Една работа не ми е јасна...редовно ве читам сите овде на темава што пишувате, значи 133 страни испишани...Зарем навистина очекувавте епидемијава во нашава држава да ја снема??
Зарем имавте надеж дека ке куртулиме од заразава познавајќи го нашиот менталитет на чурук народ, недисциплиниран, несовесен, не одговорен, без свест, без одговорност за себе и за другите....народ на кој треба некој да му стои на глава и да го притиска со разноразни мерки за да биде дисциплиниран(а и тогаш не е)???
Појдете од себе, погледнете во своето мало, погледнете во парковите, дворовите..како само неодговорно се однесуваме, ама сите очекуваме од другите да бидат примерни...само се надгледуваме, се натпреваруваме, инаетиме...никој не ни е крив, ни власта, ниту некоја партија или религија....едноставно сме неодговорни токмаци на кој ни нема крај....
