Помош, проблеми, прашања, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
SSD-то го живнува секој компјутер -тоа е докажана работа :).
За B590-ката ти треба 12,7мм кеди
https://www.anhoch.com/product/37727/ssdhdd-caddy-for-notebook-odd-slot-127mm
Тастатура види на алиекспрес или од некој растурен компјутер по огласи. За промена сигурно знаеш еден флет е само во прашање.
Батерија нормално е за компјутер од 2013 (па и добро издржала), ако се разбираш да ја расклопиш батеријата, леткумот во рака и да смениш 6 келии (јас така си ги репарирам), ако не пак алиекспрес.
За факс ќе ти врши работа без проблем, игриците му се проблем..така да без грижа.
Кај наоѓаш нови келии (или искористени)?

Има некој користено Хепи картица од Нептун?

Што е дилот со нејзе?
Ја вадиш и имаш попусти со истата, прсктично се што даваат на попуст им е со картица, годишно нема чланарина (ја плаќаш само картицата некои 300 ден мислам беше - не ме фаќај за збор) и од тоа што купуваш имаш бонус на неа кој ќе можиш да го искористиш при следно купување
 
Кај наоѓаш нови келии (или искористени)?
Користени а сеуште исправни 18650 наоѓам преку едно другарче што работи во сервис (од растурени батерии), но претежно купувам од aliexpress или ebay (од малку поскапите, ефтините се фејк во mAh). Кај нас се ненормално скапи (конкретно логинг).
 
Човече. Денес му го средив лаптопот, и лудило.
Никакви проблеми, ништо.
Инсталација на Windows за неполни 15 минути, дури можам да кажам дека за апдејти чекав повеќе :D, ама тоа е Microsoft...
Инаку да SSD - то партали прави, му го наштелував со соодветната програма, и лета.
(у линкови ги стаив оти пРикАчЕнИоТ пОдАтОк Е пРеГоЛеМ)
Ајде здравје, може и јас вакво ама m.2 250 GB или 512 ќе земам (имам m.2 слот на матичната), а Kingstonot ќе го вметнам у стариот лаптоп да му го продужам животот.

Инаку за Lenovo B590 колкав Caddy ќе треба да земам?
И каде ќе ме кошта да сменам тастатура најевтино? Прашање е само за 1 копче, ама од Леново Македонија, и од други продавници ми кажаа дека цела тастатура ќе требало да се смени?
Батерија вреди ли да менувам? Оти вака дали едвај пола саат држи? Купен е лаптопот во 2013 - та и планирам за на факс да го користам, мислам за општи работи дека ќе ми врши работа, а и сега со SSD - то ќе има разлика сигурно. Да не зборам тоа што има 12GB DDR3 рам меморија, и опција за надоградба до 32GB, because why not.
Јас тастатура зедов од кај овие (2000ки) пред 2-3 години на лаптоп што веќе не го користам, ама не се погоди. Спејсот требаше да го лупам по 3 пати за да проработи, копчињата беа далеку потешки од претходно и ми ја успоруваше многу работата, па фатив си купив убава екстерна тастатура. Така да ако не го носиш на факултет и да мора да пакуваш тастатура во ранец, јас би си земал екстерна, наместо 2000ки да фрлам за кинеско ѓубре кое ќе ти ги кини нервите.
 
За екстерна имам. Кога одам надвор од Скопје така го зимам ама голема тастатура не е баш компактно за носење. Имам и помала со тач ама сепак ќе треба да ја сменам онаа на лаптопот. Ги букмаркнав и ќе им се јавам кога ќе можам да средам.
 
Кај наоѓаш нови келии (или искористени)?

Ја вадиш и имаш попусти со истата, прсктично се што даваат на попуст им е со картица, годишно нема чланарина (ја плаќаш само картицата некои 300 ден мислам беше - не ме фаќај за збор) и од тоа што купуваш имаш бонус на неа кој ќе можиш да го искористиш при следно купување
Имам кеш на картица но не верувам во кеш плаќање се додека постојат рати и кредити кои се корисна алатка ако човек знае да ги искористи.

Се мислев да пазарам од кај овие но се ми излегува таа хепи картица која не е преобјаснета.

Фала во секој случај, треба една тема на форумов за овие работи.
 
Zdravo ve molam za sovet dali bi imal problem da vgradam graficka karticka na 290w napojuvanje od dell kartickata e postara se raboti za r7 240 4gb
 
Каде можам да најдам VGA to RCA кабел кај нас? Ми треба за да поврзам лаптоп со стар прожектор. Не успеав да најдам онлајн во логин, анхоч, нептун, сетек, па ако знае некој, слободно.

Фала ви.
 
Каде можам да најдам VGA to RCA кабел кај нас? Ми треба за да поврзам лаптоп со стар прожектор. Не успеав да најдам онлајн во логин, анхоч, нептун, сетек, па ако знае некој, слободно.

Фала ви.
Ако си расположен да лемиш, купи си компоненти и по шема (имаш на интернет).
Ако мислиш само на кабелче во Кина се по 1-2 долар (тоа се оние без електроника, што во твојот случај лаптоп према проектор нема да функционира, бидејќи се различни сигнали), тебе ти треба со електроника, кај нас во продажба не сум сретнал одамна. Како и да е, јави се во Логинг и да немаат готов производ, се надевам ќе ти го изработат во сервис.
 
Последно уредено:
Иам слушалки Sony MDR-XB950B1. Се обидувам да ги поврзам со ПЦ, ама ПЦ не ги наоѓа. Матичната има БТ, истиот е вклучен, ама слушалките не ги гледа. Истите работат, и без проблем се поврзуваат со мобилен. Чепкав низ нетов, но слабо од помош. Некој со сличен проблем некогаш да се соочил, како и зошто не се гледаат ПЦ со слушалките, и ако да, како е среден проблемот?

p.s. Целта е да се повзат вака, за доколку е можно, работат и слушалки и микрофон.
p.p.s. Доколку БТ е проблем, како да го средам(реинстал). Не видов дека го има у Programs and Features.
 
Барај на сајтот од матичната, или симни програмче некое ако има од самиот производител.
Не би требало.
Основно и златно правило, еве и кај мене кога работам со луѓе, кога им средувам, секогаш е да се имаат најновите (Windows) апдејти симнато, и сите соодветни драјвери за тој уред.
Од кога тоа ќе се потврди како средено, тогаш идемо даље.

Еве на другарчето, тоа со SSD - то што му го средив лаптопот, Windows - от сам му ги најде драјверите за блутут, и сам си ги симна. И му работат перфектно он мислам Sony блутут слушалки имаше, само Discord што е малце баговит, мора да ги мењава рачно.

Немаш у system tray (таа малата стрелка у близина на часовникот доле десно) икона на блутут? Ако ја немаш ондак ти фали некој драјвер, или нешто не ти е соодветно симнато.
 
Немаш у system tray (таа малата стрелка у близина на часовникот доле десно) икона на блутут? Ако ја немаш ондак ти фали некој драјвер, или нешто не ти е соодветно симнато.

Има икона од БТ доле десно. Пробував on/off. Тоа не е проблем.
Си наоѓа телевизори и дома и по комшии, ама слушалкиве никако.

Не знам дали е можно со усб кабел да ги поврзам и да добијам тоа, со оглед на тоа што ни звук не вади преку усб. 3.5мм си работи, ама само слушалки.
 
Иам слушалки Sony MDR-XB950B1. Се обидувам да ги поврзам со ПЦ, ама ПЦ не ги наоѓа. Матичната има БТ, истиот е вклучен, ама слушалките не ги гледа. Истите работат, и без проблем се поврзуваат со мобилен. Чепкав низ нетов, но слабо од помош. Некој со сличен проблем некогаш да се соочил, како и зошто не се гледаат ПЦ со слушалките, и ако да, како е среден проблемот?

p.s. Целта е да се повзат вака, за доколку е можно, работат и слушалки и микрофон.
p.p.s. Доколку БТ е проблем, како да го средам(реинстал). Не видов дека го има у Programs and Features.
Проба вака?

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
 
Не бива никако. Прашање кое можеби ќе биде глупо, но неам појма околу ова. На google пишува за backward compatibility, ама може да значи за обратен случај од мојот. Матичната има 5.0 БТ, додека слушалките се 4.1(google). Телефонот се поврза со ПЦ, преку бт, пробав да префрлам песна како тест, идеше успешно. Ама тука изгледа BT верзиите прават проблем. :cautious:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom