- Член од
- 12 март 2015
- Мислења
- 1.569
- Поени од реакции
- 3.215
Те разбирам.Е добро, тој мој еден глас да не ке значи нешто? Сите добро знаеме дека овде луѓе се бават со политика поради интереси, никој не сака да собере група интелектуалци и да напише на лист хартија, чекај прво ова ке менуваме и тоа да го достави до народот. Друга работа партииве си имаат овци додека истите се вработуваат во државна администрација и ако Апасиев освои 5-6 гласа, пошто повеќе не може поради овциве ке мора да влезе во коалиција со некој од двете нјголеми партии. Ако ме разувери некоја партија, ке го повлечам гласот и доживотно ке гласам за неа, па макар после тоа лоши потези правила, ама за жал таква нема, ниту ке постои.
Апасиев конкретно, АКО освои 5-6 пратеници со ваков поразителен изборен модел ќе биди = на ЧУДО!!!
НО, кога конкретно него го земаме пример како чоек шо ќе освои највеќе гласови во тој трет блок (без разлика дали ни се свиѓа сам апасиев ко персона или не) СУПЕР е да влези во собрание.
Зошто?
Две сценарија:
1. Добива едно пратеничко место, неговото и останува вечна опозиција АМА уши ќе им изгризи за криминали и сФе остало на било која влада - чоекот е роден пљампач, оратор.
2. Замисли има 5 пратеници. Ќе му жежи и на вмро и на сдс за мнозинство па ќе му нудат влез во влада. Дали ќе оди или не, негова процена. EITHER WAY (особено ако влези) главна цена шо ќе треба да ја платат ќе биди промена на изборен модел - за шо јавно се залага од ко памтам. Со промена на изборен модел заборај дека ќе имаш гомнари за пратеници, дури и во самите вмро-сдс ќе се исфилтрираат луѓе кои вредат, а да не прајме муабет дека овај народ не знај ништо друго освен да гласа против па така кога ќе им паднат враце има масовно да се гласа за некој шо му ги даде на тацна - читај тука апасиев.
Тој по секој основ е win, прашање е колку ние сме свесни за тоа и што ќе правиме.
А ШТО МОЖЕ ДА НАПРАВИМЕ ЈАС И ТИ?
Тоа што правеше пола форум (абе каква пола, добри 80%) пред само три-четири години кога беше шарено обоен. АГИТИРАЈ!!!
Пиши тука, туркај ја идејата за трета опција, секојдневно разговарај со твои другари, роднини, пријатели.... СИТЕ сме поврзани преку социјални медиуми, крај краева крени им телефон.
Наместо лагодно да се помириме со судбината треба да прифатиме дека со променет мајндсет, трпрние и работа може да се смени МНОГУ!
Од тоа и се плашат.
Е сега, на форум нема да најдеш многу поддршка - од очигледни причини (пошто тие шо го поддржаа зајакот и шарените па најдоа работно место ради тие "заслуги" веќе ги нема - да не редам јузери, ги знаеме сите. Исто, тие што останаа НЕМА да пишат кон/за оваа идеја или воопшто да пишат било што бидејќи треба да исркаат се' што дробеле претходно - исто ги знаеме, не мора јузери. Хинт: добро е што нежните админски газиња не ја избришале темата па секој заинтересиран може да си прочита кој и што кажал не така одамна),
Случувања во Македонија (Генерална дискусија)
Панчевски со убави изрази за благодарност до неговото височество Гувернерот на Северџистан! (да се однесува за гувернерот на НБРМ) Почитување екселенцијо, Огромна благодарност за вашата поддршка кон “мојата држава”, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА во која се родив во која се родиле и живееле моите...
forum.kajgana.com
Ситуацијата е напета, вируси, карантини, криминали, катици, бокиевци, вициња, заевци, промена на име, тирански платформи, убијци на деца и крминалци на слобода.... бугарофилска мпц.
ИМА многу штоф (шо би рекле старите) кај што можи да влијаеш и да придобиеш луѓе да излезат и да си ги земат работите во свои раце - за прв пат.
АКО не, ќе биди како за референдумот - мочање од ќерамиди.
Сдс пак на власт, албанец или не за премиер - небитно, и онака се' е нивно веќе. Промена на знаме и химна, договор конечен со бг и капак на се' федерализација - која практично и ја имаме на терен од 2001 наваму.
Јас тоа правам, агитирам, а би требало и секој од нас - за свое добро.
Форумот ни е тука, ќе се читаме после избори пак, да не биди после абе знаев брат јас од ова држава не бива, пак тепа жмицко/зајко...
Тепа, ама има шанса за пар години да ги дотепаме, а погоре напишав како. (најбезболна варијанта)
Последно уредено: