Душеци

  • Креатор на темата Креатор на темата STEALTH
  • Време на започнување Време на започнување
Некој искуство со душеците од ЈугоЕкспорт стил?
 
што да правам со стар душек, каде да се фрли?
 
Минатата година купив душек од Мебло Јоги и еве да се пофалам дека сум ептен задоволен.
Се опрчив 15-16к ама топ е. Словенски се, со газдава зборев тогаш, постар човек ама ептен буквално се знае за душеци, по семинари идел ова она. Остави впечаток дека знае што продава и знае што полу-срања продаваат Дормео и сличните :D
 
Некој искуство со душеците од Comodita?
Ја го имам Мемори и ок е ама до душа ја не сум репер зашо до брзо спиев на душек од обичен кревет.
Лажга е дека има и тврда и мека страна зошто баш и не се осеќа некоја разлика.
 
Го купив и јас Мемори пред скоро месец. Сега за сега ми е топ, ќе видиме дали ќе потрае.
 
Сакам да го сменам душекот на спална, еден е и никако едниот да се прилагоди.

Дали е подобро да се земе еден кој ќе е средно тврд или два посебно? Па после врз нив наддушек за да не се осеќа дека се поделени.
 
Ни случајно посебни.Рерардирана работа,ивиците на средина за една недела ке деформираат.Не постои душек што е предвиден на ивица да го лежиш.Седни на работ и погледни што се случува со душекот.
 
Сакам да го сменам душекот на спална, еден е и никако едниот да се прилагоди.

Дали е подобро да се земе еден кој ќе е средно тврд или два посебно? Па после врз нив наддушек за да не се осеќа дека се поделени.
Еден, ако земеш два ќе мора да ги ротираш и да се заебаваш. Јас имам мемори од Дормео (или мислам дека беше мемори, знам еден беше мек, друг тврд и јас тврдиот го имам) и го ротирам на 3 месеци.
 
Тој со мемори се ротира на неколку месеци за да не фати мувла?

Два мислам дека ќе нема потреба од ротирање, секој си спие на свој избор, ама проблем е местото каде што се спојуваат и посебно ако се различна висина.

Друга опција е еден ама двостран, една страна мека, а друга тврда и карање која страна да е погодена. Ова почесто ќе се ротира за да биде погодено.

Баш ме интересира некој како го има решено ова и ептен е комплицирано кога бираш за двајца а секој има посебни барања и различна тежина скоро на пола. :D
 
Појма немам, мене ми рекоа да го ротирам потврдиот душек за да не налегне на едната страна.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom