Фудбалски/трансфер дискусии

Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.474
Поени од реакции
4.628
Какво е тоа објективно, а се изземаат 80% од факторите што влијаат на цената?

При исти квалитети и физички предиспозиции, Санчо од Островот е поскап за 15-20% од сумата, во споредба со Санчо од било која земја на светот. Точно е тоа што рече Пеја за тоа дали има потреба клубот да продава, а другиот дали има потреба да купува.


Твоето објективно, за сите други е субјективно. За тебе не вреди Санчо 80 милиони,за мене не вреди Погба 100 и колку и да беше, или па Керол 35, и слични препумпани трансфери. (Ова зборам во моменталните форми кога нивните трансфери беа направени). Кепа исто не вреди 80, и слично... А на пример Салах и 100 да е, вреди :)
 
Последно уредено:

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.760
Поени од реакции
52.730
Многу точно. Но бидејќи јас не сум во таа машинерија, имам слободен видик објективно да расудувам и анализирам надвор од таа рамка.
Ако веќе не можат самите клубови. И тоа се обидувам да му го кажам.
А по кои критериуми се водиш? Мора да се водиме според истите критериуми по кои се водат они, на реалниот пазар. Ние нема како да си смислуваме наши.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
А по кои критериуми се водиш? Мора да се водиме според истите критериуми по кои се водат они, на реалниот пазар. Ние нема како да си смислуваме наши.
По она што е прикажано на терен. Игри, статистика, квалитет. На пазарот ова е последен критериум. На пазарот се водат по сите, освен по фудбалските критериуми. Јас не измислувам топла вода, овие критериуми по кои се водам постојат отсекогаш. Постојат и сега, само што се тотално занемарени и неважни во денешниот фудбал, за жал.

Имаш брдо луѓе, де спортски работници, новинари, аналитичари, фудбалери од поамали средини, неутрални фанови и љубители на спортот, кој не се во ,,бубањот". И како таква може да формираат мислење за нечија вредност во спортот, надвор од тие стеги.

Јас можам да кажам дека фудбалската вредност на Санчо е нереална, затоа што не соодвествува со чисто фудбалски критериуми.
Зошто? Бидејќи утре нема да преговарам со Вацке, или како и да се викаат челниците на Дортмунд, туку ќе си го терам регуларниот живот.

Немојте да ме учите ,,како функционира пазарот". Многу убаво знам како функционира пазарот. Исто како што убаво повлекувам дистинктивна линија во дискусија за вредноста на одреден фудбалер, од еден или повеќе аспекти. :)
 
Последно уредено:
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Точно знаев дека првиот дел вака ќе го сфатиш.
Тоа не е мое субјективно гледање. Нема врска постот со ,,sepak toa e samo moe mislenje".

Објективно е, со таа разлика што јас не морам да се прилагодувам на пазар или барања од клуб, бидејќи не сум во таква позиција.
Еве, утре ќе дојде некој да го бара Хадсон-Одои од Челзи и Челзи за него ќе бара 300 милиони фунти. Што ќе значи тоа? Дека вредноста на играчот е толкава? Што би мислел ти во таа ситуација?


Не знам за порано, но сакале или не сакале, Арсенал (тотално се измести дискусијата и поената, но ајде) сега мора да се држи до тој концепт. Арсенал не е толку финансиски моќен да се бори со помоќните од него, а изгубената борба на пазарот ќе се одрази и на терен, секако. Ништо друго не му преостанува освен да се посвети на својата академија и да ја доразвие скаутинг службата.
И ова не е случај само со Арсенал, туку и со многу други клубови.
Хибриди се возможни, нешто кое Челзи сега го практикува, но многу тешко остварливи.

Па како да го сфатам кога пиша „тоа е само мое мислење“.
Тоа што не мораш да се прилагодуваш затоа што не си во можност да купуваш, лично ти, не значи дека мислењето ти е објективно.

Најкратко, ако Сити ти го бара Хадсон Одои, ќе можете да му извадите 80м а ако го бара Вотфорд, ќе можете да му извадите 30м.
Пак доаѓаме до тоа, влијае кој купува и колку треба да купува и кој продава и колку и дали треба да продава.

Ти го спомнале Кепа, можеби не вреди 80м, можеби не тогаш кога го купивте ама ви беше нож до коска и не сакавте да завршите со некој треторазреден небитен голман па плативте за иднината. Мислам дека со @vidooq еднаш дискутиравме на форумов баш на темава, дека во ова време повеќе се плаќа за иднина и потенцијал а не за моменталното достигнување.

Мбапе вредеше 155м (120м + 35м за позајмица) со сезоните во Монако? Можеби не ама ПСЖ си го платија за потенцијалот и сега кога ќе видиш, после 2-3 сезони во каква ѕверотиња е прераснат, ќе сфатиш дека вреди.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Па како да го сфатам кога пиша „тоа е само мое мислење“.
Тоа што не мораш да се прилагодуваш затоа што не си во можност да купуваш, лично ти, не значи дека мислењето ти е објективно.

Најкратко, ако Сити ти го бара Хадсон Одои, ќе можете да му извадите 80м а ако го бара Вотфорд, ќе можете да му извадите 30м.
Пак доаѓаме до тоа, влијае кој купува и колку треба да купува и кој продава и колку и дали треба да продава.

Ти го спомнале Кепа, можеби не вреди 80м, можеби не тогаш кога го купивте ама ви беше нож до коска и не сакавте да завршите со некој треторазреден небитен голман па плативте за иднината. Мислам дека со @vidooq еднаш дискутиравме на форумов баш на темава, дека во ова време повеќе се плаќа за иднина и потенцијал а не за моменталното достигнување.

Мбапе вредеше 155м (120м + 35м за позајмица) со сезоните во Монако? Можеби не ама ПСЖ си го платија за потенцијалот и сега кога ќе видиш, после 2-3 сезони во каква ѕверотиња е прераснат, ќе сфатиш дека вреди.
Работава, госпоѓо, по 11-ти пат се јавувам...

Не го базирам мислењето на измислени критеируми по мој терк. Критериумите за евалуација на некој фудбалер постојат од кога постои и фудбалот. Сега се фрлени на маргини, а при купување/продавање на играчи се земаат предвид мал милион други, нефудбалски работи. Колку дресови играчот би продал, дали во Азија би си ги крстиле децата по него, колку рап албуми ќе извади, колку клубот бара за него итн.
Вие мене не ми кажувате нешто револуционерно, вие ми кажувате како функционира пазарот. Општоприфатено мислење во спортската јавност. Пазарот ја одредува цената, а со тоа и вредноста, во финансиска и се почесто сега во фудбалска смисла. Кохерентно станува едното со другото.

Мислењето на тема фудбал мене не ми го диктира пазарот, бидејќи јас не сум дел од тој процес. Оттаму и доаѓа тоа ,,Санчо не вреди повеќе од 50 милиони". Не затоа што јас така сметам и ме нервира едноставно Санчо, туку поради тоа што Санчо како таков има изиграно една добра сезона (валиден и апликативен параметар, а не креиран од мене) во Бундес и со тоа не може да биде платен онолку колку што бара за него Дортмунд (налага пазарот).

Се одјавувам на оваа тема, не сакам да тегнеме врвка само за да моето биде последно. :)
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.590
Поени од реакции
13.957
А јас не знам ни од каде е онаа информација кога ниту еден од веродостојните новинари не пиша онакво нешто (барем до попладнево)
Сан е поверодостоен од Скај моментално, без зафркации.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Ти прифаќаш што кажувам ама и не прифаќаш. Ги вадиш критериумите кои што ти одговараат за да докажеш дека Санчо (не) вреди толку и толку и веројатно тенденциозно ги занемаруваш фактите кои говорат дека вреди многу повеќе од тоа, како на пример:
- Хоум гроун играч
- Позицијата на која игра (напаѓач, секогаш најплатена)
- Годините и потенцијалот
- Доаѓа во земја од која што е (Англија, каде што ќе има медиумско внимание, земја во која што се даваат најголеми плати и се прават највисоки трансфери).
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Сан е поверодостоен од Скај моментално, без зафркации.
Истото го имам приметено, затоа и пишав така, се почесто им се случува да се истрчаат со инфо и после да бришат твитови :) Дискутираат за џабе :D
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.492
Поени од реакции
5.586
Репер за цената на Санчо ќе биде Жоао Феликс, нема шанси да го продадат Санчо поефтино од Феликс што е и нормално, Санчо има подобра сезона во посилна лига во споредба со Феликс пред трансферот.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.156
Поени од реакции
19.549
Репер за цената на Санчо ќе биде Жоао Феликс, нема шанси да го продадат Санчо поефтино од Феликс што е и нормално, Санчо има подобра сезона во посилна лига во споредба со Феликс пред трансферот.
:eek:
Автоматски споено мислење:

Пардон,ваљда мислеше посилна лига пред да го потпишат Жоао во Атлети :)
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Кој ќе и објасни дека @Leo Bonnie мисли на португалска лига (од каде што дојде Феликс) кога кажа „посилна лига“?
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.695
Поени од реакции
8.337
Како и да е, веродостојни или не изворите, Санчо ова година не оди никаде! Борусија го живее сонот со Дембеле, евреиве од Јунајтед тешко дека спијат на исто уво. Колкава и да ми е желбата да го затвориме прашањето на саглам десно крило, Санчо оваа година нема да биде решението. Згора на се, првенството сеуште не е завршено исто и ЛЕ, така да може и нема веднаш да биде потребен!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom