- Член од
- 14 август 2018
- Мислења
- 4.840
- Поени од реакции
- 10.770
Еве јас би предложил нов мит за разработка,иако уште многу имам да ти одговорам по претходната точка.Сите империи правеле зулуми, кои повеќе кои помалку, и Руска и Шведска и Холандска и Америчка но проблемот е што во нашиве краишта се оддржува митот за добриот, фин, културен, начитан рус кој шири култура наоколу, па дури и кога се бори, тој не може да помисли да силува...
Ех, си постои историографија, за време на најтешките денови на Теророт, кога глави се тркалале секојдневно по плоштади во Франција, вкупно, за сите револуционерни години 1789-1804 имаме 16.400 гиљотинирани лица.
Вартоломејската ноќ и погромите на протестантите низ 17.век земале 110.000 животи.
Тоа се страшни бројки, но споредени со само еден дел од советската Историја, Холодомор = споредбите се смешни.
Британија ја ставив веднаш зад СССР баш поради Индија и психопатот Харис.
Маркиз де Сад пишува фантазии, сфаќаш? Романи, значи не опишува реалност него сопствени фатазии, ако се знае дека поголем дел од животот го минал во лудница...
Твојот културен рус Владимир Набоков пак, ја напишал Лолита, па сеа види ти кој е позабеган
На темава досега гледав да ги видиме и анализираме митовите околу втора светска војна.
1.Наводното кукавиштво на французите
2.Праведните, светците и мачениците од СССР
3.Оправданоста на масовните бомбардирања вклучувајќи и атомските на сојузниците или воен злочин.
Допревме и многу други теми, но засега добро оди, првата и донекаде третата тема беа одлично апсолвирани, малку заглавивме и никако да одглавиме од втората
Зошто некој друг не предложува некој мит, или тематика, пример, дали техничката супериорност на германците била мит или не, јас неколку пати сменив мислење и сега имам компромисно, што се однесува до авијација и ПВО без никакво сомнение биле далеку пред сојузници, но пешадија и оклоп не баш, а морнарица, скоро ништо.
Добредојдени се ваши гледишта околу овој мит.
-Дали навистина Луфтвафе имал супериорна машинерија над Сојузниците или можеби се работело за нешто друго(професионализам,селекција,тренинг,подобра стратегија)!?
-И како дополнување на истата точка,1944-45 и митот за германските млазњаци,кои од друга гледна точка воопшто не се покажале,а според некој дури и биле инфериорни во однос на Сојузничките пропелерци!?