за да не блокира некоја врата ако не работи системот како треба.
На дијагностика би требало да може да се види со која врата е проблемот и кој микропрекидач е расипан. Е сега на некој коли се отвора бравата и може да се смени внатре микропрекидачот ама кај некој треба цела брава да ја смениш зошто не се отвора и поправа.
да..кај мене на Цитроенчето ми се има случено и жица да е скината во гуменото црево кај спојот на вратата, а и да стега самата врата па системот исклучува. Во вториот случај требаше преподесување на шарките од вратата