Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
18 април 2015
Мислења
59
Поени од реакции
104
Јас и мојата мајка сме заразени од ковид. Мене симптомите ми поминаа за 2 дена мајками е хоспитализирана со пневмонија на 2те белодробни крила и беше во многу лоша состојба. Со мои очи видов кој хорор е во болниците. Во 8ми Септември на приемно има еден доктор 2 сестри и еден болничар. Во ходникот чекаат и по 20+ луѓе, незнаат медицинарите кај им е главата, немаат систем за пречек на пациенти и за нивно спроведување. На двата наврати кога бев им умреа луѓе во самиот ходник. Болниците се преполнети, да не ве лажат дека се е под контрола само најтешките случаи се примаат кога ќе се "ослободи" место - треба ви е јасно како се ослободуваат... Јас чекав 2 недели за термин преку матичен за тестирање и докторот ми кажа дека долго време резултати од пациенти кои ги пратила не стигаат... Инфектолог не ни се јавил за да праша контакти, само и доставија забрана за движење. Јас сум во волонтерска самоизолација поради и иако не дијагостициран позитивен тест заразен сум секако. Да не ве лажат дека кластерите ги знаат, не ги знаат и веќе системот и ме срушен ни се јавуваат ни ништо, По другите помали градови мислат дека на месечината живеат и дека се изолирани, по амбулантите ни маски не носат ни ништо. Без потреба да не сте се појавиле по болниците во скопје освен во Градска болница никаде на друго место. Луѓе внимавајте не се опуштајте, ја гледате ситуацијата во србија кои иако се х10 пати по организирани до нас исто лажеа за бројките и опуштија мерки за да спроведат избори а еве сеа што им се случува. Моментално здраствениот систем ни е пред крах, бидејќи видов со мои очи сметам дека капацитетите се сигурно 95% полни, а тек иде лошото. Преземете ги сите мерки за заштита бидете самосвесни, сигурна заштита нема но направете се што можете за да го намалите ризикот. Јас симпомите ни ги ни осетив мислев дека се од промена на времето и од физички замор поради спорт. Всушност само еден ден и не спортував, после 2риот ден продолжив да трчам од кој едниот ден 15км незнаејки дека сум позитивен. Но мајками состојбата и се влоши пребрзо. Ви посакувам многу здравје. Господ нека е со нас.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.065
Поени од реакции
11.428
Уште кога ги договорија изборите постирав на темава дека ке има огромни последици бидејки сме во пандемија.
1 000 000 да искочат да гласаат од нив само 5% да се инфицираат тоа се 50 000 инфицирани кои нема да има каде да ги сместат за лекување.
Од тие 50 000 инфицирани статистички 5% или 2500 луге ке починат од вирусот.

Ако па идеме со статистика еден заразува најмалку уште еден боље да не праиме математики...пандемониум ке не снајде.
Не одат тие работи другарче така лесно како што си ги замислил.
Постои опасност во секој случај, но таа не е поголема од идењето во локален маркет, во пошта, на работа или во некое кафуле.

Избирачките одбори цел ден ќе носат маска и нараквици.
Ти пред да влезеш носиш исто + на влез средство за дезинфекција, на крај ти испаѓа дека не е ризикот така голем освен ако некој не ја извади својата маска, па ја спушти и твојата и директно ти плука у фаца - што сум сигурен дека нема да е случај.

Крај краева и да се реализира твоево сценарио (што нема изгледни шанси) ќе испадне дека сме ја заебале Шведска и за месец дена доаѓаме до колективен имунитет.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.593
Новите генерации ќе станат прос у cs go, dota, lol, fortnite i ostali esports na toa slobodno vreme
Тоа слободно време можат да го искористат за учење. Само шо работата излезе дека оние што биле активни на часови, останаа активни и он-лајн. Оние што дремеле, останале да дремат. Разликата е во тоа кој ги трпи идните наши генијалци. :icon_lol:
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.322
Поени од реакции
21.575
Уште кога ги договорија изборите постирав на темава дека ке има огромни последици бидејки сме во пандемија.
1 000 000 да искочат да гласаат од нив само 5% да се инфицираат тоа се 50 000 инфицирани кои нема да има каде да ги сместат за лекување.
Од тие 50 000 инфицирани статистички 5% или 2500 луге ке починат од вирусот.

Ако па идеме со статистика еден заразува најмалку уште еден боље да не праиме математики...пандемониум ке не снајде.
Апокалипса ќе нѐ снајде, луѓе по улици ќе паѓаат... :pos:

Ти изгледа одамна не си излегол од дома да видиш што се случува надвор, во кафиќи, клубови, ресторани, маркети, чим проблем ти е гласање кое е буквално 2-3 минути задржување во просторија со 4-5 луѓе од избирачки одбор, кои се со маски и ракавици и соодветно дистанцирани.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.174
Поени од реакции
84.028
Да, за условите во моментов, ама мене ова ми укажува дека ни во септември не се очекува подобрување :(
Па дури и ја, како лаик, го гледам тоа. Два месеци има до септември.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.307
Поени од реакции
18.331
Тоа слободно време можат да го искористат за учење. Само шо работата излезе дека оние што биле активни на часови, останаа активни и он-лајн. Оние што дремеле, останале да дремат. Разликата е во тоа кој ги трпи идните наши генијалци. :icon_lol:
Скроз исто е. Не знам што им текнало воопшто школи да градат. Кој му се учи ќе учи, другите земјоделие. И онака имаме многу со факултет.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.423
Поени од реакции
16.714
Скроз исто е. Не знам што им текнало воопшто школи да градат. Кој му се учи ќе учи, другите земјоделие. И онака имаме многу со факултет.
Па богами, од школуваните многу аир видовме.
Можда е боље сеа на пченка копање да ги пратиме.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.307
Поени од реакции
18.331
Па богами, од школуваните многу аир видовме.
Можда е боље сеа на пченка копање да ги пратиме.
Може, али ти да ја предводиш колоната. Вака со туѓ живот е многу полесно.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.322
Поени од реакции
21.575
Да, за условите во моментов, ама мене ова ми укажува дека ни во септември не се очекува подобрување :(
Какво подобрување во септември, целосен колапс има на здравствениот систем, џабе кретениве на власт се фалат во спотови дека успешно се справиле со кризата и дека сѐ било под контрола.

До пред некој месец над 150 000 прегледи од Мој Термин имаше откажано, умираат луѓе од негрижа како кучиња. На крај ќе испадне повеќе умрени од други здравствени проблеми и болести, отколку од вирусот.

 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.307
Поени од реакции
18.331
Нели?
Исто ко со вирусов.
Па сосема исто е. Нели бевте многу емпатични, а испаѓа само си се грижите за себе. Децата не се свесни која штета си ја праат, ама вие како возрасни сте. Само одбирате да го занемарите тоа, за да си го заштите својот гз. Ништо страшно, нормално човечко однесување.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.174
Поени од реакции
84.028
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.423
Поени од реакции
16.714
Па сосема исто е. Нели бевте многу емпатични, а испаѓа само си се грижите за себе. Децата не се свесни која штета си ја праат, ама вие како возрасни сте. Само одбирате да го занемарите тоа, за да си го заштите својот гз. Ништо страшно, нормално човечко однесување.
Ќе ги научиме како се држи мотика и ножички за кроење место маус.
Па утре коа ќе се појави ваква пандемија пак ќе знае како да си извади леб а не да кука и плаче како нема работа и пари да преживее.
Вин-вин ситуација.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.307
Поени од реакции
18.331
Нели?
Исто ко со вирусов.
Инаку да дополнам, изглеа не си у тек ама вирусот мутираше и сега ние младите сме најкритична група :D. Така да не ти држи аргументот.
Автоматски споено мислење:

Ќе ги научиме како се држи мотика и ножички за кроење место маус.
Па утре коа ќе се појави ваква пандемија пак ќе знае како да си извади леб а не да кука и плаче како нема работа и пари да преживее.
Вин-вин ситуација.
Ти сигурно го знаеш тоа :D Познати се земјоделците од кајгана.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom