C
CoolIris
Гостин
Има многу лоши одлуки...Не мислам дека некој ќе ги спомне кафаните во оваа фаза, јасни се жариштата. Не знам само како со овие бројки треба сега да седнат и да направат план за пуштање на градинките... Ама верувам дека една од најлошите одлуки до сега се пензионерите со слободен превоз.
1. Прогласување победа над вирусот со по 30/40 заболени и по 3 мртви на ден.
2. Планирање на избори.
3. Отварање на градинки.
4. Пензионери со слободен превоз.
5. Отварање кафичи/кафани -> жалам, навистина жалам за сите кои заработуваат на овој начин и живеат од угостителство....ама одговорноста треба да се бара кај надлежните! Помош мора да има за овие луѓе!
6. Студенти, испити ќе полагаат со физичко присуство (ова мислам дека најмногу треба да не загрижува).
Полиција спие, образование спие.... здравството на чекор од крахирање....
Војската не знам каде е во цела оваа ситуација...