Баш денес треба по диетата да јадам риба, само за Coldheart мојот омилен рецепт за Salmon (лосос) потребно време...зависи, ако е одмрзната рибата пола саат, ако е смрзната околу 50 минути:
Потребно:
-1 цел лосос (смрзнат од една месара на пазарот Тавталиџе го купувам)
-магданос
-лукче
-лимон
-вегета
-маслиново масло
-малку бибер
Подготовка: Значи, во мало тенџерче или што и да би се најде длабоко при рака, цедиш 2-3 лимони, зависи колку кисел го сакате сосот, го сецкате ситно магданосот и го додавате, 2-3 чешниња лукче ситно сецкани или испресирани со специјална преса, лажичка вегета (или повеќе ако сакате посолен сос), малку маслиново масло, малку бибер и на крај додајте околу 200 ml вода. Во длабока тава за печење ставете го лососот, ставете малку од сосот во него а со останатиот дел полијте. Покриено со фолија да се пече 40 минути ако е смрзнат, 20 минути ако е одмрзнат лососот на 250 степени. Во останатиот дел од времето да се допече без фолија додека се згусне малку сосот.
П.С. Како гарнир со ова....мене ми е дозволено на пример салата од рендано цвекло, морков, зелка и ако најдете зелена салата. Уживајте :smir: