Муабетот е ептем подценувачки за играчот. Најмногу скоринг поени во лигата со 20 години. Во лигата играат и играчи како Левандовски па никој не го оспорува ако даде три гола со Падерборн. Затоа се важи нели цела сезона а и предходната. Ете ПЛ ќе продолжи да игра ќе течат парите од тв-правата. Не мора многу стискање, нели.
Левандовски е друга категорија. Ама убав shlagvort ми даде со него. Да не бидам груб, ќе омекнам со тоа што ќе го изземам Баерн Монако, но потсети ме кои големи играчи Бундесот продуцирал во последнава деценија? Еве, кажи ми. Мене не ми идат воопшто на ум.
Неспорно е дека Санчо е талент и добар млад играч. Да го тврдам спротивното би било инает. Но, но...колкумина такви фудбалери произлегле од Дортмунд и од цела германска лига, кои подоцна се покажале како просечни, малку натпросечни и тотални промашувања? Многу.
Во ред е статистиката, штом е компетитвно натпреварување, не можеш да го занемариш целосно. Ама, Бундесот друже...мислам, лига во која Лајпциг секое коло и на секој противник освен Баерн, трпа по пет комада. Исто како Волвс секое коло да трпа по пет комада во Премиер Лига.
Затоа сите тие играчи од германско се земаат со резерва. Од Бундес се купуваат само проверени фудбалери. Од типот, Балак во Челзи, или сега некој да го собере Левандовски. Во спротивно, мачка во вреќа. Ништо помалку ризично отколку од холандска лига.
Исто многу важно, нереалниот хајп за Санчо. Англичанец, со фина бекраунд приказна ,,не ме сметаа за доволно талентиран во Англија, дојдов сега овде да им покажам на сите кој сум", стрпај по некое парче на непостоечки одбрани, бидувај малку општествено одговорен, Џорџ Флојд, ти реков, ми рече и оп - насловна на Скај Спортс без проблем. Се создава впечаток дека се работи за Меси, во прајмот.
Баслословните суми што ги бара наводно Дортмунд, а и ти овде што се расфрлаш, дури и во овој маркет не се реални. Една сезона добра во Бундес, не ти носи 100 милиони. Извини.
Троцифрени суми, само за генерациски таленти. На пример, Мбапе.
Мене Санчо не ми е генерациски талент (повторувам, лежи добар потенцијал во него) и затоа ниту ми вреди толку, ниту би платил толку.