- Член од
- 6 април 2010
- Мислења
- 1.578
- Поени од реакции
- 10.590
Го направме муабетот со тебе еднаш за оваа работа. Да ти кажам кај мене секоја година доаѓаат пред врата, и од ВМРО и од СДС и не ги бркам, земам тоа што имаат за раздавање и ко ќе ми речат ќе гласате, му велам и на едните и на другите оти ќе ги гласаме. После одам на гласање, ги гледам двата локални штабски пацови како синхронизирано, уште од врата, ме заокружуваат на нивните штабски списоци и ептен ми е забавно. Стариот дома ги бркаше, ги тераше у п.м ама тие образ ѓон секој нареден циклус пак доаѓаа, и што ќе му правиш? Кај мене во двор имаат седено и Локвенец и Стевананџија, одделно, не заедно се разбира. Ќе напрајме ова-она, вработувања ќе има... Напрајте бе му велам, ние не ве запираме.Ама немој така, сите се неутрални на форумов и не ни помислуваат да одат да гласаат за ДПНЕ или СДС. Освен што ќе има трескања од земја вечерта на броењето на гласовите, ама тоа е веќе еуфорија што си доаѓа природно од самата средина, не дека се загорени штапски ботови што секои избори истиот циклус го поминуваат на форумов и нормално со тоа дремење по улици и акање по влезови со упаљачите и пенкалата, што можат слободно у шупак да си ги набутаат, заедно со тоа ферманите утепани.
Само не сфаќам зошто толку се срамат да си признаат дека се ботови и чао пријатно, кога веќе толку години се членови на партија и од километар се гледа и се осеѓа таа ботовска утепана енергија, нема потреба од демек суптилно протнување патетична пропаганда, посебно па не во 2020 година, кога е толку усрано сè од акумулираните срања кои се правеле 30 години.
Една година кога беа локалните, пред врата ми дојде сурија луѓе, си реков јеховини сведоци. Ко го гледам професорот по Англиски. Од тој ден секој ден ми велеше ,,Добар Ден и Здраво'', еве и сега кај и да ме види. Тоа дали сум го гласал или не, моја работа.
Некој можда ќе го искритикува мојот метод. Јас да се прашувам овие треба секој со прст да ги покажува, да не можат надвор да излезат. Ама кај нас си го имаме она ,,се снашол чоекот" ги гледам како пауни се шетаат низ град. Нормално дека не сум рамнодушен, се ми е јасно, ама шо да му прам?