Настрана тоа што нема партиска структура на која што е ке се потпре, од аспект на политичкиот момент Апасиев е премногу слаб. Ако мислиш дека политика е полемизирање во парламент со Панчо Минов, Ѕинго, Ѓорчев тогаш си многу далеку од вистината.
Набрзо ке свати дека ке мора да превзема чекори и да праќа политички пораки кои нема да и се допаѓаат на публиката. Најлесно е во опозиција, критикуваш се и сешто, не сносиш никаква одговорност. Особено не како лидер на мала партија.
Политиката е перцепција. Како другите те гледаат, а не каков навистина си или какви се твоите ставови.
Го прашав нивниот член тука на форумов, дали е свесен дека се повеќе се поврзуваат со вмро затоа што ставовите горе долу им се поклопуваат и дали знаат колку гласови губат со тоа, но не добив одговор.
Верувај, ке дојде момент кога големите лидери ќе му ја измерат точката на топење. Ке му кажат ок, браво за правниот дел - јак си. Ок и за ставовите за Мк за договорите и се тоа на социјални мрежи што се палиш. Во ред е, си бил наивен си бил учесник на шарена револуција си работел за Заев, а си мислел дека револуција ќе праиш. Сега сам си ја свати лекција, затоа што ти се удри од глава.
Ке му дојде Ахмети, ке му дојде Села, ке му дојдат мафијаши љопки, ке му дојдат амбасадори. Што правиме тогаш? Тогаш ке видиме колку е јак.
Тогаш ке си види колку реалноста е друга. Па ке биде ставен на избор, да продолжи во опозиција да квака и да преживува, да нема што да смени од опозиција и пола членство да му избега или да иде со вмро.
Па после коа ке земат од партија да му бараат услуги и вработувања он да треба да оди да бара и да моли од вмро.
Сега е лесно, но брзо ке дојде моментот кога ке биде притиснат од сите страни. Секој збор ке му се следи. Нема да може да исполни се што ветил јер нема да зависи од него. Набрзо наративот во јавноста ке се смени дека е ист како другите - или попознатото "Сите се исти".
Он е тазе во политиката, а веќе зад себе има сериозни грешки кај што е лесно превеслан и еднаш сам се превесла. Тоа се две крупни грешки кои големите партии сеуште не му ги вадат на површина.