И како повлекување на признавањето на Израел ќе го подобри статусот на Палестинците? Или ќе спречи некое идно евентуално такво третирање врз нас? Може ли да појасниш.
Има разлика помеѓу ни сметаат, и ни се смешни. Левица ми се како comic relief на овие избори. Го слушаш Апасиев како настапува од позиција на цврст националист (со најголем дел од ставовите што ги искажува на телевизија се согласувам). И после идам на форумов, и ги читам неговите поддржувачи како кажуваат дека не ги боли нив толку за име, поише им е за економија. А лидерот им не вади име од уста.
И си викаш ок, може имаат различни ставови, не им се допаѓаат ставовите на Апасиев. Ама после ќе прочиташ како имал најубава жена, многу бил фраер и слични генијалности и не може да не паднеш од столче.