Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Абе нека му е со среќа, тоа е. Небитно, немаше во Ливерпул за кило семки да игра. Можеби платата немаше да му биде толкава али пак, немаше да биде ни на 50к ебаго.
Иначе @Ron Burgundy на апаратима, Фирмино број еден 9ка и следна сезона.
 
Брат, колку и да ти е разумен постот, нека се ебе, многу сум напнат. Фан базава е со нервен слом, сите го чекавме и мислевме дека е done deal. Лани не купија никој, мора да обноват нешто, не може трета сезона со исти играчи, не е тоа поентата. Се слагам дека многу повеќе треба да се инвестира во средина, плус и одбрана каде што Ловрен цепеницата ќе си оди ама пак, се надевавме дека Тимо ќе дојде.

Не знаев дека е толку критично помеѓу вас бе. Мислев дека е ,,ако биде, биде".
Сепак, ако се решат на крајот и за шпиц, повторно имаш опции на пазарот. Осимен од Лил е реална и добра опција. Во гегенпресот на Клоп би функционирал прилично добро. Тој вака ми иде веднаш на ум.
 
Доста ги тешиш бе :D
 
Па, не дека е критично ама даваше опција каква што ја неаме до сеа. Боби е 9ка што игра како 10ка, повеќе разигрува него што е напаѓач и тоа одлично функционира, но со Тимо ќе ја имавме и другата опција доколку беше потребно. Е сеа, зошто Клоп се одлучил да не прати понуда, не знам. Можеби е гејм тајм, можеби е финансии. Лајпциг и Ливерпул имаат одлична релација, не верувам да се натегале нешто, дури како опција се спомнуваше да го купат и да го остават една сезона, како Наби.

Ќе видиме, сега тек ништо не се знае, дали воопшто ќе купува нешто во нападот.
 
Желба на Вернер е да замине во Ливерпул, но Ливерпул иако беше прв и нај загреан за Вернер олади поради некоја причина. Од Интер и Челзи, мислам дека го преферира Челзи иако би сакал да дојде во Интер, но мора да признаеме дека италијаните знаат да направат бизнис, ги бива за преговори, можеби и најдобри се во европа.
Овој Интер на чело со Марота е спремен за бизнис, односно би продал за добра цена а и знае како да продаде, претходните раководства не сакаа да продаваат иако знаеја дека веројатно ќе им се одбие од глава, Марота е искусен и ретко прави утки.
Исто како Икарди, ја би сакал и Лаутаро да го продадат бидејќи верувам дека ќе свртат добар бизнис за Интер. Со продажба на Лаутаро Интер би добил 3 играчи, играчот што ќе го трампа Барса за да не плати полна цена, Вернер пример да му се откупи клаузулата и ќе остане некој кусур од 30м за некој бек пример или некое дете од Аргентина.
 
Доста ги тешиш бе :D

Навистина немав идеја дека толку го посакуваат трансферов.
Туку, не претај ти многу, да не кренат слушалка во последен момент па да треба по јубилеен 16-ти пат да го избришам јузерот.
 
@Peja989 мислиш ли дека Вернер би прифатил да дели минути со некого и да биде втора виолина. Фирмино е неприкосновен уште некоја година во форот на Ливерпул. Здрава конкуренција добро би му дошла, ама мислам дека по разговорите меѓу Клоп и Вернер работите се водени по таа насока да Вернер бара првотимски статус, поготово во година пред ЕП. Платата настрана ја редам...200к за втор напаѓач е многу искрено.

Од друга страна, Челзи го има Абрахам кој имаше одлична сезона и мислам дека има уште потенцијал за прогрес. Вернер и тука ќе има сериозна конкуренција ако бидеме објективни, можеби смета дека има повеќе шанси да избие пред Абрахам отколку Фирмино. Не знам какви планови би имал Лампард со Абрахам при ваков трансфер.
 
Само што единствена опција му е Челзи во моментов, не дека бира меѓу двата клуба. Ливерпул и во последен момент да се вклучи, таму ќе отиде. Доволно јасен беше со јавните молења да го земат.

А за во Челзи ептен беше потребен уште еден напаѓач на добро ниво. Ќе се натпреваруваат со Тами и тоа ќе им помогне на двајцата. Може да делат минути (доколку двајцата играат на ниво), а може ќе проба Лампард и заедно да ги игра.
 
И мене навака ми оди муабетот ама ај, да не бидам sore loser.
Си напраиле муабет, ми објаснил ваљда дека нема да биде прва опција, не е возможно, поготово не во прва сезона, плус како што имаш и пишано Боби е неприкосновен за играта на Ливерпул.
 
Ако сака да бега од Лајпциг ова лето, а сака...точно е дека со оглед на тоа што лично сметам, а и можеби од Ливерпул така гледаат дека не можат да му понудат првотимска опција. Него му е битно тоа пред ЕП.

Здрава конкуренција е многу важна и за Абрахам и за Вернер, само пак ќе кажам првотимскиот статус не му е загарантиран под автоматизам во Челзи. Абрахам покажа одлични партии и видливо е дека има простор за сериозен прогрес кај него. Вернер доаѓа од друга лига и ред други фактори ќе влијаат, иако тоа не е пресудно и може да биде карактер кој ќе пукне од прв меч.

И мене навака ми оди муабетот ама ај, да не бидам sore loser.
Си напраиле муабет, ми објаснил ваљда дека нема да биде прва опција, не е возможно, поготово не во прва сезона, плус како што имаш и пишано Боби е неприкосновен за играта на Ливерпул.

Таа е логиката според мене. Сигурен сум дека Клоп со две раце би го зел Вернер во моментов, ама нереално е да има минутажа како во Лајпциг. Заради Фирмино, заради адаптација во ПЛ и системот на Ливерпул. И нема друго објаснување зошто Вернер не оди во Ливерпул. До вечерва скоро бев убеден дека ќе заврши кај вас.
Како што пишав и погоре исто така не верувам дека ни во Челзи ќе му го отстапи Абрахам толку лесно местото.

Според мене многу попаметно ќе му беше да остани уште една година во Лајпциг каде што добро му оди и по ЕП да бира клубови кои ќе се тркаат по него и со првотимски статус и со плата.
 
Абе нека му е со среќа, тоа е. Небитно, немаше во Ливерпул за кило семки да игра. Можеби платата немаше да му биде толкава али пак, немаше да биде ни на 50к ебаго.
Иначе @Ron Burgundy на апаратима, Фирмино број еден 9ка и следна сезона.

И ти ќе бидеш кога нема да има кој да даде гол
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom