Секоја година има епидемија на грип, кога поголема кога помала, но никогаш не се става во преден план населението да биде уплашено до ниво на хистерија. Сега е обратно.
Ај вака ја да те прашам. Еве да се прекине само со известување колку има нови позитивни од вирусот, колку има починати, еве не е битно дали се лажни или вистински,не само кај нас туку во цел свет, а се друго нека си стои, дека има страшен вирус, дека треба маски, дистанца, забрането ова, забрането она, миј раце и се понатаму, дали ќе ти се смени гледањето на работите или пак исто ќе мислиш, зборуваш па и пишуваш тука. Дали ти всушност се плашиш од вирусот или од страшните вести колку многу се разболуваат и умираат секој ден.
Тоа е психологија на застрашување, бројките, пумпањето бројки го зголемува стравот, намалувањето на бројките го намалува, признај си за себе, не за мене. На некој му одговара тоа, да го има тој страв меѓу луѓето, стравот за сопствениот живот е најголем, тој парализира, личноста престанува да размислува рационално, личноста е роб на некој друг, обично на оној кој го спроведува стравот. Дали е целта тој страв да допринесе за поголема вакцинација, дали за спроведување на други работи глобално, како зголемување на сиромаштијата, намалување на репродукцијата и целокупното население, намалување на трошоците за патување,одмор, забава и други социолошки елементи и наместо тоа зголемување на трошоците за здравствени услуги, лекови и слично.
Прост пример, што ќе се случи во една фирма доколку вработените немаат страв од отказ, или обратно, дали постои фирма кај што не се држат вработените под страв од отказ за да имаат поголем ефект во работењето.