секако дека не интересира,пиши на подолго
Види,главен спонзор на Мешков,е Белгазпром Банк.
Она е 50 на 50 собственост на Газпром Банк т.е Газпром и Белорусија.Преку нејзе идат сите дилови,т.е Белорусија и плаќа на Русија за гас,и нафта кој оваа им ги доставува.
Пред 25 години имало џентелменски договор меѓу Русија и Белорусија дека цената за нафта и гас за нив ќе биде 50% поевтина.
И така и би,25 години,Лукашенко купувал ефтина нафта и гас од Русија,а продавал у Европа,по повисока цена,но сепак пониска од руската.
За ова дозна Путин,и Газпром му достави сметка за ресурси по редовна цена.
Е сеа,Белорусија и Газпром (Русија) многу дугачко се расправаат за цената на нафтата и гасот.
Лукашенко се откажа од руска нафта и почна да купува од ОАЕ нафта,а гас од Норвешка,и почна да се врти кон УСА.Ова не му се допадна на Путин,и реши да го руши.
Пошто во Белорусија има избори многу брзо,како против кандидат на Лукашенко се појави Виктор Бабарико многу угледен човек и 20 години доректор на Белгазпромбанк (спонзорот на Мешков).
По брза постапка,на него му наместија корупција и го уапсија.
Исто така ги уапсија сите активи на банката,а Газпром го најави своето повлекување од тој проект.
Денес се уапсени цел борд на директори на таа банка,меѓу кој е и А.А Мешков,газдата и основачот на Мешков,и представник на Газпром во Белорусија