..штом не можеме да направиме ехо на зголеменото меше каде се наоѓа бебчето, па да добиеме повеќе инфо околу нероденото бебе, постојат некои теории околу одредување на полот на нероденото бебе со телесни знаци, емотивни знаци на трудницата како и стари обичаи на нашите прабаби во одредување на полот како и некои тестови во домашни услови, па нека биде од све тоа по нешто, онака да се забавувате дома околу полот на бебето дали женско дали машко, иако се знае дека е најважно е да се роди здраво и право!
- зависи од позиција начинот како го носите бебчето, ако расте „стомакот“ нагоре поизразен над папокот ќе биде женско, ако расте надоле под папокот демек „ниско“ ќе биде мушко,
- ако трудницата со поставување на дланката го почувствува чукањето на срцето на бебушот туп туп туп побрзо тогаш ќе биде женско, ако лупа поспоро тууууупа туууууупаааа ќе биде мушко,
- ако на трудницата и’ се појават повеќе акни, бубулици тогаш бебето ќе биде женско, ако пак косата е „чудна“ се исправува или „не се чешла“ тогаш бебето ќе биде мушко,
- ако насабајле трудницата повраќа и цел ден е мамурна тогаш бебето ќе да биде женско,
-ако во самата бременост кога градите растат левата града е поголема од десна тогаш бебето ќе биде женско,ако десната е поголем тогаш ќе биде мушко,
-ако брадавицата е изразито темна боја тогаш ќе се роди мушко, ако е посветла ќе биде женско,
-ако трудницата често сонува дека ќе роди женско, тогаш бебето ќе се роди мушко и обратно,
- ако поставен клуч на маса трудницата го зема од главата- поширок дел на клучот тогаш бебето ќе биде мушко, ако го фати од тесниот дел или од основата тогаш ќе биде женско,
Прегледај го приврзокот 255139
-ако ги спои прстите на дланките на стомакот а тие се прави тогаш е женско - првата фотка, ако прстите на дланката се искривени тогаш ќе биде бебето мушко- втората фотка!
Прегледај го приврзокот 255140
- ако трудницата примети задебелување на едното стапало споредбено со другото или ако ги постави како фоткава, а левото стапало е „подебело“ од десното тогаш бебето ќе биде женско, ако е подебело десното стапало тогаш ќе биде мушко,
- ако трудницата спие или лежи повеќе свртена на лево тогаш бебето ќе биде мушко, ако е повеќе свртена на десно тогаш бебето ќе биде женско!
- ако трудницата има повеќе суви раце тогаш е мушко, ако има помеки раце тогаш е женско,
- ако трудницата добива малку задебелено округло лице, а носот некако доаѓа до израз дека не е веќе убава, се мисли дека ќе роди женско,
- ако иницијатор на сексот при што дојде до оплодување бил мажот тогаш бебето ќе биде машко, ако била жената иницијатор на сексот, бебето ќе биде женско,
- ако сопругот добива во тежина, посебно во делот на стомакот, додека неговата жена е трудна се мисли дека таа ќе роди машко бебе,
- ако трудницата во исхраната е по киселото, соленото посебно јагоди се мисли дека таа ќе роди мушко, ако трудницата е повеќе по благото тогаш ќе биде женско, ова важи ако се нови навики потенцирани во исхрана, а не ако цел живот сакала благо или солено, тогаш не важи...
и на крај еве два теста кои можете дома да се забавувате со партнерот околу тоа што пол ќе биде новороденото, едниот е со сода бикарбона и утринска урина,
промена на површината со бели меури укажува на мушко, ако не се случува ништо со површината, нема никаква реакција тогаш е женско,
а другиот е т.н. „pendulum test“ тестирање со нишање на некој врзан предмет (најчесто прстен) над стомакот, ако предметот кружи над стомакот тогаш е женско, ако предметот се движи лево десно во права линија тогаш е мушко!
...затоа
@Crazy.M.Girl &
@Agda Beata земете тоа тефтерот и пенкало и ставајте по една црта соодветно под машко и женско според горе наведеното, таму каде ќе имате повеќе црти се смета дека така ќе биде полот...забавата е ваша!