- Член од
- 18 април 2015
- Мислења
- 59
- Поени од реакции
- 104
Јас и мојата мајка сме заразени од ковид. Мене симптомите ми поминаа за 2 дена мајками е хоспитализирана со пневмонија на 2те белодробни крила и беше во многу лоша состојба. Со мои очи видов кој хорор е во болниците. Во 8ми Септември на приемно има еден доктор 2 сестри и еден болничар. Во ходникот чекаат и по 20+ луѓе, незнаат медицинарите кај им е главата, немаат систем за пречек на пациенти и за нивно спроведување. На двата наврати кога бев им умреа луѓе во самиот ходник. Болниците се преполнети, да не ве лажат дека се е под контрола само најтешките случаи се примаат кога ќе се "ослободи" место - треба ви е јасно како се ослободуваат... Јас чекав 2 недели за термин преку матичен за тестирање и докторот ми кажа дека долго време резултати од пациенти кои ги пратила не стигаат... Инфектолог не ни се јавил за да праша контакти, само и доставија забрана за движење. Јас сум во волонтерска самоизолација поради и иако не дијагостициран позитивен тест заразен сум секако. Да не ве лажат дека кластерите ги знаат, не ги знаат и веќе системот и ме срушен ни се јавуваат ни ништо, По другите помали градови мислат дека на месечината живеат и дека се изолирани, по амбулантите ни маски не носат ни ништо. Без потреба да не сте се појавиле по болниците во скопје освен во Градска болница никаде на друго место. Луѓе внимавајте не се опуштајте, ја гледате ситуацијата во србија кои иако се х10 пати по организирани до нас исто лажеа за бројките и опуштија мерки за да спроведат избори а еве сеа што им се случува. Моментално здраствениот систем ни е пред крах, бидејќи видов со мои очи сметам дека капацитетите се сигурно 95% полни, а тек иде лошото. Преземете ги сите мерки за заштита бидете самосвесни, сигурна заштита нема но направете се што можете за да го намалите ризикот. Јас симпомите ни ги ни осетив мислев дека се од промена на времето и од физички замор поради спорт. Всушност само еден ден и не спортував, после 2риот ден продолжив да трчам од кој едниот ден 15км незнаејки дека сум позитивен. Но мајками состојбата и се влоши пребрзо. Ви посакувам многу здравје. Господ нека е со нас.