Желба на Вернер е да замине во Ливерпул, но Ливерпул иако беше прв и нај загреан за Вернер олади поради некоја причина. Од Интер и Челзи, мислам дека го преферира Челзи иако би сакал да дојде во Интер, но мора да признаеме дека италијаните знаат да направат бизнис, ги бива за преговори, можеби и најдобри се во европа.
Овој Интер на чело со Марота е спремен за бизнис, односно би продал за добра цена а и знае како да продаде, претходните раководства не сакаа да продаваат иако знаеја дека веројатно ќе им се одбие од глава, Марота е искусен и ретко прави утки.
Исто како Икарди, ја би сакал и Лаутаро да го продадат бидејќи верувам дека ќе свртат добар бизнис за Интер. Со продажба на Лаутаро Интер би добил 3 играчи, играчот што ќе го трампа Барса за да не плати полна цена, Вернер пример да му се откупи клаузулата и ќе остане некој кусур од 30м за некој бек пример или некое дете од Аргентина.