Ти ако не се најдеш прозван кој друг?
Дежурен провокатор.
Не знам зошто испревртувате зборови и забегувате во целосно други теми на муабет.
Или само да се коментира, без основа? Интересен не си.
Јас не сум инфектолог и јас не лекувам пациенти со корона. Ама се надоврзав на муабетот, дека здравствените работници ништо не работеле и биле ослободени од работа. Константно сум на работа (значи редовно си одам во смени и дежурства), никој не ме ослободил заради тоа што немало пациенти на примарно ниво. Немам право да си земам слободни денови (освен тие кои редовно ме следат) и немам право да си земам одмор.
Дополнително, работам во дом за стари лица и константо сум на располагање.
И од дома, 24/7 сум на располагање. Вибер или телефон, во секое време, за секој пациент. И тоа верувајте дека е многу потешко и поисцрпувачко, да му поставиш точна дијагноза и да му кажеш што да пие по телефон, без да го прегледаш.
Понатамошни мои коментари се сувишни на темава, затоа што ми ги испревртувате зборовите.