Се сложувам дека ова е непотребна пракса во време на корона.
Сепак, колку заболени и кластери од ова добивме?
Новиот бран не е резултат ни на лажичиња ни на литијата, туку на ифтарски вечери (многу почести и помасовни од шетањето по улица воСтруга). Затоа бројот на новозаразени е накај 90% муслимани, највеќе Албанци и нешто Роми и други.
Најголем број на заразени има токму таму кај што јавно и смело се прекршуваше полицискиот час (што не е случај со литијата во Струга и причестите).
Така да, дури ни некој опериран од објективност како тебе или Пуно, би се сложил со тоа (не јавно, туку во себе си), од каде и зошто доаѓа новиот бран.
Многумина молчат кога се спомнуваат одржувањето на литургиите во време кога црквите требаше да бидат затворени. А ти сакаш да ги оправдаш велејќи дека немало заболени од нив, па уште си сигурен во тоа без да поседуваш никакви податоци, исто како што велиш дека 90% од заразените во Чаир биле албанци.
Легалист, повикуваш на превенција, носење опрема, држење социјална дистанца, почитување на сите одлуки на Владата ... ама во ред било овие што прават по црквите (прекршување на сите препораки) бидејќи ете во црква никој не се разболел.
Зарем руски рулет ќе играме ?
Првиот бран ги погоди македонските средини, со мало пребарување, еве што добиваш:
27 март 2020, број на заразени :
Карпош - 27
Кисела Вода - 20
Гази Баба - 20
Центар - 20
Ѓорче - 11
Аеродром - 8
Сопиште - 7
Бутел - 5
Чаир - 3
Илинден - 2
Сарај - 0
Не дека албанците почитуваа препораки, туку играа руски рулет и имаа среќа не им пукна вирусот, ама ете сега им дојде моментот.
Третиот бран можеби ќе биде во црквите, бидејќи ни 1% не држат маски и дистанца, бакнуваат иста икона и користат една лажица.
И ти си опериран од објективност и тоа многу одамна.
Јас реков дека албанците во поголема мера не ги почитуваат мерките, тоа се должи и на начинот на живеење, голем дел албански фамилии особено по селата имаат отворени врати со роднините околу себе, и можат да поминат од едно маало во друго без да излезат на улица.
Маалските дружби кај албанците се поголеми. Во албанските средини има повеќе млади лица. Кај муслиманите има поголем број на извршувачи на верски обреди. Кај албанците има поголем број на такви што дремат по кафичи.
Мерките за борба против коронавирусот особено го погодуваа начинот на живот на албанците или муслиманите.
Лесно му е некому што и пред коронавирусот држел социјална изолација. (не ги знае ни соседите)
Прееска ти реков дека конечно го впери прстот во право место, а тоа се институциите, тие треба да се борат со сите прекршители и да не дозволат : 1.Причесната лекува 2.Од денес коронавирусот умре 3.Коронавирусот е заради 5г мрежата ... Да ги стават во опасност останатите граѓани.
Тие што се спремни на руски рулет, треба да имаат две опции : Зараза+казна или само казна. Ама казна секако. Има многу граѓани што не веруваат во коронавирусот, тој не се плаши од вирусот, тогаш само со силата на законот можеш да го натераш него да ги почитува мерките.