Фан Клуб: Барселона

Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.587
Поени од реакции
13.954
Ветар во магла, откако е дојден не го има ставено да изигра цела утакмица, се гледа дека не го сака во тимот, не сме од Тунгузија.

А глупоста со "повредата" беше капак и тогаш веројатно беше пресудено да лета од клубов. Реално малце делува на ветрушка во тиквата, веројатно ништо немаше да постигне овде, особено сега кога цел тим оди во надолна линија.
Автоматски споено мислење:

Coutinho дали ќе се врати на 30 Јуни? Дали ќе може да игра во La Liga?
Не, само тие што се регистрирани може да играат, чак и Дембеле е отпишан кога би се вратил од повреда.
 
Член од
11 октомври 2017
Мислења
435
Поени од реакции
160
Читам дека и наводно Ашрав Хакими го договориле Интер,играч кој перфектно се вклопува во системот на КОнте офанзивен бек кој по потреба може да игра и крило,што значи се затвора вратата за Семедо за трансфер во Интер,сега ќе биде уште потешко да го договорат Лаутаро бидејќи немаат заеднички јазик,Интер бара 1 играч+90 mil,а Барса нуди два играчи +60 mil,Барса ги понуди Фирпо,Семедо ама ете не се атрактивни имиња за Интер и Конте.Преочигледно е дека ќе биде ептен тешко да се договорат со Интер,а и поради фактот што нашава управа колку е способна,тоа е друга приказна,пак врти сучи пак ќе се шлепаме на Суарез Брајтвајт.
 
Член од
17 мај 2016
Мислења
3.675
Поени од реакции
4.154

Што ако го купиме Lautaro на која позиција ќе игра кога Suarez е забетониран во први 11? Пак ќе ни играт напад Greizmann - Suarez - Messi , на лево крило ќе се менуваат Ansu Fati, Demebele (од следна сезона)...
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.587
Поени од реакции
13.954
Ај малце филм.

Кутињо, Дембеле и Гризман треба да влезат во трампа на играчи, кога би имало нормална управа секако. Јас би ги употребил Гризман и Дембеле за Нејмар, Кутињо за некој везњак од ПЛ. Значи би жртвувал класична деветка за Нејмар, левата страна ни е саката и поголем проблем од централен напаѓач според мене. Лево би биле Нејмар и Ансу, централно Суарез и Брејтвејт, десно Меси и Тринкао. Ова е максимум што може да се извлече за наредна сезона, за напад.

Покрај Кутињо, од средината треба летнат Ракитич и Видал, ама барем еден да замине би било солидно. Де Јонг, Бускетс, Пјаниќ, Ракитиќ/Видал, Пуиг, ново дете.

Фирпо би го шутнал и би зел ново дете на лев бек, Умтити исто аут, ново дете ин. Десно Семедо еден од нашите најдобри играчи, потценет максимално и надвор од памет е да зборуваш за негова продажба при телето Роберто присутно таму. Ама во пореметен тим ненормалното е нормално, така да не ме чуди да го шитнат. Јас телето одма би го шутнал, но што е тука е.

И најбитната алка, тренер место краварот.

Одјава од филмањето :D
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.861
Поени од реакции
7.516
Дембеле неможе да го продадеме никаде веќе,отиде возот за него никој не пие нафта па да купи играч што цело време е повреден,може да го продадеме за некоја смешна сума 20-30 милиони,повеќе не верувам дека ќе даде некој.
За Кутињо јас би му дал уште една шанса,мислам дека со добар тренер може многу да добиеме од него,само треба да му се најде вистинска улога во тимот и мислам дека ќе почне да гази,во екипата ни фали баш таков играч како него,некој што може да креира шанси да шутира од далечина да направи вишок итн.
Гризман би го продал одма ако има солидна понуда за него,што повеќе остане во Барса полошо и за него и за клубот ќе биде,се гледа дека типот не е за Барса,тотално изгубен е на терен.

За следна сезона најбитно е да се донесе подобар тренер,пошто овој Сетиен како тргнал полош и од Валверде ќе испадне.
Најдобра опција е Чави во моментов,ја знае филозофијата во клубот,ќе има авторитет врз играчите и ќе дава повеќе шанса на помладиве играчи од школата.
После тоа да се полека да се откачат од сите старци во екипата и да почнеме да градиме екипа за понатаму.

Треба да бидеме искрени дека моментално немаме квалитет и тоа нема да се реши со носење на 1-2 играчи.
Треба целосен ремонт на тимот,форсирање на млади играчи па за 2-3 сезони да се вратиме на врвот.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Ај малце филм.

Јас би ги употребил Гризман и Дембеле за Нејмар, Кутињо за некој везњак од ПЛ.
За Гризман и Дембеле не само Нејмар, туку и Ајфеловата Кула ќе ви ја дадат. А за Кутињо моментално од ПЛ може да го добиете Дринквотер.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
749
Поени од реакции
731
Тешко гостување
Отворена игра
Со многу голови
Мое предвидување
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.587
Поени од реакции
13.954
За Гризман и Дембеле не само Нејмар, туку и Ајфеловата Кула ќе ви ја дадат. А за Кутињо моментално од ПЛ може да го добиете Дринквотер.
Кутињо има позитивен впечаток оставено во ПЛ, сеуште е ценет колку толку, би рекол 50тина милиони некаде би можеле да се добијат или трампа за некој играч со приближна вредност.
Автоматски споено мислење:

Тешко гостување
Отворена игра
Со многу голови
Мое предвидување
Да беше други години да, сега не сме способни да креираме многу шанси, а за чудо дефанзивата е тро поарна, па не очекувам многу голови. Интересна работа е што со Сетко опасни сме само првите 10-15 минути од двете полувремиња, тука ако падне гол ок, после тапа. Сосема спротивно од со валерде, кога почнувавме како парни ваљак.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Кутињо има позитивен впечаток оставено во ПЛ, сеуште е ценет колку толку, би рекол 50тина милиони некаде би можеле да се добијат или трампа за некој играч со приближна вредност.
50 веројатно да, а кој играч подобар од Кутињо ќе го купиш за 50 милиони?
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.587
Поени од реакции
13.954
50 веројатно да, а кој играч подобар од Кутињо ќе го купиш за 50 милиони?
Подобро прашање е кој би се вклопил во Барса, не дали е подобар или не. Од носење играчи само по име се виде, еве го Гризман од ѕвер играч во мизерија се претвори.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Подобро прашање е кој би се вклопил во Барса, не дали е подобар или не. Од носење играчи само по име се виде, еве го Гризман од ѕвер играч во мизерија се претвори.
Ако не успеаа да вклопат играчи од калибарот на Гризман и Кутињо, тогаш поверојатно е дека проблемот е во клубот отколку кај играчите.
 
Член од
7 септември 2010
Мислења
1.178
Поени од реакции
1.278
Упорни сте со Нејмар, како да не пратите фудбал воопшто. Нејмар има 28 год ко би дошол кај нас ке има 29, што за играч на негова позиција ќе има уште 2 до 3 ефективни години во фудбалот. Од 300 утакмици во ПСЖ 150 ги има пропуштено поради повреди, родендени, карневали и сл. Што значи дека е склон на повреди а карактерно е мизерија жива. Плата ќе зема колку пола тим да ги спојат платите. Автоматски со неговото доаѓање ќе го жртвуваме Ансу Фати кој моментално е единствената светла точка во Барса. Нејмар многу повеќе ќе му наштети на тимот одколку да му помогне.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom