Втора или трета утакмица црвен доби, или прво гол даде, па нередната црвен, не ми текнува.. али под Конте како крилест бек, може и те како да си ја врати формата, кога беше Конте на репката тренер, Флоренци играше добар фудбал...
Еспозито ако се покурчи уште малку за договорот, може да им се одмили на управата и тука го гледам неговото "жртвување" за донасање на Флоренци. Ова не е шпекулација, туку јас само си нагаѓам
Да го правевме муабетов пред година две, ол ин и јас би бил за Флоренци, веќе у неколку наврати имам пишувано за него тука, ама во моментов веќе тимов не е у состојба да пазари играчи на кои би им враќале форма, имаат пари кои можат да им овозможат купување на оние кои веќе се у форма а притоа коштаат 30 до 40м евра, зборам за винг бекови. Ова е сепак позиција која бара таков профил на играч, а не некој надвор од форма, бидејќи такви имаме за извоз на тој дел од теренот.
У моментоф Флоренци е солидна опција само за бек ап, дури и во тим што атакува на сите титули, ама ако веќе имаш високи амбиции у фудбалот, притоа имаш веќе чкарт играчи на тој дел од терен, глупо е и да ти се објаснува зашто Флоренци не е опцијата со која треба да се задоволиш, и најмалце па треба за него да жртвуваш било кого, не па некој кој ти е окарактеризиран ко најголем талент од младинскиот погон.
Сеа за сеа најмногу се шпекулира за Аталанта, со бај бек клаузула, и реално, можеби и најиделна средина за него да просперира и прерасне во супер фудбалер поради Гасперини кој е одличен со младите таленти. Башка и кинезов наш и претседникот на Аталанта со години соработуваат надвор од фудбалот на бизнис план така да реално многу лесно можат да договорат некаков дил за доброто на двата клуба. И фиорентина тука влегуваат у комбинација ради Киеза кој пак веќе може да се каже дека е профил на играч за кого можеш да жртвуваш некој младинец ама сеа за сеа никаде не пишува дека Интер имаат намера целосно да се откажат од Еспосито.
Тоа курчење од финансиски аспект не е страшно, 200 000 евра се во прашање, али Интер немаат намера да го остават да дреме на клупа уште една сезона плус и затоа бараат опција за него каде би играл и би се развивал соодветно во период од година - две. Ништо страшно ако во иднина тоа ги кошта 20м евра а притоа он експлодира, сличен дил за Адријано напраивја со Парма и оние 50-50 зделки, па он таму почна да игра ненормално добро и нашиве го вратија а притоа инвестираа доста (над 20м евра )за тие 50% сопственост.
Така да и 20м нека ги кошта давањето на Еспосито сеа иако да не заборавиме дека ако Аталанта го земе, ќе платат за него, пак ќе биде вин сценарио ако некој друг ти го развие за да у иднина он биде стартер у Интер, а у меѓувреме клубот соодветно да си се засилува. Ништо не е бесплатно у фудбал јебига, па ни ова, идеално е и да го пуштиш само на чиста позајмица ама тоа поминува кај далеку послаби тимови, не кај Аталанта на пример.