КАМАТИТЕ УПОРНО ОДАТ НАДОЛУ - добро за тие што сакаат кредит, но неповолно за штедачите .
Продолжуваат да се намалуваат каматните стапки. Колку што е тоа добро на страната на кредитите, толку е демотивирачки за штедните влогови.
Според најновите податоци што ги објави Народната банка, просечната каматна стапка на вкупните кредити во април годинава изнесувала 4,86 проценти. Со ова всушност продолжи трендот на нејзиниот пад, кој во споредба со еден месец претходно е за 0,03 процентни поени, а за една година намалувањето е за 0,37 процентни поени.
Просечната каматна стапка на вкупните депозити, пак, изнесува 1,11 отсто. За една година претходно тоа е намалување за 0,3 процентни поени.
Каматната стапка на денарските депозити со валутна клаузула во април изнесува 0,65 отсто, за разлика од претходните три месеци кога банките и штедилниците не примиле ваков вид депозити. На годишно ниво, оваа каматна стапка бележи пад од 0,47 п.поени.
https://faktor.mk/kamatite-uporno-odat-nadolu---dobro-za-tie-shto-sakaat-kredit-no-nepovolno-za-shtedachite?fbclid=IwAR3obVe_iOEARwZJJsHHHr3sAbmDHW9_KHNDUgz4AVAFcG6whMmC-r0jFOY