Срам сме на балканот и во европа, голем срам, има ли друга земја која беше со тенденција на намалување на заразените када вака нагло почна да расте бројот, не ми текнува на таква, едино Русија мислам имаше слични трендови.
Па уште избори од уста не ги вадат, секој трет функционер им е заразен или во изолација, ептен им се удри од глава толеранцијата на беззаконието на албанските наши сограѓани, сега скапо ќе ја платат, ама и сите ние за жал.
Олеснетите мерки ќе мора да се ревидираат, гледам казнувањето за маски неносење е неколкукратно зголемено, сигурно се размислува и на повторно затворање на угостителските објекти, одлагање на отварање на градинки, школи и граници, додуша за последново ние може слободно да ги отвориме, со репутацијата што ја изградивме последната недела нема држава што ќе пушти наши државјани да стапнат на нивна територија,