Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
конкретно нивните тестови во Јужна Кореја покажувале позитивен исход ако имало минимум околу 3000 примероци на вирусот во организмот, ако има помалку резултатот е негативен.
Вака ако е, ќе излезе дека едните рано ги тестирале, пред да се намножи вирусот во организмот.
Ова мора да е стара објава, пошто мене вчера ми закажа матичната тест за вторник, а не сум била во контакт со регистриран болен од корона, само врз основа на 40 температура веќе 5-6 дена. Во прашањата воопшто и нема веќе дали сте биле во странство... Плус, граници затворени со месеци, како може да сте биле во странство во последните две-три недели?
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
И друго. Ако се е под контрола, зошто од вчера многу доктори од внатрешноста на земјата, се повлечени на Инфективна клиника за помош?

Разбирам и избори и ретардираната им логика ама кога народот би знаел пореална ситуација, можеби повеќе ќе се грижи за себе. Или пак не ...
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.017
МАШАЛА - ЦРН РЕКОРД
Во последните 24 часа се направени 1213 тестирања, а регистрирани се 196 нови случаи на ковид-19.

- Скопје 90
- Куманово 17
- Штип 5
- Прилеп 1
- Тетово 45
- Струга 8
- Велес 1
- Битола 4
- Охрид 11
- Гостивар 8
- Крива Паланка 1
- Пехчево 2
- Свети Николе 1
- Ресен 2

Починати се осум пациенти, четири од Скопје, еден од Струга, еден од Охрид, еден од Гостивар и еден од Ресен.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Скопје, пациентка на возраст од 76 години, хоспитализиран пред 10 дена, пациент на возраст од 67 години, хоспитализиран пред 8 дена и пациентка од Гостивар на возраст од 31 година, на болничко лекување од 26 мај.
Во ГОБ „8 септември“ починаа двајца пациенти од Скопје на возраст од 43 години-хоспитализиран на 11 јуни, пациентка на возраст од 59 години, хоспитализирана на 10 јуни и пациент од Струга на возраст од 56 години, хоспитализиран на 2 јуни.
Во болницата во Битола почина пациент од Ресен на 68 години, хоспитализиран во текот на вчерашниот ден. Во болницата во Охрид почина пациент на возраст од 81 години, хоспитализиран на 10 јуни.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти.
- Скопје 3
- Куманово 1
- Штип 2
- Прилеп 4
- Велес 1
Досега во земјата се направени вкупно 42.262 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3895, бројката на оздравени пациенти е 1705, на починати е 179, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2011.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.712
Поени од реакции
88.768
Mислам дека намерно ги тролаат вмровските медиуми и им пуштаат погрешни информации. Затоа Република и НетПрес се истрчаа со над двеста.

Денес има 164 официјално.
196, скоро 200
 
Член од
18 јули 2018
Мислења
1.068
Поени од реакции
4.260
Mислам дека намерно ги тролаат вмровските медиуми и им пуштаат погрешни информации. Затоа Република и НетПрес се истрчаа со над двеста.

Денес има 164 официјално.
Не баш. Ама добро, ќе има кога-тогаш одговорност за шлапање бројки по „медиуми“ пред официјалното известување. Ама после избори тоа. (y)

 
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.231
Вака ако е, ќе излезе дека едните рано ги тестирале, пред да се намножи вирусот во организмот.
Така го сфатив, плус тоа дека размноженоста на вирусот во организмот не е стриктен показател за заболување во зависност од состојбата на конкретниот организам, односно кај некој "негативен" со мала размноженост на вирусот може да се развие болеста со сите симптоми а може и "позитивен" да нема симптоми на болеста.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.441
Поени од реакции
19.917
Некој бараше Италијанско сценарио ?? Бујрумте
 
Член од
18 јули 2018
Мислења
1.068
Поени од реакции
4.260
Некој бараше Италијанско сценарио ?? Бујрумте
Не би рекол дека е италијанско, колку што е бразилско, индиско или белгиско, ама тоа се веќе техникалии.
Италијанското сценарио имплицира дека ќе се стабилизира состојбата, што е доста храбра изјава од моменталнава позиција во која се наоѓаме.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
И друго. Ако се е под контрола, зошто од вчера многу доктори од внатрешноста на земјата, се повлечени на Инфективна клиника за помош?

Разбирам и избори и ретардираната им логика ама кога народот би знаел пореална ситуација, можеби повеќе ќе се грижи за себе. Или пак не ...
Ја сменија дефиницијата за контрола. :unsure:
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.748
Oва нема абер бе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom