Хлорокинот (
Chloroquine phosphat) и хидрохлорокинот (
Hydroxychloroquine) се антималарични лекови,
но до денес најдоа примена при автоимуни болести како што се реуматиден артрит и лупус, како и при некои типови на алергии!
за да денес, барем во Франција Hydroxychloroquine може да се примени кај пациенти инфицирани со коронавирус COVID19 во болнички услови под строга лекарска контрола!
Но, и покрај неодамнешните јавни одобренија за употребата на овие лекови за третман на коронавирус COVID19 сè уште се во експериментална фаза поради нецелосна ефикасност и затоа не треба да се користат дома за лекување или спречување на COVID19.
Чудно е оти истражувањата од институтот кажуваат друго.
No cardiac toxicity was observed.
И сеа на кој да му веруваш?
Хлорокин и хидроксихлорокин во моментот се даваат на некои потврдени позитивни хоспитализирани пациенти со COVID19 кои имаат потешки симптоми, плус еден или повеќе фактори на ризик и овие сериозно болни пациенти веќе можат да бидат на „вентилатор“ за да се помогне дишењето, овие пациенти се поврзани со постојани монитори на срцето и исто така добиваат сериски електрокардиограми (електрично следење на срцето) за да се откријат евентуално абнормален срцев ритам пред да станат опасни по живот, па се прекинува со терапијата доколку се покаже со ЕКГ абнормален срцев ритам со животнозагроувачки ризик!
...исто така кај пациент кој е поставен на „
вентилатор“ не може да му се процени другите сериозни несакани ефекти на лековите, како што се промени во видот и слухот, невропсихијатриски појави и интензивно повраќање.
Хлорокин и хидроксихлороин имаат големи интеракции со други лекови кои можат да го стават пациентот на уште поголем ризик од абнормален ритам на срцето... на пример, најчесто се користи антибиотикот - азитромицин, исто така, се испитува за можна корист во третманот на СОВИД-19, но има позната голема интеракција токму на тој антибиотик со лекови, па и со хлорокин и хидроксихлорокин, така да секогаш кога ќе се додаде нов лек, ризикот наспроти придобивките од постојната терапија на лицето мора да се преиспита.
... така да пациентот кои се позитивни на коронавирус, а имаат и друга хронична болест за која редовно примаат терапија понекогаш треба да се прекинат целосно СИТЕ лекови привремено и потоа да се започне со примена на хлорокин или хидроксихлорокин што би било штетно и уште поризично моментално да се прекинат вообичаените лекови што до тогаш ги пиел пациентот, со што секоја ситуација е различна и треба да се одлучи за секој пациент посебно!
...од тука различен пристап и малку збунувачки дали делува или не делува, дали е штетна или не е штетна таа комбинација или само примената на хлорокинот кај пациенти со коронавирус СОВИД-19!
инаку стереоизомерот на
хинин е
хинидин(изолиран исто од хининово дрво Cinchona pubescens) тие имаат антималарично и антиаритмичко дејство, само што кај хининот повеќе доаѓа до израз антималариското дејство, а кај хинидин антиаритмичкото дејство!
...(
Quinidine sulfate) хинидин сулфат, чиј состав на лек беше прва генерација на антиаритмици (за лечење на предкоморна фибрилација и вентрикуларна тахикардија), но поради наглата ендогена дилатација и доведување до брадикардија како и можност да самиот предизвика аритмија поради продолжување на QT интервалот денес веќе не се применува како антиаритмик!
... историски, на времето хининот беше применлив за све и свешто споредбено со денешниов аспирин!