Björn
Does Your Mother Know?
- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 45.174
- Поени од реакции
- 84.038
Не знам точно дали менталитетот е во прашање, дали празниците, или пак охрабрувачките изјави на Османи и Реџепи, кои најавија, толерирање на муслиманите за претстоечкиот празник. (покрај тоа што Реџепи се закани дека ќе ни направел... па, отприлика ова што е сега, ако не му дале пари)Ке пробам што пореално да реплицирам на ова твое изјаснување од верски аспект...Значи празникот што доаѓа за месец дена нема да промени многу во ситуацијата во која сме сега.Ако ме прашаш зошто ке ти кажам поради фактот дека на повеќето луѓе кој и пред бајрам и за ифтар и за курбан бајрам бајрам што доаѓа апсолутно не им игра улога бидејќи и да е и да не е празник они пак ке се собираат и дружат меѓу себе.За несреќа се погодија празници па сега тие се сметаат за фактор а веруј ми ти го кажувам ова и како верник и како албанец дека и да не се празниците истото ке се случеше.Секојдневно сум надвор и работата ми налага така и гледам каква е ситуација особено во мое маало и околината.Факт е дека од почетокот на вториот бран досега ситуацијата и на оваа страна од Вардарот кај многу луѓе е променета на подобро фала богу.Дали може подобро апсолутно,дали сеуште има луѓе што к.р не ги боли ги има и тоа колку сакаш.Пример ке се земам себе.Кај сестра ми 4 месеци не сум отишол а ни она не дошла кај мене,исто и други роднини.Едноставно таков сум карактер се чувам колку што можам со оглед дека имам хроничен родител дома..Ама и да го немав пак ке се чував.Гледам блиски мои братучеди гајле немаат.Ке речеш дека се од планина или дивјаци ама баш напротив (образовани со добри работни места со фамилии али еве кога станува збор за вирусот со мерките не се баш како што треба) и ајде што да им правиш.Убаво викаат некој членови се додека дома не ти дојде ке се однесуваат како да имаат прележано и мува не ги лази.Моето маало исто има и доста македонско население,и кај нив исто има луѓе се пазат а има и што гајле немаат.
Да не бегам многу од првата мисла што ми беше.Мислам дека е малце остро од твоја страна да помислиш дека ради верата и празниците се случуваат овие работи.Јас пак ке кажам и да не беа ифтарите и Бајрам исто ке пукнеше во Чаир со оглед дека луѓето се заедно по цел ден дружејќи се.Честитањето 5 мин не игра многу улога.Така ке биде и овој пат и тоа со помал интензитет со оглед дека и не е исто како главниот Бајрам и второ многу побитно доста луѓе се уплашија и од овде иако за ова знам дека нема да ми веруваш
Како и да е, епидемијата е кај нас два месеци пред ифтар. Тие два месеци, не видов некој поголем проблем на ниво на цела држава, што значи и кај Албанците. Затоа и се справуваме, колку-толку, добро за наши услови. Имаше голем кластер во Дебар (огромно мнозинство Албанци), затоа што тие излажаа на граница. Но, Дебар со тоа огромно мнозинство Албанци, се избори со епидемијата, прилично дисциплинирано.
После дојдоа празниците.