Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
13 август 2013
Мислења
1.054
Поени од реакции
2.063
Добро, ако се' ова е фарса, како го објаснуваш ФАКТОТ дека болниците се преполнија со луѓе кои едвај дишат и ситуацијата им се менува драматично како со ниту еден познат грип? Или лажат докториве и болниците се празни?
Сите имаме по некој близок по болнициве, сите вработени се вџашени од непредвидливиот тек на болеста. Тестовите не се најидеални и не може да бидат, но се добро средство за каква-таква идентификација на заболените.
Ќе се обидам у кратки црти иако знам дека тешко е да се убедат верниците у корона култот дека е превара на глобално ниво.
Прво нешто за вирусот и тестовите. Тестовите нема никаков доказ дека се специфични барем за групата на корона вируси, а камоли за новиот ковид. За да биде толку поверлив, барем еден извор досега ќе излезеше со потврда дека на пример од 5 теста на некој позитивен сите 5 покажуваат исто или обратно. Тоа досега го нема, сите го земаат здраво за готово. А на овој тест почива цела фарса.
Сите вируси кои се пренесуваат респираторно ја губат контагиозноста поради топлото време и зголеменото УВ зрачење. Не постои епидемија од вакви респираторни вируси во летните месеци, вирусот може да го има но нема теорија да предизвикува кластери во вакви месеци. Тоа што сакаат да го претстават како супервирус е тешка глупост, вирус си и вирус и подлежи на сите познати медицински спознанија. Не е ова шпанска сапуница во која ќорав прегледува и сакат проодува.
Болниците се полни поради паниката што се предизвикува. Напливот на болни кај нас почна кога одговорни медицински лица излегоа со став дека многу касно се одело во болница, посебно кај албанското население. Сега тврдам дека се фаќаат врски за да се лежи во болница, како што сме население кое голта апчиња за све и свашта.
Како што сега не е време за респираторни инфекции, сега е време за излегување на површина на хроничните респираторни опструкции. Тоа се заболувања со нарушена респираторна функција, болест која ја има кај многумина како младо така и возрасно население и доаѓа до израз во летните месеци. Плучата се со траен намален капацитет и поради топлото време и потребата од зголемена циркулација и снабдување со кислород на крвта за регулирање на внатрешната температура доаѓа до колапс на системот. За вакви особи носење маска е потпишување на смртна казна, кога нормалната респираторна функција кај вакви може да биде и само 50%. Кога на ова ќе се додаде и нормалната гојазност кај повеќето со ваква опструкција, која се јавува последователно поради намалената подвижност и избегнување на поголем напор бидејќи брзо се изморува и задишува, треба да биде јасно какви лежат моментално на инфективно и разни други одделенија.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.591
Поени од реакции
37.512
Ако дојдам кај тебе дома, некако ќе ги пронајдам тенџерето и ножот. Проблемот е што јас умеам само грав да приставам, а кај тебе за вечера е планирана пита. Како ли ќе изгледа питата која јас ќе ја направам?
П.С.
Еден кардиолог со месеци се рашетува со детето. Значи дека не е на работа.
...токму така, редуциран кадар на работни места во „неважни клиники“ кои не се тесно поврзани со пациенти инфицирани со коронавирус, па дури и затворени или пак работаат само при некој хитен случај како при амбулантска интервенција... како да е ова пандемија задача и обврска само на инфектолози, а другите сите дома, тотално погрешно но вистинито, има и исклучоци кои иако други специјалности се пријавуваат доброволно да дежураат!
...редуциран кадар, тоа би било како „искористување“ на ситуација за оправдано отсуство и платен одмор...а ваму другите на прва борбена линија со коронавирус, иако добиле дополнителен процент за нивната пожртвуваност и посветеност не е оправдување да другите „се кријат“ со обраложение дека не се инфектолози ??!!!
... вистински лекари во било која болница во светот да ги спуштаат со падобран и те како знаат да се снајдат, оти апартурата секаде е иста, инфузијата е иста...иглата е иста...па и лекот (генерика) во цел свет е ист, освен ако некој друг дома (болница) им ја работа нивната работа, па вака сами на друго место не можат да се снајдат... така да тука нема оправдување за ова ситуација! (y)
 
Последно уредено:

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Сите што свесно учествуваат во ширењето на заразата, најискрено им посакувам да им паднат во раце...
Скоро 4 месеци бел ден немаат видено.
Еве, може да пишам формално дека сочувствувам со нив, ама мислам дека абер немаме колку им е ова напорно и неподносливо. За ризикот за изложеноста неќам ни да зборам.
А за тие што политички го овозможија овој момент, директно им посакувам пат под лопата....воопшто да не стигнат до болница.




„Ситуацијата е критична. Треба да се стопира приемот на нови пациенти со Ковид-19. Сите сме на крај на сили, особено тие што сме во трите оддели каде што се најтешко болните, во шок соба, интензивна, во Ковид центарот. Последен момент е да ни се најде соодветна замена за да одмориме малку, да пратат анестезиолози и обучени медицински сестри да не заменат“, велат за НОВА лекари од болницата.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Како што сега не е време за респираторни инфекции, сега е време за излегување на површина на хроничните респираторни опструкции. Тоа се заболувања со нарушена респираторна функција, болест која ја има кај многумина како младо така и возрасно население и доаѓа до израз во летните месеци. Плучата се со траен намален капацитет и поради топлото време и потребата од зголемена циркулација и снабдување со кислород на крвта за регулирање на внатрешната температура доаѓа до колапс на системот. За вакви особи носење маска е потпишување на смртна казна, кога нормалната респираторна функција кај вакви може да биде и само 50%. Кога на ова ќе се додаде и нормалната гојазност кај повеќето со ваква опструкција, која се јавува последователно поради намалената подвижност и избегнување на поголем напор бидејќи брзо се изморува и задишува, треба да биде јасно какви лежат моментално на инфективно и разни други одделенија.
Ако е вистина ова последново што го лупна, зошто брачава од Чаир кои не носат маски се испозаразија сите?

Претходно се заебавав, ама ти стварно имаш завршено медицина на Европски.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.593
Па еве, размисли.

Непотребните мерки на почетокот скроз ја уништија и онака кревката економија и ги ставија на пауза сите пациенти освен оние со корона. Тотално безпотребно, сега имаш илјадници кои сеуште не можат да дојдат до здравствена нега и нема да ја добијат во догледно време.

Во момент кога се јавува пикот (споредено со останати земји во Европа, Македонија е каде-каде позаразена на 1М жители) ти ги имаш вредните политичари кои наредуваат отварање на граници само за да дојдат гласачи. Пуштаат кафани само за присоберат некој глас.

Потребна беше стратегија и мерки кои делуваат а не „ради реда„ работиме нешто, затварај се, па ќе видиме натака
Мерките дефинитивно спречија ширење на вирусот, следствено и намалување на бројот на починати лице, баш како што покажува графикон што си го постирал. Без нив, ситуацијава од овој месец ќе ја имавме во март. Башка што ќе имаше дополнителни 3 месеци време да се развива.

Здравствениот систем скоро сигурно ќе потклекнеше, а за економијата најпогодените гранки - туризам, угостителство, забава игри на среќа пак ќе беа погодени. Денес, при овие бројки што ги имаме, луѓето не седнуваат во кафич како порано.

За политичките одлуки, нема потреба да се прави муабет, само ја прават ситуацијата полоша.
 
Член од
13 август 2013
Мислења
1.054
Поени од реакции
2.063
Еве денес излезе и најновиот статистички податок за Македонија во кој ја има смртност и за април месец. Од порано беше кажано дека првите 3 месеци од оваа година е со намалена смртност

Deaths
  • from January - March 2019 = 5,631
  • from January - March 2020 = 5,101
По месеци за 2020
јан. - 1 774
фев. - 1 653
март- 1 674
апр - 1 631

По месеци 2019
јан.- 1 868
фев - 1 860
март - 1 903
апр - 1 644 или 1 668 по друг билтен
мај - 1 827 или 1 736 по друг билтен, македонче, не може ни умрените точно да ги изброи
Кој сака да гледа и провери на крајот на секој месечен извештај

Автоматски споено мислење:

Ако е вистина ова последново што го лупна, зошто брачава од Чаир кои не носат маски се испозаразија сите?

Претходно се заебавав, ама ти стварно имаш завршено медицина на Европски.
Си чул ли за дудук !!
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.328
Поени од реакции
7.686
Напливот на болни кај нас почна кога одговорни медицински лица излегоа со став дека многу касно се одело во болница, посебно кај албанското население. Сега тврдам дека се фаќаат врски за да се лежи во болница, како што сме население кое голта апчиња за све и свашта.
Или па, наместо кога телото е програмирано да се чисти од зимскиот период, да се припреми за овој период, кога до 2019 сите доктори советуваа за јакнење на организмот излегувајте надвор, на свеж воздух, сонце, движете се за да циркулира крвта, полесно да се елиминираат токсините, временски услови кои се идеални за надворешни активности, ти ги држиш затворени, под стрес, страв... Последиците од таков начин на живот, многу тешко беа да се предвидат какви ќе се ... сигурно позитивно влијаат на здравјето кај народот.

Исто до 2019 луѓето без симптоми ги сметаа за здрави, во 2020 веќе се опасни за животот на другите.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.519
Поени од реакции
87.530

Дај бе нека се лечат во Бардовци веќе, додека лекарине на тоа одделение незнаат главата кај им е, овие уште вооружени им доаѓаат таму, им ебам семката нецивилизирана :mad: :mad: :mad: :mad:
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.737
Поени од реакции
27.728

Дај бе нека се лечат во Бардовци веќе, додека лекарине на тоа одделение незнаат главата кај им е, овие уште вооружени им доаѓаат таму, им ебам семката нецивилизирана :mad: :mad: :mad: :mad:
Шо им е па тоа толку критично веднаш обдукција да и се направело?
Мислат дека ја отруле?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.591
Поени од реакции
37.512
... мерките можеби делимично спречија ширење на вирусот, ама кога требаше да се даде краен удар на вирулентноста на коронавирусот комисијата за заразни болести со се’ министерот за здравство се „усраа“ пред политичките одлуки и направиле спротивен ефект на до тогаш, колку толку успешно справување со пандемијата,
... министер за здравство да предвиди, да во вториот бран ќе имало до 2 000 заразени со коронавирус, а бројката во втор бран до сега достигна 7 500 заразени нормално дека ќе се одрази во неспремноста во болнички капацитети за специфично стерилно тестирање, стерилно работење и проблем со кислородна подршка, респиратори при интернирање на инфицирани пациенти со кронавирус!
 
Член од
18 јули 2018
Мислења
1.068
Поени од реакции
4.260
Шо им е па тоа толку критично веднаш обдукција да и се направело?
Мислат дека ја отруле?
Не знам дали имаш видено какви коментари пишуваат Албанци кај Филипче на пример, демек намерно ги носеле во болница, ги ставале на респиратор и така умирале луѓе. Затоа е скроз очекувана ваква примитивна реакција од нив, што не е ни прв случај, ни во Воена (или Градска по ново), ни на Клинички, редовно се случува истото, посебно па во Воена е хаос овие неколку месеци, секакви ликови се појавуваат и прават проблеми, не е ништо ново ова.

Најтрагично од се ова е колкава храброст имаат они во суштина и колку не го ебаваат 2 посто целиот систем, па за друго ќе правиме муабет. Да имаше било каква одговорност, ќе се прашавме дали ќе помислеше некој да прави вакви егзибиции редовно, ама тоа е веќе друга тема.
 
C

CoolIris

Гостин
Ако имаш здрави заби за сунгераста пита, нема проблем.

Што ќе работи кардиологот кога сите термини се откажани? Да го испратат на неврологија, ама и таму термините се откажани. Претпоставувам дека е ослободен од работните обврски.
Како да не, ослободен. Каде живеете вие господине Паланчански?
Зарем не слушате колку интернисти од внатрешноста се испратени на помош во 8ми септември? И уште бараат.

Не знам како не разбирате дека секое одење на лекар е потенцијална зараза, за пациентот (ако е хронично болен, тогаш тешко него), а после и за сите здравствени работници. Па нели гледате што се случува. Еве, гинекологија Прилеп, со преполовени капацитети ќе работи, пола од вработените се во изолација.
 
C

CoolIris

Гостин
Мерките спречија ширење на вирусот. И мерките можеа да спречат уште поголемо ширење на вирусот и мерките можеа да ја ублажат ситуацијата во која се наоѓаме сега. Ама мерките сами по себе не се доволни. Тие мерки треба да се почитуваат за да вродат со резултат. Што и да зборите, до менталитетот на народот е, и тоа е тоа.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.591
Поени од реакции
37.512
Те прашав оперативно, не формално правно.
... ти сега како да сум министерка за одбрана, па морам да ти кажам стратегија за оперативно делување во справување и уништување на коронавирус! :facepalm:

... оперативно делување, еве конкретно за пандемијава, не само што се учи или советува од некои си експерти, голема улога е харизмата, природна способност за алфа делување или водење на група, етникум, народна маса, способност која се прилагодува според местото - област, територија на делување како и врз која група на граѓани,
...така да оперативно делување ќе биде различно за примена на заштитни мерки или едукација за користење на заштитни средства, а не иста како што до сега се трудат да спроведат, погрешно разбрани, фрустирачко наредување и забрана, носи непослушност, ароганција со неверување...
и што е најважно да се даде со личен пример, а не на една страна млатат слама за карантин, а од друга страна истите во исто време викендашки во некарантин во Маврово, Охрид и Берово... мало сутра! :sneaky:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom