Проблемот е во тоа што пред месец и пол се достигнуваше пикот и беше очекувано да има голем број на новозаболени, додека денес, после полициски часови, карантини, мерки и слично, се дозволи заради нечии примитивни размислувања да пропадне целиот труд од 2 и пол месеци за само 2 недели.
Додека сите во регионот ја имаат релативно ставено под контрола целата ситуација и можат да размислуваат за олабавување на мерките и слично, ние сме единствените кои имаме секојдневен пораст за новозаболените, а во исто време збориме за олабавување и избори и не знам што. Класична шизофренија, на која сме сведоци последниве 30 години. За жал, ни ваква криза не успеа да направи суштински промени во некои трули работи во општествово...